Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Да ќе одам на приватно да се породам за да добијам хуман однос, да не ме шијат без анестезија, да си дојдам на себе првите денови од пораѓајот, да има кој да ми помогне да станам, да ми помогнат за доење, да не го наклукаат новороденчето со антибиотици бидејќи закачило нешто штотуку родено, да добијам совети за новороденчето од педијатар и ортопед кои се грижат...
     
    На meglena70777, CameliaMiller, Mia.milicka и 5 други им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    Идејќи на цтг скоро секој ден, не очекував дека има многу жени што се пораѓаат приватно. За 15 мин колку што трае, завчера закажаа 3 за породување. Чисто онака спомнав без тенденција нешто. Инаку некаде прочитав дека за тие пари во приватно, не третирале ко кралици, ама незнам на што мислите. Нормален третман, ко шо треба секаде да биде и државно и приватно..... Јас 2 операции поминав во ремедика не ме носеа на раце, ама односот беше како што треба кон секој пациент, независно. Еве на што треба да се поработи. Да се стимулира специјализации на гинеколози , анестезиолози ( има голем недостиг и тоа е факт), да не се дозволи одлив во странство. Да не се дозволува чистачка да ти се дере само зашто се пораѓаш државно. Да има чист чаршав за сите. Да има нормални услови .
     
    На Tukituki, MissDior, CameliaMiller и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Имам прашање до тие кои се породиле во приватна болница и се биле во состојба бебето да остане додатни денови во инкубатор.
    Која е цената од бебе на ден?
    Ви благодарам.:f:
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    @Momichka во ремедика ми кажаа 3000 од вечер.
     
    На Јаневски и Momichka им се допаѓа ова.
  5. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Во систина мислам 500 евра ден.
     
  6. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Ne e 500 evra 15000 den na den e vo SISTINA
     
    На Јаневски и irena.1 им се допаѓа ова.
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Нормални се со цениве???? 250 евра??? Па ако не дај боже треба да седи 2-3 недели 3000-4000 евра најмалку требаат :( плус пораѓајот.
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    :x Мене во ремедика ми рекоа за жолтица ако фати 3000 ден е , ама според ова од Систина и овие ќе се тука негде .Ики недај боже твоите да треба, ќе банкротираш :D ( мала шала).
     
    На fana и iki26 им се допаѓа ова.
  9. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Skapo e mnogu na privatno zatoa pogolem del posle gi prefrlaat bebencata na gak
     
    На fana и iki26 им се допаѓа ова.
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ќе треба колата да ја продавам :)
    Затоа не ни планирам во Систина да се породам, иако се таму одам на прегледи.
    Што е многу-многу е
     
    На fana и Meckicja им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.995
    Допаѓања:
    133.786
    Не би требало да е толку, луѓе еден апарат е тоа за сончање само, кој трошок го прави. Обично помалите деца имаат жолтица и мислам дека скоро 50% ги сончаат па ако се во ред билирубините ги пуштаат дома ако не подолго лежат. Плус мн е битна крвната група и рх факторот на родителите и на бебетово однос на траењето на жолтицата. Значи освен сончање и евентуално инфузија ништо друго не са дава. И нормално крв се проверува.

    Колку би чинело еве во систина, она што ние го добивме на клиника? Сончање 4 дена, 4 или 5 пати проверка на крв со билирубини, инфузија, ехо на срце и екг? Зарем 1000 еу пораѓај и 1000 еу една жолтица? Сигурно има некој попуст.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас се породив во Систина со царски, 5 дена седев, син ми имаше жолтица и го сончаа во креветчето негово. Не се ламбите како оние старите туку креветчето има кабелче и го уклучуваат повремено. Муабетот ми е дека го сончаа додека лежев, и најнормално не пуштија дома со препорака да го сончам по 5 мин дома на прозор. За сончањето тие 5 дена не ни наплатија, вклучено си е тоа во негата на новороденчето, и тоа син ми имаше поекстремен случај на физиолошка жолтица, 3 месеци го држеше. И со педијатри од клиника и со педијатри од Систина се консултиравме, никој не ни рече дополнително сончање.
    Сакам да кажам не требаше да продадам бубрег :D
     
    На Milobebence, CameliaMiller, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Абе сончање за жолтица, и седење во инкубатор за предвреме родени деца не е исто.
    Различно е се.
     
    На Momichka и eli25 им се допаѓа ова.
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.080
    Пол:
    Женски
    познаничка моја плати 1600 евра за лежење на бебет во инкубатор.И тоа дека е вработена таму па демек со попуст.На крај бебчето умре за жал
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    Јас знаев дека е 500 евра ден (познавам луге чии бебебца беа во инкубатор во систина) може ме излажале незнам :wasntme: едното беше седмомесечно и преживеа, другите беа близначиња и не преживеаа, сеедно сметката си ја платија околу 10 000 евра. Бар таа сума ми ја кажаа. Се извинувам ако дадов погрешна информација. Како и да е и да е 250 евра ден во инкубатор за мене е многу. Ама тоа за мене, за тој што има добар стандард да ги даде за дете не се многу. Јас би ги дала, да сум во можност.
     
  16. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Офф душиче :( и тоа со попуст платила. А пред време се роди малото??
     
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.080
    Пол:
    Женски
    да два месеци пред време
     
  18. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    А бе ја мислев само за сончање зборите(facepalm)
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.932
    Допаѓања:
    123.481
    Измешавме све, каша попара :D мене за сончање ремедика рекоа 3000 ден ама ако останеме плус од тие 5 дена :^)
     
  20. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Навистина многу е. И последен динар би дала само се да биде во ред, ама голема сума на пари е стварно. Ретко кој има толку пари да наброи.
     
    На Momichka и joy1 им се допаѓа ова.