Дали во приватниве уште не примаат трудници позитивни на ковид, конкретно Систина? Минатата година ме нервираше што не следеа некој протокол, многу луѓе имаше во чекални без маски, а те враќаат ако си позитивна. Баш ме интересира дали вечно планираат да враќаат ковид трудници или ќе се помират со фактот дека ковид е скоро сведен како обичен вирус
Сега прават само брз тест пред прием. Барем мене така ми направија. Баш тогаш си помислив, и што ако испаднам позитивна, ама среќа испадна се добро. Мислам дека не е до болницата туку не смеат да примат ако е трудницата позитивна.
Пред да се породам додека одев на прегледи во Систина ми беше многу страв дека ќе закачам ковид во нивната чекална баш на крај и дека ќе ме испратат на гак. Бев во тежок карантин заради тоа и среќа испадна се ок. Ама искрено сега се плашам уште од истото и ми фуфка за второ иако не сум трудна, размислувам на темата зашто не сакам да се оттуѓам толку како во првава бременост, бев доста осамена и не сакам да е така. Ама ај до второ има време, може и ќе се сменат работите до тогаш
Потполно те рњзбирам. Минатата бременост и јас бев на штрек буквално од страв да не закачам, па што како ќе биде. Оваа бременост си реков, нема да си дозволам толку да паничам, и морам малку да се опуштам, и заради бебе и заради мене. И искрено, многу убаво си поминав од таа гледна точка. Без тој стрес. Ти посакувам се да биде како ќе посакаш, и без стравови и стресови да ти помине наредната бременост
Фала, ти го посакувам истото и тебе. Дефинитивно треба малку да се искулира, ама посилно е од мене на моменти. Надежно до второто ќе успеам малку да се опуштам за да уживам повеќе во бременоста
мене ме интересираат искуства за пораѓај царски во Систина се мислам мегу Димчев и Панчевски .....има некој да ме просветли ?
Веруј кај било кој доктор да се решиш да се пораѓаш сите се одлични и ќе поминеш супер. Многу битно е што после царски имаш голема помош и од сестри и од болничари и за што и да треба достапни ти се 24/7
Јас кај Панчевски планирам, од 4ти месец одам само кај него и толку многу го засакав, како татко ми има топлина тој човек, сега на следната контрола ќе прецизираме за пораѓај што како ама што и да каже имам доверба скроз.
Супер, затоа што картончето не можам да го најдам а секако планирам во Систина да се пораѓам па да не одам пак до трансфузиологија.
Ама види и уште некој да пише мене ме примија ден порано за серклаж, претпоставувам дека е исто, за пари да земат
Систина на сите им прави рх фактор не признаваат од друго место. Јас долгогодишен крводарител сум и не сакаа картончето да ми го примат морало од кај нив.