Ние исто имавме жолтоца, али ако вредностите на билирибинот беа во граници на нормала се дог. да го сончаат поинтензивно тие 2 дена и дури пред идење дома да се сонча. Кога му земаа крв пред да не пуштат ок беа бројките иако беше претежно жолто бебево и дури не не ни сончаа пред да не пуштат.
Јас не се пораѓав таму, ама лежеше малиот 2 дена на инфузија и фототерапија и плативме 50.000 почеток на јули месец.
@Freckles. инсистирај дури сте таму да го сончаат. Бебка беше исто, два дена викаа сега ќе ја сончаме сега ќе сончаме , не ја ставија. Ден пред излегување им реков, дури вечерта ја оставиле цела ноќ на сончање. До последно не знаевме дали ќе си одиме, чекавме резултати. Исто ќе биде и кај вас. За сончање дома, Алулоска рече да ја сончам , Палчевска на контролата рече живи глупости , какво сончање само цицање и не ја сончавме веќе
Уф баш соленко ви излегло. @eli25 @The_Doctor го сончаат од вчера, мислам дека 3-4 сончања имаше досега зашто кога ми го носеа за на гради му се познаваше заштитата на очи каде стоела.
Мајки вие што се пораѓавте во Систина платите ли аванс 12.000 мкд ?? Јас идам на цтг ама никој ништо не ми спомнал а читав во една брошура по ново се плаќало аванс 12.000?
Не не, не зимаат аванс. Првото ехо со цтг плаќаш 3300 или сеа веќе 3500 ден по ново, и наредните цтг и ехо прегледи се бесплатни па дури и да треба секој ден или секој втор ден да се прават.
Мамички гледам ги поскапеле цените во Систина… во Ремедика како се со цени за царски, некоја скоро што се породила? И дали може да побараш да се симнеш до ходник да се видиш со посета? Имам мало детенце па сакам да си го гледам, на тие пари уште посета да не даваат
За деца во приватните не даваа и пред корона посети. За мажот може ќе дозволат. Јас во Плодност ќе се пораѓам, нема воопшто посети од никој.
Во ремедика исто ќе има поскапување вчера ми кажаа ама колку и од кога не знаеа да кажат на пултот, битно ќе има поскапување
Леле 137.000 whaaaat???? Во јуни коа бев веќе влезена во 9ти беше 125.000, за во јули да биде 130.000 и сеа 137.000???? а платив 132 400, 2400 за медицински услуги, лаб. за бебе..
Оваа изгледа најтазе е баш ќе прашаме и на call cEntar како им текне мењаат еј преку ноќ…. Ако има некоја ос понеделников баш ќе сподели чим се од 15 ти цениве
Ако некоја ја интересира во Ремедика спонтано платив 91 500( 89 300 пораѓај + 2200 за прегледи за бебето).