Ne se somnevam, no ne se otkazuvajte, na nekoj mu odi pobavno, ima vreme ke naucite Ke vi pomognam okolu prebaruvanjeto gore levo ima prozorce za prebaruvanje. Pisete Sante i ke ima sto da citate, samo sto toa sto ke go procitate sigurna sum nema da vi bide smesno.
Извини што упаѓам но ако можеш да си дозволиш подобро ти е во Систина, една пријателка скоро се пораѓаше во Санте, дали има две недели и катастрофа помина. Услови никакви, помош околу доење на бебето не, 4 дена само еден оброк ги помина, само вода, сок ако сакаш да се освежиш ти носат домашните. Она вика Санте било мешавина од Чаир и државна, дури и таму мислам дека подобро се организирани. На закажан царски мислејќи дека ќе плати 850 е како што рекламираат, од болница излегува дека треба 100 000 денари да плати за плус дополнителни трошоци а реално никаква услуга.
Самиот факт дека вакви коментари за Систина и Ремедика не постојат ви кажува многу. Навистина не знам која родилка би се нафатила да оди во приватна болница без да побара искуства...
Од кога бавното отварање е ризик?Ако тоновите на бебето се ок,и мајката е во добра состојба секаде се чека процесот природно да тргне и заврши.
По приватните е така, барем така ми кажувале. Еве и мајка ми исто- кога се пораѓала со мене не се отворала и итен царски, ајде тоа пред 33 години ќе го исклучиме. Еве и не мора да значи, може имала други индикации.
Уште има простор да се коментира и дебатира за "болница" во која во сала влезе анестезиолог кој немал дозвола и притоа направил фатална грешка која се обидоа да ја сокријат со изговор дека родилката била алергична на анестезијата?!?
Не е така.Јас се породив во Систина.Цимерката до мене беше природно породена,со мн тежок пораѓај.Сепак до последен момент истераа природно.Иако можеле одма на царски. А индикациите се кажуваат одма на родилката.Она мора да знае зошто ја носат во сала.
Епа тоа е пропуст на болницата, секако треба да и кажат. Ја прашувам какви терапии примало бебето не кажува, друго одговара. Ти не би сакала да знаеш?
Во извештајот(отпусна листа) МОРА да пишува што имало бебето примено.Дури и да не прашала она,законски они мора да пишат.А како што читаш погоре и од др искуства ,не пишуваат.Значи матна им е работата. Како и да е,и верувам ма членката.Не е прва што споделила на форум ужасно искуство со Санте.Од сите приватни клиники Санте има најозогласено име.И најслаб кадар на лекари.
Имаше и друга членка што кажуваше за Санте дека не и кажале што примило бебето од терапија, ниту имало нешто наведено во отпусната листа.
Сакам да прашам, конкретно за Систина, знам дека пораѓајот си има некоја фиксна цена, но што доколку добијам породилни болки и одам во болница и треба 2 дена (карикирам) да поминат дур се отворам таму? Дали тие 2 дена де доплаќаат плус или влегуваат во фиксната цена?
Ако они сметаат дека треба да останеш нема да ги наплатат и нема да те држат два дена сигурно. Пример одиш денес и ти кажуваат 1цм си, оди дома по потреба ќе дојдеш или ќе те задржат и ако оди брзо отворањето ок ако не ќе ти дадат провокација
Пред/по, исто ти се фаќа. Се доплаќаат деновите плус што ќе останеш. Ноќевањата рачунај ги како хотелско сместување.
Цимерката што беше со мене во соба се породивме во ист ден со тоа што мене прием дента ми направија а на неа заради пукнат водењак малце порано ја примиле 4 дена пред мене, а не испишаа во ист ден. Неа и наплатија и за тие 4 дена
Mace89 дали има измени во цените за пораѓање во Ремедика? Дали знаеш која е цената за природен пораѓај, а која со царски рез? Благодарам