Ко што видов во историјата што ми ја дадоа времиња проверуваат во припремата пред пораѓај, за хемостаза не сум сигурна а ддмери немаше. После пораѓај не прават крвна слика, јас ко прашав ми рекоа демек ако инсистираш ќе направиме, ама тоа ќе биде плус
Мене во Ремедика ми правеа крвна слика и по пораѓај . И хемоглобинот намален ми беше ми даваа тотхема и ништо не ми наплатија.
Аха епа и јас така разбрав кај секој различно некои платиле некои не, а времиња на хемостаза чим има тоа е тоа тромбинско време протромбиско итд..
И јас не издржав до следна недела, сабајле ми пукна водењакот и ме породија. Не стигнав да купам за бебето алишта, сега маж сам нека спрема.
Па се договоривме со Стојковски за следна недела, ама сабајле кога ми пукна водењакот докторот бил на викенд надвор од Скопје и ме породија Др. Афродита Стомнарска и Др. Симонида Котларова. Двете беа на царскиот. Се надевам дека добро ме средиле.
Блиска моја имаше тежок царски кај Афродита, животот на конец и висеше и неа и на бебе, ептен е задоволна како пројде со неа. Со Котларова ете имаме многу членки со позитивни искуства. Не го мисли веќе тоа, сега гушкај се со бебе и уживај Брзо опоравување на тебе
Со лесно на сите тазе мајки и на сите кок очекуваме скоро гушкања со срценца. Ме мачи прашањето, дали дозволуваат повеќе посети од времето за посета во Систина, поради годиначе кое го дојам? Лани маж ми и големото баш само за време на посета доаѓаа и не ни сфатив дали е возмочно да се влезе к во други периоди од денот. Треба да се породам а го мислам ова цицалчево, како ќе издржи три дена ако треба само еднаш за време на посета да цица… Немам поим како ќе испадне, искрено би сакала барем наутро, на ручек и пред спиење да може маж ми да го донесе да поцица, да се изгушкаме. Уфф, најтешко ми излезе ова, ми иде дома да останам да раѓам. Добредојдени се искуства и совети од мајки на брзачиња кои успешно поминале одвоени од бебињата заради пораѓај и потоа продолжиле нормално со доење на истите