Јас се породив во Ремедика, мене ми побараа венчаница, лична карта и податоци кои им беа потребни (ме испрашаа) како што пиша @Anaroz1.
Да не сум офтопик таму. Знам за прегледи, тоа и јас забележав кога одам на контрола, но за посети ме интересираше дали има промени. Ако има некоја тазе инфо, нека сподели.
Од утре ќе сум таму па ќе ви пишам за посетите, прашував сестри, една вика може друга вика не, не знам како ќе биде Ќе ве известам тука
За сите што ве интересираше за второ породување во Систина , пред некое време се зареков дека ќе се информирам и ќе ви кажам и се информирав ама заборавив да споделам информација овде Мозокот на пасенје ми е страшно дури .. Мојата кума се пираѓаше по втор пат во Систина и и дале апартман без да доплаќа ништо поради тоа што втор пат раѓа таму . Но сепак според неа зависи тоа од моменталната преоптеретеност во однос на пациенти . Посетите регуларно за сите пациенти дозволени од 10ч сабајле до 20:00ч но нејзиниот сопруг имал останато во два наврати подоцна никој не направил проблем . Плус свечена вечера за нејзе и сопругот како второродка ја следувало .
Не не за Систина јас убаво си кажав и тогаш , сега ме мрзи да барам пигоре низ страните . За во Ремедика немам никакво искуство и не сум ни спомнала дека знам нешто за таму Еве, можеби на некој ќе се најде да знае што да очекува
Јас се породив во Вторникот со провокација во Систина а и со првото бев со провокација и имам две сосем различни искуства.
Имало масажа во Ремедика бе, џабе ги ругав За да и' парираат на Систина, уште да частат апартман за второ породување, фризер и попуст за деца родени таму. Ова стои во опис, имало масажа и сликање: Медицинска масажа на грб со претходно закажување Можност да се фотографирате во Ремедика Дополнителни услуги за идните мајки: Бесплатна консултација со специјалист хирург за естетска и платична хирургија со претходно закажување Бесплатна консултација со специјалист дерматолог со претходно закажување Специјален попуст за Фотона ласерски третман на стрии кај специјалист дерматолог
Секако Со првото одлично искуство со провокација ,плус примив епидурал и само осеќав напони болки минимални а сега очекував да биде и уште полесно оти второ нели ама изгледа епидуралот не ми фати и болките беа неподносливи со провокација,не би сакала да те плашам воопшто се се издржува ама мене ми беа тотално различни двете породувања...