Кои? Кажувам докторот вели дека после царски мора царски , тоа ок е според тебе? Како во Систина сосем различно ? Три другарки од нигде никаде , од цтг на царски, ко финта им стана. Две кај Ефремовски една Кај Петановска. Нема врска стручноста на докторот со форсирање царски .
Во принцип и во Систина да речеш ќе ти ја исполнат желбата. Само нема потреба да се потенцира, сепак докторот треба да одлучи ама акј нас одамна е се забегано.
Јас на пример од Симонида сум многу задоволна зошто убав пристап има, те охрабрува некако. Не те форсира да се осеќаш дека мораш нешто, ама имам чувство дека повеќе тежнее природно да е. Не форсира одма царски на прва "препрека".
Јас само да дадам совет....Симонида е кралица. Кога сите ме плашеа она ме охрабруваше Кога сите се оградуваа и не сакаа да ми дадат лекарства за желудникот она ми даде и ме спаси. Кога сите ми викаа не пиј ништо за глава ( а ме убиваа главоболки) освем парацетамол она ми кажа слободно да пијам и бруфен и кетонал. Пристапот и е најчовечен. Мене многу ми помагаше од секој аспект.
Ти си еден случај, јас сум друг, да земеме сите така да кажуваме ќе најдеме 1001 пример. Општо правиме муабет секаде е исто, ако не се породиш до утредента одиш на царски во трите приватни болници, не знам Плодност како е. Не знам дали тоа е форсирање царски или во државните форсирање природно. За тоа и одат повеќето во приватна.
Точно и јас ова го потврдувам. Уште во 36 недела кога отидов ѝ реков дека страв ми е природно и ми рече: засега идеални услови имаш за природно ако остане вака греота е царски да те пораѓам. Нема шо да се плашиш ми вика, јас сум тука горе се сите акушерки одлични, ако многу те боли ќе ти стават епидурал. И кога дојде денот кога ме прими со болки ме виде цела изуплашена и ми рече дека ќе остане со мене. Иако ѝ завршуваше смената кога ме прими, остана уште цели 5 часа со мене во соба и ме чекаше да се доотворам за природно да се породам. Буквално седеше до мене цело време додека лежев, пораѓајот ми помина во муабет со неа и со акушерката. Во ниту еден момент не стана збор за царски. Можеше и дома да си оди и да се врати за крајот, или да си оди и да ме препушти на друг доктор. Таков доктор а пред сѐ човек и жена не знам дали некаде има. Едит, да дополнам. Од познанички што имам што се имаат породено кај неа (5-6 жени), само една знам царски дека ја има породено пошо носеше близнаци.
Напротив, јас кај др.Бојаџиев на консултации кога одев инсистираше природно. И тргна се природно, ама кога не бива морав на царски.
Дали покрај фиксната цена за царски пораѓај од 138000 се доплаќа и некоја сума за “припрема”, и што тоа значи?
Колку е цената моментално во Ремедика дали знае некој? И природно и царски. И дали се доплаќа нешто плус?
Здраво Тие што се имате породено во Систина царски, дали може да ми кажете кога бевте на прва контрола? После колку време од царскиот?
Здраво Доколку може да споделите колку чини породување во Систина, Ремедика и Санте Плус? Која би ми ја препорачале