Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Јас се породив пред една недела во Ремедика по втор пат. Горе доле сум задоволна. Цените им се поскапени ама за секое дополнително испитување кај родилката и кај детето прво те прашуваат и ти даваат формулар да потпишеш согласност. Сестрите се доста растрчани, се трудеа максимално да угодат што пред една година не беше така, изгледа ги затегнале конците. Е јадењето не ми се свиѓаше, како цезареа имаат нивно мени со кифли и глупости, а четвртиот ден си бираме сами но јадењето ладно го служат мислиш остатоци од некој ресторан зимаат. За пораѓајот бев кај Ефремовски, многу стручен и добар доктор. Максимално ми посвети внимание но она што не ми се допадна е некако резот. Не дека е толку лош туку баш девојката што лежеше до мене кај друг доктор буквално и беше како да е изгребана, тенка мала линија само :?:
     
    На Meckicja, Bebence29 и Madam S им се допаѓа ова.
  2. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.138
    Пол:
    Женски
    По втор пат си царски или првиот ти беше природен пораѓај ? И на девојката што лежела до тебе прв или втор ? Јас ќе бидам здравје втор царски па ме интересира баш околу резот .Една пријателка првиот царски во систина вториот во санте и сега резот и е многу подебел линијата бааги задебелена па ме интересира дали е тоа правило кај сите или не .
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Мене ми е втор рез а на девојчето што беше со мене во соба прв. Обично го прават на истиот рез но ете докторот што ме породи ми кажа дека он не практикува на истото место од причина што тоа е веќе еднаш шиено и кога пак ќе се сошие се здебелува раната и лузната е поголема. Мене ми е над првиот некаде пола сантим и здравје ќе видиме како ќе заздраве
     
  4. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Може ли некој да сподели искуство со др.Панчевски, Систина, за пораѓај
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира
     
  6. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Koja e cenata za carski sega?
    Jas nikako da im otkazam ljubov na Remedika
     
  7. Barbie*world

    Barbie*world Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2021
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Мене ме породи докторот пред година и пол царски, јас сум презадоволна сега здравје и со второто ќе одам кај него.
    Ако те интересира нешто поконкретно прашај слободно.
     
    На simoncelicius и pilence23 им се допаѓа ова.
  8. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Мене ми ја водеше цела бременост и ме породи пред скоро 1 година, природно со епидурал. Докторот за мене е врв. Презадоволна !
    Прашај што конкретно те интересира
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    3.873
    Пол:
    Женски
    Каков однос има, дали е достапен за прашања и слично
     
  10. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Јас бев кај него на преглед и за втор скрининг, не зборува многу, кратко и концизно ќе ти одговори тоа што треба, ќе ти даде совет за понатаму како што, е сега може не зборува многу зошто јас не прашувам ништо, не знам што да прашам кога ќе ми рече дека се е во ред, но ќе продолжам да одам кај него ми остави добар впечаток, за тоа ме интересираше и за пораѓај како е.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WhiteAngell

    WhiteAngell Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Во глобала никој не зборува многу доколку е се во ред.
    Кај мене беше исто така се е во ред, супер, одлично, што како да користам и тоа е тоа, немав дополнителни прашања.
    За пораѓај отидов во недела, доаѓа на повик, ме прими дежурната докторка во 13ч, кога бев отворена за раѓање тој дојде, во 22:20 дојде во 22:40 ме породи.
    Топла препорака за докторот
     
    На simoncelicius, Снегулк@23 и pilence23 им се допаѓа ова.
  12. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Супер, многу ме радува штом е така, фала на споделеното искуство.
     
    На Снегулк@23 и WhiteAngell им се допаѓа ова.
  13. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Што треба да понесам за пораѓај во Ремедика?
     
  14. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Четка за заби, паста, полнач, мобилен, чешел, крема за лице, лична карта, брисеви, картон за рх фактор, негативен тест за ковид и изработен инфективен скрининг. Друго има таму.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Влошки, мрежасти гаќи, други средства за хигиена ке треба? А за бебето нешто? Памперс, влажни, цуцла?
    Каков е тој инфективен скрининг?
    Извини те бомбардирав со прашања, ама баш и немам со кој да се посоветувам, па да знам што ме чека.
     
  16. Tiny Love

    Tiny Love Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2021
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    5.728
    Пол:
    Женски
    Гел за туширање и шампон можеш да си носиш, но и имаат некој нивни. Друго ништо за тебе и бебе, освен тоа што ти кажале. Мрежести гаќи и влошки даваат таму.
    Инфективен скрининг е испитувањето што ти го прават при подготовката за пораѓање, за ХИВ и хепатит.
     
    На oblace1 и Luna88 им се допаѓа ова.
  17. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    За тебе ако сакаш нешто плус за хигиена, тоа е твое. Јас носев и шампон и гел за туширање, мини величина. За бебето апсолутно ништо не ти треба, и да носиш нема да го земат. Цимерката носеше и АД млеко не и го примија. Облека, памперси и се останато е нивно.
     
    На oblace1 и Tiny Love им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Мене 2 пати ме породи докторот царски. Првиот пат резот ми беше таков што викаш една тенка линија, после не се ни познаваше. Сега е малку подебела ама ништо страшно. Може кај тебе било различна ситуација.
     
  19. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Тебе на исто место ти е резот?
     
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.802
    Допаѓања:
    12.322
    Пол:
    Женски
    Ме замисли и отидов убаво се загледав во огледало. И кај мене е подоле ама 3мм да речеме. Од толку што ми е бледа првата лузна едвај ја најдов. Зборев со докторот, ми рече тие креми против лузни се тешка глупост ама ако сакам дека ќе ми препише и дека и овој рез ќе биде исто блед како првиот. Дај си време :)
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.