120800 е царски во Ремедика плус доплатив 2200 за прегледи за бебето. Не знам дали е уште оваа цена. Јас пред три недели се породив. Не знам дали можеш да се симнеш до доле за да го видиш малиот.
Јас минатата година платив 121000 ама дека кај Проф. Димитров се породив и за кај него е 6000 ден поскапо Сега на основната цена значи плус 6000 пак Ти кај кој доктор се породи?
А што е тој толку посебен па поскап? Мене ич не ми се допадна вака што го видов од 2,3 пати, не знам зошто антипатичен ми беше. Едит:се извинувам, не сме зборувале за истиот. Јас за Јовановски мислев.
Јовановски не го знам а кај Димитров идев од порано ок е човекот, има докторирано во Америка и има доста знаење, шеф им е на одделот и најверојатно затоа е поскап, кој да знае што политики имаат
Јас се породив на 07.08. со царски рез. Вкупно на крај платив 128 000 без тие 6300 што се како капар.
Жици здрави да сте изгледа последен воз сте фатиле дека од после 10 ти август наводно им е новиов флаер и поскапувањето..
Да да за систина зборам дека објавија на сајтот, а за ремедика пиша некоја членка дека и кажале ќе има промена у цена али нз дал има флаер
Не знам дали некаде имат флаер со поскапувања Ремедика, ама пред некој ден кога бев на цтг и мене ми кажаа сестрите дека веќе имаат покачување во цените на повеќето услуги. За гинеколошките услуги сеуште не им беа ажурирани, така да не знаеа да ми кажат колку ќе чинат по ново породувањата. За сега, припремите ми ги наплатија исто, 6300ден.
Како им се цените на Ре - Медика и Санте за породување? Најдов само за Систина, 107000 со 137000. Пак качиле, во рок од два месеци два пати ја кренаа цената.
Сите претераа со цените. Ремедика е горе долу исто- минатиот месец природно сосе подготовката и прегледите за бебе беше ~100 000. Освен ако не покачиле и тие нешто сега.