Дали ги вакцинираат бебенцата веднаш после пораѓај? Или за првите вакцини треба на друго место да го носам?
Веднаш примаат вакцина. Следната е околу вториот месец Едит: сега видов дека за во приватна прашуваш,јас пишав за на гак
Мене Ефремовски ми ја водеше бременоста и форсираше спонтано. Ме породи Др. Јана која беше на смена дента многу итно царски заради компликација.
Vo koja nedela te porodi? Mene afrodita mi ja videse prvata bremenost do kraj bese za spontano,no zavrsiv carski zaradi slabi protoci (isto iten carski bese)
Задоволна си од афродита? Јас имав еден преглед кај нејзе во 14та недела и толку детално ме прегледа бев многу задоволна, и верував некако. Сега втор скрининг имам кај нејзе закажано и ако е се во ред би сакала и третиот скрининг и пораѓај кај нејзе да терам.
Кога пуштаат термини за ехо преглед во Систина? Конкретно за кај д-р Гордана Петровска ако некоја закажувала да ми каже за кога има.
Мислам дека два пати месечно вадат распоред. Јас кога закажував, првиот пат кога се јавив уште немаа распоред за датумот што ми требаше, па ми кажаа кога да се јавам за да закажам (мислам се јавував понеделник, а распоред пуштија петок).
Треба да си побараш, мене првиот пат кога лежев ми падна притисокот и ми понудиа. После си барав секој ден
Јас имав ризична бременост но докторот процени дека одиме природно, но ме предупреди да бидам спремна дека недајбоже ако има некој проблем ке одиме на царски. Се породив природно без анестезија
Точно 38+1. Бев на ЦТГ во четвртокот кај Ефремовски, се беше супер, веќе во саботата почнав да се чувствувам чудно - прв пат спиев цела ноќ без да се разбудам за тоалет, и имав слаби контракции. Папочната врвка беше замотана скоро цела околу вратот на бебето и водата беше заматена, а почнав и да не го чувствувам детето да мрда. Др. Јана неколку часа по царскиот дојде и ми рече дека цела среќа што сум дошла тогаш и дека ако сум задоцнела малку, не сака да замисли како би било.
Здраво девојки почнав од почетокот на бременоста со прегледи кај д-р Корнелија во Систина и би сакала таа да ме породи. Ако може да споделите искуства со докторката и како оди процедурата за породување, дали однапред знаат дека ке е царски и ти закажуваат, или пак доколку се пораѓам природно како би било дали треба со докторката да се договорам во случај ако почне пораѓајот а јас уште до Скопје не сум дојдена да не се породам по пат прва бременост ми е и сѐ ми е измешано ништо не знам како оди.