Најдобро да се јавиш и да прашаш во Систина. Некаде на форумов како да прочитав дека во приватните не пуштале деца до 12год во посета.
Уште не пуштаат? Лани поради ковидот не го пуштаа синчето, се утепуваше од плачење, еднаш се искриумчари сам, на излегување ги измолиле со маж ми да го пуштат да си го земат заедно бебето. Ако е така и оваа година тешко нас, посебно со доилчево
Не пуштаат деца под 12 год. во Систина. И моето не дое на посета... Иако добро поголема е, али 5 дена не се видовме... Можно е кај пултот да може деца, зашто сите кога искачавме таму не чекаа децата.
Мислам дека тоа правило за деца важи безразлика на короната и во Ремедика и во Систина. Ама како што те посоветуваа, јави се и прашај за апартман, така најточно ќе бидеш информирана.
Да последно на пулт во Систина ми рекоа може да имаат и други промени во врска со коронава декс чекаат дали ќе има нови мерки од владава.. за сега нема ништо ново…
Се јавив жени, дете до пулт сеуште а бебе што цица како ќе си се договорам со докторката што ме пораѓа. Во секој случај, имале доилки и не ги оставиле бебињата на милост и немилост, ги примаат за цицање неколку пати фала богу, еден камен од душа ми се симна
А како не примаат? Значи кога ќе дојде муж по бебе, не може постарото детенце да се качи да си го земе сестричето/братчето?
Лани така беше, ни кажуваа поради Ковид, но синчето постаро влезе, се протнал некако сам, расплакан и нервозен. Годинава пак викаат до пулт деца, таман за фото на искачање само
Јас од сестрите мои имам куп алишта за син ми, од 3 машки деца пред синко мислам дека има до 3то одд,плус купував од мерак,и сега купувам,ама олеснување е кога има, и за бебето имам се,ама пак ке купам нови.За син ми купив нова хранилка,релаксатор на струја иако имав обични 2 од внуците,нова количка,транспортно креветче, дрвено имав од сестра ми ама ич не го искористив,купував и облека плус иако имав премногу.Сега и за бебето сакам да купам дел нови алишта,можеби количка,на мисла сум,и уште едно транспортно креветче место дрвеното тоа не го местам ми се виде многу непрактично.Мене ми е убаво и ден денес кога ке го облечам син ми во нешто што ги памтам внуците,на пр некое кошулче,ме потсетува они кога беа малечки.Здрваје во план сум како бебе ке ја израснува облеката и опремата така дирекно ке ја подарувам.Мене воопшто не ми е шубе од сестрите што користев работи од внуците,нив си ги сметам како мои, ама кога се понуди и една братучеда од мм да ни даде од нејзиното синче гардероба или опрема тоа го одбив, бидејки секако имав и повеќе од доволно а и не ми се земаше од нив, внуците од сестрите си ги рачунам како мои деца ама од друг не ми се зема.95% од работите кои ми ги дадоа беа како нови.Не дека немам можност да ги купам ама кога веќе ги има зошто да не ги искористиме.Количките и хранилките не ми се допаѓаа, постари модели беа па си купив нови ама гардероба посебно бебешка искористив доста.
Честитки видов дека си пишала дека си се породила живи здрави кога ќе имаш можност баш пиши какомси задоволна однтретманот во систина
Одушевена сум од се до сега. Прво од вчера, ме индукцираа ми пуштија инфузија почнав да се отварам имав ненормални болки одма ми ставија епидурал на 2cm издржав до 6 но бебето се заплетка и мораше царски, цсрски за 15 минути се се спреми и заврши брзина на светлината сите спремни, анестезиологот совршенство немам зборови, сестрите и со мене и со бебињата врв. Сабајле значи неполни 24 часа од операција ме станаа ме средија вече самостојно одам во веце имам обука за доење малиот се учи да цица млеко немам сма очекувам да дојде цело време лекарства инфузии и набљудување на рана, врв
Ее Одлично, баш ми е драго ајде дај боже сите така задоволни да сме и лесни пораѓаии да си имаме да сестриве ептен ги фалат, уживај си со малиот
Гинеколошкиот преглед по 40 дена од породување во Систина се наплаќа додатно така? која цена? и педијатриските прегледи, 2 имавме али 3тиов ни е коа бебето ќе има месец и неколку дена... И тој се доплсќа плус?
не третиот не се наплаќа, безразлика шо има бебето месец дена, ја ја носев на трет скоро на два месеци пошо ковид фативме, ни гинеколошкиот преглед не се наплаќа исто
Е баш ме изненади за гинеколошкиот преглед супер... Носевте нешто на докторот кој ве породи? јас баш тогаш планорав нешто ситница....