Значи тоа е принцип на докторот дека не сече на иста рана Баш ми е мило што не се познава, мене првиот рез ми е пола избледен а пола како розева линија се познава но оттогаш има поминато 17 месеци а вториот ми е некаде 5мм над првиот и допрва ќе заздравува Иначе првиот пат не користев ништо ама читав позитивни искуства за контратубекс па си земав и сега мачкам по два пати дневно, па ќе видиме
Епа мене резот од првиот царски ми е мслку закривен на нагоре и ми пречи малку - линијата е мала затоа што и се породив во 36та недела па немам голем рез ама малку е крив левиот крај . Првиот пораѓај ми беше кај Александар во Систина а сега вториот планирам кај Бобан а он цело време ми нагласува дека ќе ми го искорегира резот сега на втората операција и кога прочитав дека кај тебе е на друго место се зачудив ..
Кај Сарџоски? Здравје, сподели после искуство. Имам правено прегледи кај него, бев задоволна и доста стабилен човек ми делуваше, се залага за пациентот.
Незнам што да кажам ама како за во приватни болници треба малце да си поведат грижа и за естетика, реално не им даваме малце пари
Епа тоа ме зачуди дека цело време уште пред да останам бремена докторот ми нагласуваше дека на следна операција ќе го попрсви резот на колегата што ми иницираше дека планира да сече на истото место и кога прочитав кај тебе нов рез се збунив . А доктор Бобан по муабетот мислам дека бааги внимава на естетика и се надевам дека навистина ќе биде така .
Сакам да прашам, ако сакам да се пораѓам во Систина, во која недела треба прв пат да одам на консултација со доктор за преглед, и за договор за породување? Во моментов сум 25та недела, ме води матичниот гинеколог и гинеколог од клиника, на клиника си одам на скрининзи, ама сакам да се пораѓам приватно.Нема потреба сите прегледи да ми се правени претходно конкретно во Систина затоа што таму ќе се пораѓам, така? Секако, си имам папка со сите прегледи и извештаи, историја на бременост итн. Во меѓувреме ве молам да предлог за доктор, и дали некоја сега знае по најново како се цените? Откако останав бремена знам дека 3 пати ги сменија.
Не треба ништо од прегледи да имаш таму. Слободно отиди си во 36та недела на ЦТГ кај одбран доктор. Лично искуство имам само со Елизабета Матевска и сум презадоволна. Мислам дека нема грешка со ниеден доктор.
Скептик сум затоа што сите околу мене се со муабетот: чим си била на клиника те следат мора доверлив доктор да те пораѓа, бла бла, не можеш така рандом да си отидеш и да те пораѓаат во Систина. А на клиника сум уверена дека сигурно нема да се пораѓам. Затоа не ми беше јасно од кога можам да одам за да се договорам, дали мора претходно скрининзи да сум правела таму итн. Да напоменам дека сепак сум со малце скратен цервикс уште од 16та недела, и си постои ризик од предвремено породување.
Немаат врска муабетите. Во Систина и за предвремено родени имаат одлична нега, ама е прескапо. А на клиника докторот што те води и прегледува немаш гаранција дека ќе те породи. Во Систина тој што ќе го одбереш во 36та недела, тој те води до крај.
Мене во Систина на исто место ми гонаоравија. Докторот негодуваше дека е пренизок , првиот царски ми е во Ремедика, па ме “оправаше” многу лош рез од првото, сега имам многу помала и потенка линија од првиот царски.
Можеш кога сакаш да одиш, ќе закажеш кај докторот кој би сакала да те пораѓа. Јас одам кај доктор Бојаџиев, и сакам тој да ме пораѓа, бидејќи имам многу добро искуство со него. Исто на скрининзи и неколку прегледи кај Димчев сум била, и од него сум задоволна. Меѓутоа, кој и да одбереш од Систина, нема да погрешиш. Сите се добри.
Во Систина ако планирате да се пораѓате, си бирате кај кој доктор и од 36 недела одите на преглед, ЦТГ и после си терате со докторот, нема потреба од порано. Таму скоро кој доктор и да го изберете нема да погрешите, јас пред 6 години бев кај д-р Тимчева супер поминав, сега ради проблеми во бременоста одам на контроли кај Д-р Дракулевски, презадоволна сум. Моја препорака ако сакаш приватно да се пораѓај немој само во Санте плус да одиш, една моја пријателка скоро се пораѓаше и тоа катастрофа помина, таму било мешавина од Чаир и државна дури мислам дека и кај нив по организирани се. Многу лошо искуство има од Санте плус а плаќа приватно.
Јас се породив вторпат во Систина, првпат во Чаир. Разлика има огромна и околу условите и цената нормално.Царски е 137000, доктор Гордана Петровска , за мене најдобра,на прв впечаток може да делува крута, ама е одлична во секој поглед. Условите исто се супер, се имаш на располгање во секое време, секоја жена заслужува ваков третман, штета што е прескапо па неможе секој да си дозволи. На преглед можеш да си отидеш во било кое време од бременоста, и после да си се договарате за пораѓај.
Сакам да споделам едно страшно искуство од породување во Санте Плус. Пред породување ја прашав матичната што мисли за приватни болници и као Санте Плус имало најпристапни цени. Со првото пред 3 години раѓав на ГАК и сега мм вика ајде приватно подобри услови. Санте рекламата беше 550е спонтано и 850 царски. Прво не сакаа да ме чекаат за природно ме исфорсираа царски, после секој ден идеше докторката за бебето демек има потреба од терапија, а сред лето пука жешко не им работи климата, услови катастрофа, ГАК е луксуз во споредба со Санте. И финално од 850е, плативме 2200е. Незнам какви тереапии му ставале на бебето за 300 евра на ден. И што е најчудно и жената што ја запознав таму исто поминала. Срамота! Преваранти!
Мене требаше да ме породи, но на крај не беше таму и ме породи др.Ненад. Санте е катастрофа, многу сум разочарана. Сигурно подобро ќе поминеш во ГАК или Чаир, а ќе те кошта исто ко Систина.
Лажат страшно! Нема шанса да поминеш со 550е или 850е, породувањето мене ме кошташе 2200е, да знаев ќе си одев Систина. Условите се полоши од Чаир и ГАК, а цените поскапи од Систина.