Да, тие се во првиот месец, а овие што ги наплаќаат се додека сте уште во болница (ортопедски, аудио скрининг и уште нешто имаше- вкупно околу 2-3000 ден чинеа тие, освен ако нема потреба од дополнителни испитувања).
Овие што ги набројав (аудио, ортопедски…) се наплаќаат во Ремедика. Само се по промотивна цена, а не редовната, но не спаѓаат во пакетот. Трите педијатриски до навршување 1 месец откако ќе ве пуштат од болница не се наплаќаат.
Ќе ве упатам и јас со инфо, оти сестра ми ќе се пораѓа и дилемата беше Ремедика или Систина - ГАК никако... плус моја препорака и позитивно искуство со Систина. Сепак за цениве како што се оди во нагорна линија, се е поскапено..,ова искрено беше очекувано...Инаку за царски прашувавме во Ремедика за кај др. Димитров, и цената за породување кај него излезе скоро 140.000 со тест ковид, со подготовка, трошоци за бебе, со што ни нагласија ќе има покачување деновиве и не е фиксна таа цена., па закажавме во Систина, преглед и цтг и -37 недела, сестра ми е многу задоволна од пристапот на докторката.
Последно што прашав во Ремедика, 90000 спонтано со додатни трошоци како подготовка, плус за бебето откако ќе се роди, ковид тест и плус ми спомнаа ќе има покачување
За ова знам дека имав прочитано на блогот на Систина, сега ќе ти пратам линк подолу и го препратив на сестра ми, имаат добро објаснето за што се боцкаат новороденчињата. https://health.acibademsistina.mk/blog/bremenost-novorodencinja/metabolen-skrirnig-kaj-deca/
Цените секаде се качуваат, ВЦо Јас во Систина кога се породив беа во пакет (аудио, ортопедски и кардиолошки, оти имав правено фетална ехокардиографија кај Драшко ми беше во пакет и тој, плус оние 3 во првиот месец..а после тоа си ги плаќав. Го видов пакетот сега истото си стои се уште дека им се вклучени.
Јас во Систина се породив без капар, а сестра ми вчера уплати капар кај администраторки за наплата бијдеќи сака искористи попуст за козметички третман.
Во сите породилишта во државава прават. Сите родилишта испраќаат на клиника за детски болести и таму ги работат, задолжително е тоа за секое новороденче. На извештај од болница пишува само дека е направен скрининг за ТСХ и Цистична фиброза но само доколку не се добри резултатите известуваат и се јавуваат. Ако се добри пишува дека само е направен скринингот.
Женски здраво , вие што сте скоро породени во Систина , дали ви дојде патронажна сестра ? Нас не пуштија во саботата , денес се јавив да прашам ,демек ради ковид не доаѓала.