Предложете ми доктор во систина за ризична бременост.Првата бременост ја водев во Ремедика,но гледам систина има подобри услови плус моја блиска едвај ја породија и некако не ми се ризикува освен да ја праѓам докторката дали се нафака сигурно да ме води до крај
Мене оваа бременост ме води Бојаџиев, Систина. Минатиот царски ми го правеше тој, и бев задоволна од односот и целосната комуникација, со оглед на мојата ситуација. Некако многу ме смири после се… За оваа бременост решив тој да ме води, ми се допаѓа што лесно се комуницира со него, може да му се пише и одговара на пораки, што ми е важно. На прегледи секој месец, по 30-40 мин ми е преглед, гледа документација, убави прегледи. Советува, дава предлози. Се, на се, задоволна сум. Инаку одам и кај Димчев, и од него сум задоволна. Мислам дека во Систина се сите ок, кој и да избереш, ако се решиш за некој доктор од таму.
Гордана петровска она се нафаќа да ги води нај ризичните бремености исто ти прави и скрининг цела ситуација можеш кај нејзе да ја водиш.
Како мислиш едвај ја породија? Имало некоја компликација или? Кај кој доктор се породила во Ремедика?
Се работеше за ризична бременост што се водеше од почеток кај нив,не ја породи докторот што ја водеше не стигна тој што се падна на смена ја породи
Ок мислев ако знаеш да споделиш кој е, има многу членки што сакаме да се породиме во Ремедика, таму има доста стручен кадар ама верувам дека и сите доктори не се исти
Од кога тоа? Јас заради него се префрлив во Ремедика, уфф пак ли во Систина ќе акам, искрено ја замразив Систина
Не знам дали да се радувам или не, сигурно е ова? Ептен си ја сакам ремедика, ама потајно се надевав да отиде во систина. Којзнае дали ќе ми се поклопат коцки за второ, ама ќе одам по него ако отиде таму...
А некој ќе остане во таа болница? Денес прочитав дека и медицинскиот директор Андреја Арсовски, преминал во Систина.. .уште некој лекар?
Ова се 2 многу квалитетни кадри што си одат од ремедика. Штета. И тоа од висока позиција, а ваму се само лекари.
Истиот не се нафати моја блиска да ја породи,ни на порагај не стигна изгледа е бил презафатен во двете болници
Веројатно повеќе им се исплати финансиски да ја напуштат високата позиција во Ремедика и да отидат да бидат само лекари во Систина.
Не знам кога било тоа ама докторот не работи во двете болници. Си работеше во Ремедика, па сега направи трансфер во Систина.
Наводно многу им билр лоши условите во Ремедика, такви гласини кружеа во јавност... Е сега веројатно има и вистина во тие гласини штом си одат докторите.