Постапка со која во дебелото црево се става ректална сонда (преку анален отвор), со која се става течност, најчесто вода. На тој начин се дразнат рецепторите, омекнува столицата и доаѓа до потреба за празнење. Вака некако изгледа.
Со првото детенце поради висок притисок само што влегов во 9 ти месец ме породија со провокација и не беше лошо е за сега со ова немам проблем со притисок ама исто така сакам спремна на закажан пораѓај да отидам секако ако е се во ред ако бебе има качено доволно на килажа ,а веќе е свртено со главче надолу.
Искрено не знам. Природно се пораѓав и веќе беа почнати породилните болки кога ми го ставија и ни К од клизма не осетив.
Звездичка бидејќи веќе си поминала на тој начин во Систина те молам за одговор (и доколку други мајки поминале ве молам споделите мислење)… - кај кој доктор во Систина можам да одам на закажан природен пораѓај со провокации, дали со секој доктор можам да прашам за ова? Бидејќи јас сум 37ма недела, а бебето по мерки одговара за 39+5, докторот ми рече дека доколку вака продолжи да си напредува ќе биде тешко за природен пораѓај (ќе биде премногу големо за да се роди природно) бидејќи се очекува да расте уште во наредните 3 недели до 40та недела. сега во 37ма недела е 3500-3700 гр Ми рече да дојдам повторно во 38ма недела, па се мислам….доколку е се во ред дали ми е паметно да прашам за природен пораѓај со провокации Бидејќи сакам да пробам природно,прво бебенце ми е, имам желба за повеќе дечиња и не би сакала да се откажам од природен одма (нормално доколку докторот потврди дека бебето е спремно и во безбедна зона за излегување) Дали повеќе боли со провокации? Дали провокациите можат да се комбинираат со епидурална доколку станат многу јаки болките.. како оди тоа
Мила јас со првото детенце се породив во Америка тогаш таму живеевме а сега ова бременост ја водам во Систина кај Др-Корнелија Трајкова и баш ја прашав дали ќе можам на закажан природен пораѓај со провикации и ми рече да може и ние тоа некогаш го практикуваме само да не е веднаш во 36 та недела туку после тоа,а инаку првиот пораѓај ми помина супер ми ставија провокација и чекав да ме фатат болки за да примам епидурал и веќе кога почна да ме боли некаде бев отворена околу 5-6 цм ми ставија епидурална и после само напоните ѓи осеќав болките помалку е сега не знам без провокации дали повеќе или помалку боли.... ако планираш во Систина да се породиш најверојатно може да се договориш со др за пораѓај со провокации бидејќи бебето е веќе спремно.
Фала ти многу на одговорот. Јас одам во Систина кај Др Дракулевски. Ќе разговарам со него за оваа опција да видам што ќе ки каже. Според тоа тебе што ти го кажале, во 38ма недела значи има можност за провокација веќе..
Нема на што мила,па да мене така ми рече може ама да биде после 36-та недела е сеа и јас планирам ако е бебе добро на килажа се др е во ред ,а веќе е свртено со главче надолу некаде 38 ма 39 та да ме породат здравје само.
Моето искуство со провокација е одлично, мене епизиотомијата најмногу ме заболе, имав болки ама многу подносливи, ко појаки менструални грчеви. Ова е искуство без епидурал
Мене докторот во Систина , со прв царски сум инаку, ми предложи да пробаме природно беа поминати речиси 5 години од царскиот. Ама откако ме виде на ехо, рече мора царски , јас секако така и сакав. А Ремедика докторот што ме водеше, ми рече никако природно после прв царски. Деф. Ремедика форсираат царски. Освен можеби Симонида.
Не знам дали форсираат ама на предавање баш кога бев две докторки кажаа дека оставаат пациентката да избере дали сака царски (што за мене е глупост ама океј). А Симонида баш кажа дека она секогаш дава своја препорака од медицински аспект и препорачува да се проба прво природно кога има услови за истото.
Тројца доктори од ремедика ми рекоа дека можам природно ако сакам. Ти го знам хејтот спрема Јовановски ама не е фер другите доктори да ‘страдаат’, ги има предобри.