Еве јас ќе споделам поинакво искуство. На пораѓај во Систина ги замолив да ме породат сепак царски, ама и докторот и акушерките ме убедуваа да се породам природно и така и бидна и од други што ги познавам баш имале позитивно искуство во Систина, воопшто не форсирале царски, баш напротив. Ама секој со своето претпоставувам
па по правило ако нема некоја особена причина би требало да се породиш природно, мене ме водеше Корнелија и муабетот беше дека ако ме фатат болки ќе и се јавам одма за да дојде и да не е на смена, ама на крај мене не ме фаќаа болки докторката одлучи да ме породи со провокации на договорено, се породив во 39та недела природно, од нејзе и од целата услуга во Систина сум презадоволна. не верувам дека ќе се породиш по пат не се секирај не е така брзо
Некој да ми сподели искуство дали Плоднос или Систина? Втора бременос ми е првата се породив Систина али за вторава сум во дилема малку прво ради подалеку што ми е, а второ не сум баш задолона од пристап за разлика од првиот пат (кај ист др идам)
Јас сум во Систина моментално водам бременост и сум на крај. Си одбираш доктор кај кого сакаш, и на истиот му кажуваш дека сакаш да те пораѓа. Околу пораѓајот разговарате на крај на прегледите, зависно од позиција на бебе,состојба твоја и на бебето итн.. докторот кажува мислење. Не сум уште породена, ама ми кажаа дека кога ќе дојде моментот да се пораѓам и да не е докторот таму, му ѕвонат за да дојде веднаш. Ова е се што знам од моето досегашно искуство, се надевам нешто ќе ти помогне
Да Звездичка. Последниот пат кога бев (тоа беше во Понеделникот завчера) бебето то измерија со иста килажа како предходната недела 3700 ГР. Со објаснување дека е веќе спуштено во канал и неможе точно и убаво да се измери… Го прашав докторот што мисли за пораѓај пак, ми кажа дојди за два дена (денес), да те прегледам и вагинално како стојат работите и да ти кажам. а јас осеќам притисок и грчеви менструални секој ден, веројатно од самото спуштање на бебето, или пак се отварам незнам… Едвај чекам да видам што ќе ми каже денес.
Мене ме породи Корнелија со првото, одлично искуство. Ќе те следи последните денови многу често на цтг и ќе ти каже како е поставено бебе. Во принцип они не инсистираат на царски, баш напротив. Ако е се во ред ќе те породува природно. Доаѓа на повик ако почне породувањето. По пораѓај буквално секој ден ќе доаѓа да те гледа како си, многу посветен доктор е. Смирена, прекрасна.
И мене така ми рекоа, и јас сум таму уште од 4ти месец редовно, др. Ми рече да не се грижам за ништо мое е да дојдам кога ќе имам болки или водењакот кога ќе пукне, за другото они ќе се погрижат.
А зошто те породија со провокации во 39 недела? Имаше индикација некоја? Пошо даваат секаде шанса до 40+6 за природно да тргне процесот. Освен Плодност знам за сигурно (братучетка ми таму раѓаше) дека чекаат најдоцна до 40+2 ако не добие болки одат со провокации. Така ѝ беше кажано неа,надмина ли 2 дена над термин и те пораѓаме, не чекаме. Таква им била политиката на болницата.
Колку време пред закажан царски не смее да се внесува храна, течности? Пр. закажан царски во петок, не знам прецизно саат, прием е во четврток после 19:00. Во цела паника заборавив да прашам. Сигурно анестезиологот ми кажал, ама кога ми спомна дека мора со спинална анестезија, толку испаничив што ништо не дослушав.
Мене ми кажаа дента на прием може што сакам да си јадам. Од 7 прием веќе нема јадење а течности до 12 часот а царски закажан нареден ден сабајле.
докторката така одлучи, искрено не навлагав многу, ми ја водеше цела бременост и безусловно и верував, ми рече дека постелката е зрела, плодовата вода намалена, идев секој ден на цтг и преглед, според тоа што она гледаше рече дека бебето веќе не качува и дека е време да се породам, ми кажа ако до тој и тој ден не те фатат болки, ќе си се спакуваш ќе си дојдеш во болница ќе те породам со провокации, така и беше
Дали мора прием еден ден порано, какви подготовки прават и дали и таа нок спаѓа во тие 4 ноки што влегуваат во пакетот за царски?
И јас сум кај Др Корнелија исти случај постелката ми е позрела за неделите па ако не ме фатат болки и јас ќе сум со провокација,дали зеде епидурал и дали можеш ако не ти е тешко да ми објасниш како одеше процесот од прием до крај навистина би ми значело и ти благодарам однапред ,а и ме занима колку тешко се роди бебенцето со таа постелка дали сепак качи некое кило до крај??
Не, таа ноќ не ја сметаат, значи вкупно 5 ноќи се за царски во Систина. Таа вечер те сместуваат, болничарка проверува дали си средена на интимата, мене ми правеа цтг 2-3 пати и сабајлето ставаат клизма за прочистување и си чекаш да те земат во сала.
ме примија накај 7h вечерта, ми дадоа клизма се, во 12 ноќта ме качија горе и ми ставија некоја вагиналетка за омекнување на грлото на матката, така спиев и уклучена на цтг ( читај не спиев ) сабајлето накај 7-8 дојде докторката и ми го пукна водењакот и ми пуштија провокации преку инфузија, одма ме фатија болки, си побарав епидурал ми ставија, мислам тука некако се успори цел процес, не осеќав ништо, се породив дури накај 2. бебето беше 3.570, докторката го мереше помало