Jas se porodiv vo Remedika. Imam preubavo iskustvo. Pofalba za sekoj clen na timot. Vredi sekoj denar
За ова осигурување конкретно не знам. Ама повеќето осигурителни компании го исфрлија ризикот породување од покритие. Јас имав приватно во Халк, полисата ми завршуваше на 27ми Јули, прво беа многу непрофесионални и никогаш не ми дадоа нова понуда како што побарав. За да после разберам дека го имаат исклучено пораѓајот.
За халк и јас разбрав, ептен ги направија крш понудите. А искрено со поскапувањата во приватниве, веќе не се исплати ни приватно здравствено
После поскапувањата на пакетите за породување во приватните, многу им се сменети понудите. Само тие стари полиси што имаат и ги продолжуваат им важат. Мислам сигурно има понуди и за породување ама се со 10 месеци каренца и се доста поскапи ратите сега.
Прашував кога дознав дека сум бремена. Најчесто нема каренца ама поентата е дека веќе нема во понудите породување туку е класичен кредит. Ти го покриваат и после си го исплаќаш на 1-3 години.
Каренца има само на оние групните, од фирма што се. Кај мене во фирма има, ако пример си нов, а претходно си немал приватно здравствено, за бременост има каренца. Ако си имал, си го имаш приватното здравствено од оваа компанија и нема каренца. Е не знам како иде за семејните, зашто нели може и индивидуално и семејно приватно здравствено да се земе. Знам само дека другарка се распрашуваше за индивидуално приватно, и секаде каде што се јави и кажаа дека бременост и породување се тргнати од понудите.
Зависи до осигурителната компанија. Јас имав полиса што вклучува покритие за породување во Халк како што спомнав погоре и не ми ја продолжија со истото покритие. Односно јас самата не ја продолжив откако разбрав дека веќе не вклучува ризик породување. Инаку каренцата беше 8 месеци.
Да генерално повеќе зборев. Инаку јас истиот случај ко тебе го имав со сава. Добри приватни осигурувања останаа само по приватниве фирми, колективно приватно, инаку индивидуални понуди многу слабо.
Немаат сите групни од фирма каренца. На маж ми приватното од фирма нема никаква каренца. Ти важи од ден на договор кога ќе потпишеш, таква им е политиката, таков пакет имаат што вклучува и породување. Е сеа мене ако сака да ме осигура преку него, има каренца за породување, 10 месеци. Исто и за индивидуалното што прашував во еуролинк имаа каренца.
Да, верувам дека има разлики. Зависи компанијата што договорила. Не знам. Инаку да, во претходната компанија немав каренца.
Да, да. Има некои понуди кога ќе ги собереш ратите искача ко да си платил цела сума за породување па и повеќе.
да тоа и мо излезе ама дека е последен update во 21ва си реков од тогаш навака да не е поскапено како и се друго нели фала