А сами си прашавте или? И каде ако да? Ние бевме на една контрола само и не планирам да ја носиме пак бидејќи не сме од ск, но може да ми ја земе некој
Еве гледам уште им е на флаерот. @TeddyGrey @Black girl сум заборавила да ве означам на последното мислење
Првиот пат прашав, не беше донесена. Вториот преглед сами ми ја дадоа. Може ради короната да беше укинато тогаш.
Јас се изначекав за тој сертификатот, сигурно после три месеци го зедов, не можеа сликата да ја најдат. Мораш да си упорна да си ја бараш, не чекај на нив.
Ќе може некоја што скоро се породила во Систина да ми каже што точно треба да носам за себе а што за бебе?
Ништо не ти треба , се има таму и за тебе и за бебе. За излегување само за бебе облека треба накнадно ќе ти донесат тој ден кога ќе излегувате. За тебе лични работи ако си користиш креми и слично
Како што ти кажале, ништо не ти треба, освен ако сакаш да си земеш некои работи за себе. Последниот ден ќе ти донесат само облека за тебе и бебе. Со лесно.
Дали пуштаат посета во Систина? И во кој период, дали можре да дојде цела фамилија или може само маж ми? И уште нешто, дали би го пуштиле маж ми на пораѓај?
Да, еден по еден. Бар пуштаа во Април. Јас им кажав на моиве дека не може, само мм доаѓаше. Да, и за сопругот може да присуствува на пораѓај,за детали прашај си само. На царски мислам дека не можеше.
Полнач, дезодоранс, крем за лице, чешел. Таму имаш шампон, регенератор, гел за туширање, четка, паста, но јас си носев мои. За бебето ништо не ти треба.
Да, деца до 12 години не пуштаат. Јас се породив пред 3 недели во Систина. Може дете да дојде само до пултот, па ти да искочиш. Така ние направивме пред последниот ден. Иначе во соба не дозволуваат да се влезе.