Мислам дека ми наплатија само крвна слика на бебе направена пред испис. Дури лежевме фототерапијата не ни беше наплатена. Не' пуштија дома регулаено кога требаше да си идеме, за плус лежење мислам дека се плаќа. @Tess36 честитки мама! Гушкај сонциња
Честитки да се живи и здрави бебуши и само радост да ви носат. Ако го сунчаат додека сте таму не се наплаќа. Моето дури и го сончаа на лампи во инкубатор (подобри биле за таа намена) па не доплатив ништо. Кс за билирубини и мене една ми наплатија наводно по некоја цена со попуст околу 1600 мислам. За среќа не испуштија кога си беше ред инаку мислам дека е солено да се остане уште ден/два, ако не се лажам 500еур од ноќ.
Здраво мајки, да прашам дали некоја има искуство со пораѓање во One Hospital во Тетово што е болницата?
За породување не знам, ама за прегледи што сум била ми има оставено многу позитивен впечаток докторот
И мене со првата бременост 39 недела одлучи докторот со провокација. Веројатно секој пациент е индивидуален.
Да да секако дека е секој пациент индивидуален и има мн фактори поради кои треба ете во 38-39 недела (па и порано) да се породи со провокации, тоа си гледаат и си знаат докторите според плодова вода, цтг, протоци, развој на плодот итн. Ама баш ме зачуди еве на пример во Плодност иако е сѐ во ред не чекаат повеќе од 40+2. Во секој случај е подобро ако нема некаква индикација да се почека процесот природно да си почне.
не носев ништо, ако мислиш на извод на венчани, знам ремедика бараат. кога ме примија ме испрашаа се, си запишаа и тоа беше тоа
Ништо не треба. Тие поднесуваат електронски и го известиле маж ми додека бев уште во болница, штом не испуштат, со извод на венчани, копии од лични карти и лични карти на увид (и не сум сигурна дали требаше и отпусното писмо да го носи таму или за друго место му го бараа), во рок од 30 дена да оди во Управата на кеј, кај Камени мост, таму се пополнуваат барања и се уплаќа административна такса.
И мене не ми бараа но имале некој инцидент лани, еднаш грешни податоци напишале, а пошо они преку систем ги испраќаат до матично, баш членки тука пишуваа дека поради тоа почнале да бараат извод на венчани за да се избегнат грешки во податоците.
Во Ремедика во собата кај што се прави цтг баш го има тоа, пишува на лист, да се донесе извод од матична книга на венчани се со цел да се избегне погрешно внесување на податоци И да, поради инцидент е сега така... Онака им е само на ливче испринтано, не дека нема да те примат да раѓаш без изводот, секако ќе те прашаат за податоци...