А ако е од кај нив од претходно? Јас го чувам пример резултатот од претходното породување. И тоа ли го негираат?
Тоа важи. Јас прв пат испитував крвна група за една операција што ја правев кај нив. После тоа кога требаше да правам киретажа пак сакаа да тестираат крвна група, ама ги потсетив дека веќе имам правено интервенции и да си проверат во систем. Така што ти стои во твојот електронски картон таму, само може ќе треба да напоменеш.
Хахаха е тоа не знам, знам кога имав мисед можев со картончето од крводарител а кога требаше да раѓам не ми го признаа. Ама сигурно би ти важело, не можеш крвна група да смениш
За вило кој од нив двајца се одлучиш нема да згрешиш, двајцата е одлични специјалисти и Панчевски и Димчев од Систина се докторишта.
па тоа и ми прави проблем што и двајцата ми оставија одличен впечатокКај Панчевски дојдов на скрининг пошто Димчев беше отсутен кога можев јас и ми остави и тој предобар впечаток како мн јак доктор плус народен некако и насмеан и опуштен и сега сум во недоумица
Панчевски ми беше вториот доктор за време на царскиот. Резот ми е супер, феноменално изгледа. А премногу бев надрогирана за да го запамтам вицот што го кажуваше. Само памтам смешно ми беше и се опуштив.
Какви се глупости се дешаваат си сакаат од нивна лабораторија. Не дека ќе смениш крвна група, туку сакаат да се сигурни. А секако ти влегува вобпакетот за породување.
Дали може да знам кој го прави резот? Докторот со кој се договори да ти дојде на пораѓај или некој друг? И дали ласерски го затвараат? Ако не ти е тешко на кратко да опишеш како е со царски, дали си задоволна итн. Имам закажан царски со Гордана Петровска, да знам што да очекувам
На царски се двајца доктори. Тој со кој што се договараш, и плус уште еден. Веројатно кој е на смена. Резот е класичен, со конец, ама убаво зараснува само тенка линија има и тоа доле баш кај пубична зона.
Резот го прави, а и општо цела операција ја води оној доктор со кој што сте се договориле. Другиот доктор само асистира на операцијата, зошто нели сам човек не може да работи таква интервенција. Резот се затвора со ресорптивен или нересорптивен конец( овој вториов се вади по 7 дена од операција), зависи како преферира операторот.
Ми земаа од нос и од грло за стрептокока. А иначе брз тест за ковид прават на денот на прием, тоа заборавив да ти го кажам.
Тие што сте породени во Систина, ако може да ми кажете дали третиот преглед на бебето кај педијатар се наплаќа?
Аха, значи бидејќи на третиот бебе ќе биде месец и два дена, ќе ми наплатат, така? Немаше термини, па така испадна… па викам да си прашам, да знам