Зошто мислам дека последно што гледав природно им беше 113000, а царски 145000? Само не можев да ја најдам сликата…
Точно е тоа со доплаќањето , еден ден во Систина кошта 15000ден без разлика на кое одделение си (без терапии само сместување зборам) . Кога ќерка ми беше 40 дена се разболе од грип ,домашните имаа и она закачи и бевме во Систина 7 дена секој ден ни го рачунаа по 15000 ден плус терапија . Е ние плативме помалку финално оти она е родена таму ама битно регуларно толку е цената , сестрите ми кажаа дека тоа си е цена од ден на било кое одделение исто се плакало .
Лелеее до термин до дека дојдам 180000 ќе стане И јас кога бев сега на скрининг видов 137000 царски со 107000 природен .Ама ако ги качиле у меѓувреме тоа не е на добро до април буквално 180000 ќе дојде
121000 е пораѓајот кај обичен доктор, 127000 е кај професорите плус се плаќа подготовка 7000, 4000 прегледи за бебето и 2200 пцр тест. Породена сум пред 3 недели царски
И јас ова имам пишувано и малце е симптоматично. Само еден пост на форумов, реферат против Санте, абе ај... И пак ќе кажам немам ништо со болницата, никад не сум ни била.
Се што е напишано за Санте со терапиите за бебињата е точно. Прво да кажам за себе, пораѓајот ме чинеше 45000 природно. Скоро 34000 (550€) цената, плус 3000 инфектолошки скрининг, се на се еве 37000. Во останатите 8000 беше наплатена крвна слика за мене, обична, која што не ја ни добив на крај, инфузијата за детето и за него крвна група (таа ја добив). Пак ќе кажам, за мене беше цената ок, во тој хаос тогаш, кога беше ковидот во ек, ГАК не примаа, Чаир нефункционална ако немаш дебели врски тогаш, не се оптоварував зошто поефтино поминав од Систина и Ремедика. Од докторката и акушерката Силвана (златни раце) презадоволна, инсистирааа на природен пораѓај, и така и заврши, од персоналот и така и така. Моја другарка се породи со првото таму 2м пред мене, царски, мораше царски. На цената од 850€ и она доплати 50€ за тој скринингот и уште некои 4-5000, што е ај, ок. Нецели 2г повторно раѓа таму царски и истото ова со терапиите и цениве и го прават и неа. И даваат листа што се треба да прими детето, наведено со цени, со објаснение ваква онаква инфекција закачило, морало одма да се лечи, на што она се потпишува, за на крај кога ќе треба да платат, да го добие истиот лист на кој се потпишала, со пречкртани цени (потенцирам, на листата со РАЧНО напишани цени на кои она се потпишува, истиот го добива со пречкртани цени) и врз нив напишани нови, повисоки. На сета таа мака, она си побара да и ги дадат сите извештаи и испитувања врз основа на кои они аплицирале терапија врз детето, крвна слика и слично, се со цел кога ќе го однесат на педијатар да можат да објаснат што имало детево од пораѓај, од што било лечено, за ако нешто има потреба да се долекува и понатаму, а добија само урлање и карање. Не ги напаѓајте новите членови, јас им верувам дека е така, со свои очи го видов листот со пречкртами цени и бев во шок. А како што читам тука, ова се случува само при царски рез. Па прашањево следно ми е, какви се инфекции добиваат бебињата при царски? Нели побезбеден беше во однос на вагиналниот пораѓај, бидејќи не проаѓа низ канал каде што е поверојатно да добие инфекција? Што толку јаки инфекции добиваат да мора толку јаки терапии? Прашувам, пошо стварно не знам.
Можеби прават нови профили за да ја оцрнат болницата зашто од бес луѓето не знаат што да прават. Кај ќе се пожалиш, што ќе постигнеш? Само антиреклама ти останува. @Konstrakta Се случува да се роди со инфекција, мене двете ми се царски. Првото се роди со некоја инфекција, дојдоа ми објаснија што како и прими терапија ама ништо плус не ми беше наплатено. Второво се роди супер, немаше никаков проблем и прими само К витамин.
Мене првото во Чаир ми имаше фатено инфекција, црп плафон тврдеа дека му е пренесена од мене океј можеби, а сите брисеви чисти нејсе останавме 8 дена полудев тогаш.. Со второто баш и ја раскажав случката на Елма, пред породување ми стави некаква антибиотска инфузија, и никакви проблеми немавме не испуштија по мое барање веднаш утредента оти се осеќав ко ич да немав родено ..
Каков интерес може да има некој да ја оцрнува болницата што ја избрал? Има ли според вас друг начин да се искаже незадоволство и револт. Најпосле како што кажа некој погоре зборуваме за болница која заташкала случај со смрт на родилка поради неодговорност и очигледно ги спуштила цените за да привлече луѓе, а после парите си ги зима на друг начин. Јас кога требаше да се породувам не истражував, бремена, на работа, со мало дете, матичната ми ги спомна дека со цена се најпристапни и реков во ред. Но по моето страшно искуство се чувствувам измамено и беспомошно и немам каде да го изразам мојот револт. А сопругот им пиша и јавно на фб, но веднаш му го избришаа коментарот. Од сегашна гледна точка се каам што не седнав и да прочитам туѓи искуства, гледам дека ги има многу наназад и сите се слични.
Сестра ми беше хоспитализирана еден ден претходно, прими инекции за зреење+инфузии, тој ден не и го наплатија.Следен ден се породи и следуваа плус денови колку што одат во пакетот ништо не и одземаа.Позитивно се изненадив од Систина
Дали некоја има искуство со породување во Плодност? Кои документи ги бараат, што е потребно за во торбица, препорака за доктор?
Документ со одредена крвна група, резултати од сите испитувања на брисеви кои се правени во текот на бременоста, ковид тест таму ти прават, носи си и мајчина книшка уредно пополнета за секој случај. Во врска со фамозната торбица, конкретно за во Плодност не ти треба ништо, освен полнач за телефонот и лични работи без кои не би можела да издржиш, некој крем за лице пример ако користиш, лабело, дезодоранс, чешел, стегач исл. Прибор за лична хидигена имаш секој ден нов, не мораш да носиш твој. Евентуално можиш да си земеш облека за излегување од болница, но не е страшно и да не ја земиш можи било кога некој да ти ја донеси на рецепција заедно со облеката на бебето па ке ја добиеш во соба. Перосналот е одличен, во секое време се достапни за било што и да ти треба. За доктор јас би ти го препорачала д-р. Влатко Ѓоргиевски, предобар е, достапен 24/7 и за секој пациент се грижи со посебно внимание. Секој момент и секоја постапка што треба да ја направи ја објаснува претходно и не дозволува да има никакви недоразбирања и изненадувања. Позитивен, ведар, насмеан така да нема место за страв и паника со него. Грижлив е до тој степен што кога се приближивме до предвидениот термин за пораѓај ми се јавуваше или ми пишуваше 2-3 пати на ден за да ме праша како сум, дали е се во ред и дали почувствував некоја промена меѓувреме. Само со лесно и позитивни мисли, се ќе биде во ред
Да се надоврзам тука.. Нема што да додадам само позитивно искуство. Јас бев кај докторка Кристинка. Со лесно на сите