ми должат значи кафе и фризерсј, а богами и фотографирање на излегување. За кафе никој не ме праша 5 дена. А за фризерај не ни знаев. Само за фотографирање ми беше чудно зошто нмжема. Дека ме испуштаа сабота, па и Божиќ ништо од ова немаше. А баш дента бевме 8 трудници што си одевме. Срам да им е.
Еее шо не кажа На излегување ние сами се сликавме кај тоа ацибадем систина кај пултот, т.е сестрата не сликаше, а фризерката викенди не работи е сеа тебе па Божиќ те фатило
Се сликавме и ние секако со наш апарат, особено дека и со баткото прва средба им беше. А ќе си го барам кога ќе одам на контрола за резот . На тие пари бар една фризура да имам
Овие во Ремедика скржави, никаков фризерај или масажи не даваат А плус во Систина и попуст за бебето има понатаму, а овие се прават на удрени и ништо не даваат Да не ми беше докторката таму, што ќе им одев...
Сликање, подароци и фризура само во Систина практикуваат како што читам. Вака по другиве не сум видела. На таа пара, богами и те како треба да истинтраат до крај
Скржави се богами, јас мислев ќе има барем некој попуст или пакет со цени за тие редовни скрининзи кога веќе цела бременост кај нив се тера, ама нема Можеле и они малку нешто да сменат годиниве, а богами и за парите што ги добиваат. И јас таму одам за скрининзите и најмногу поради докторката. Здравје да стигнеме и до породување
Нели? Мене кога ме пуштаа со син ми, на цимерката подароци , тестери мене омекнувач еден извини вика , само ова остана Во Систина сега ептен се потрудија стварно
И прва бременост прегледи не само скрининзи, и се породив таму, а сега и втора бременост терам целосно таму пак сосе пораѓање. И пак ништо Немав цимерка, во апартман бев, тогаш ковидот беше на почеток, па можеа гратис барем да ме измасираат без никој да види, ај не мора фризура Морееее ќотек! Што е за право, ми дадоа цела ќеса подароци, дури и прашок за перење добив
Подароци имаше и во Ремедика, пред 5 години. Мустела, бекутан и прашок големо пакување, ама немаше торба. Па да де, затоа викам да си ја побарам фризурата или парите
Ништо, закажете фризер и додека ве средуваат, нарачајте кафе да си се напиете, па на крај и сликање да падне. Ете во Ремедика бар ми понудија кафе, но одбив.
Богами јас како што не сум била на фризер кој знае од кога и косата ми се распаѓа, ќе ја исплашам фризерката и ќе ја тргнат услугата од пакет Доволно е само да ме породат како што треба и да не ми се дерат дека глумам болки и лудило, затоа и одам таму.
Супер ќе биде. И мене Петровска ме пораѓаше, жената е стварно одлична. Избуткајте колку можете. Верувам се од терапија што може веќе ти дала за да издржите.