Се во ред, јас лежев скоро цел месец на ГАК, поради ризик од предвремено породување. Видов колку е саат, отидов да се пораѓам на приватно, завршив со заборавена постелка. Никаде не е сјајно, да. Само ме нервираат исти коментари... Слобода на избор е, кој е пострашлив, сака епидурал, а на државно мисли нема да го добие, или сака царски нека си иде приватно, нема потреба од коментари, на крај на денот секој си знае најдобро за себе. Ау, на свое дете лошо никој не мисли и нема потреба од филозофии.
Освен Систина, ме интерсира дали некој има информација за педијатријата во другите клиники. Како стојат со располагање на стручни педијатри и инкубатори?
Ама ова е тема за породување во приватна болница, не знам зошто воопшто овде се коментира за државно. Таман една членка си праша за Ремедика, си реков ете ќе прочитам искуство, а само навреди се изначитав. Врски за на државно спомнавте. Епа да ви кажам, имав потреба од хистероскопија, врска директорот, и тоа директна врска. Дури он ми ја правеше хистероскопијата. Освен што тие околу ми се обраќаа со пациентката на директорот, ми ја дадоа (според нив) најчистата спаваќа, ги пуштија моите во шок соба (заштитени) и ме пуштија директно од шок соба да си одам дома (на мое барање) најбитното беше катастрофа. Доктор? Тешка будала. Не знаеа што виделе, ништо не направиле и ми нагаѓаа каква ми е матката.
Имам разбрано дека има во Ремедика. Само што Систина е најопремена. Од стил неонантологија и сл. Другиве приватни ако има некој проблем со бебето не дај боже директ носат во Систина.
@stevemila не е од зијан. It's good to know. Премногу често се дава акцент на гениколози, а искрено важно ми е за педијатрија. Имам слушнато приказна од државно каде им велат: "ако имате среќа да има слободен инкубатор". И сега, ако се решам приватно, би сакала да знам кои клиники ги имам на располагање.
Мислам дека само во Систина од приватниве има целосно опремен оддел за неонатологија, останатите не. Можеби и грешам, ама не верувам дека другите приватни се толку опремени. Инаку дека земаат пари Систина за ништо, земаат, осетив на двапати на своја кожа со малово, кога одев на дежурен педијатар. Знам дека не е тоа темата, ама ептен ме разочараа, не одам повеќе кај нив, а за другото не знам.
Јас се породив во Систина, добив преубава практична бебешка торба која ја кориситме секојдневно за шетање. Внатре имаше перниче и кебенце, потоа книга како да се грижиш за бебето, пакет пелени, многу тестери и неколку бесплатни контроли и скринизни за бебуш.
Јас сум решена за Ремедика, со години одам таму за се, и имам правено две операции, многу сум задоволна од негата и грижата, но прашањето ми е дали знаете која е точно цената на породување и природно и царски (јас од приликаги знам), ме интересира точно, немам прашано а сега гледам во онлајн ценовникот нема цени за породување. Само да додадам, на братучетка ми близначињата имаа бесплатни прегледи неколку месеци после раѓањето во Ремедика, е сега кои точно прегледи, како што не знам, ама тоа е одлино според мене, на толку скапи породувања, заслужуваме и нешто бесплатно.
Природен пораѓај платив 72.000, тие 2.000 беа за ехо на колкови или срце на бебето, незнам точно. Дополнителен трошок немав. Бесплатни прегледи само првиот месец имав за бебето и тоа она обичното, мерење, општ преглед, прашања и сл...преврски и чистење на папоче 3 пати по 300 ден ми наплатија на пример, а првата званична контрола на еден месец 800 ден беше. Лани септември месец е ова, можеби има измени сега
Мила здравје боже јас планирам таму да се пораѓам и прашував за цени. Природен пораѓај со вклучено епидурална и 3 болнички денови е 70 000 денари. Имало плус што се доплаќало од 1500 до 3000 ден за испитувања на бебето. ( ехо на срценце и не знам уште едно испитување беше) Царски рес со спинална и вклучени 5 болнички денови е 90 000 ден исто се доплаќало од 1500 до 3000 за испитувања што ќе се правеле на бебушот.Во соба си сместен со уште една пациентка. А за да бидеш сам во соба се доплаќало иште 3000 ден од ден. Јас ги добив овие информации и кажаа дека и сопругот ако сакал можело да присуствува на самото пораѓање.
Таму ти кажаа или некој со искуство? Ми се допаѓа делот со присуството на сопругот на породувањето. Јас знам дека може да остане во болница со тоа што се доплаќа околу 3000 денари од ден ама сигурно ли може и на породувањето?
Баш пред 1 недела бев во ремедика на контрола и таму ми кажаа за сите овие информации и за присуството на сопругот ако сака на самото породување. А моја пријателка пред 1 година таму се породуваше и нејзиниот сопруг веднаш го прашале дали сака да присуствува ,но тој од пусти страв не прифатил..
Мила Петановски ми кажа дека и природно и царски кај нив дозволуваат присуство на брачниот партнер. Јас од него ја знам оваа информација.
Ели за тоа пак разговарај си со твојот доктор и види тој што ќе ти каже мила. Јас оваа информација ја добив од Петан бидејќи тој треба здравје да ме породува ...Се уште е рано за да размислувам што и како ќе се одвиваат работите. Бебушката моја многу брзо напредува, па денеска ми спомнаа дека можи царски да биди, но се уште е рано да се одлучи... Убава вечер
За природно породување 100 % може сопруг да присуствува, мојот беше цело време до мене, дури и насоки му даваше док како да ме држи свиткана кај да притиска итн...а за царски не сум сигурна незнам