др Јана Белевска и др Емилија Петановска па супер беше в сала, позитивни сите е ќе видиме утре здравје првото станување, сега за сега не осеќам болки којзнае какви
Здраво! Мајка ми и свекрвата сакаат да се пораѓам приватно и предложија санте плус бидејќи е најевтино, сега плус имаат и некоја промоција. Јас сакав во државна бидејќи имам слушнато дека се многу подобрени условите, плус имам другар што е таму на специјализација, па ќе може колку толку да ми помогне ако имам проблеми. Дали некој има искуство со санте плус и кај кој доктор? мислите дека Санте плус е доволно добро? Не барам перфектна услуга или некое посебно тинтрање, само да биде доволно чисто и докторите да се одговорни.
За ова што бараш, ја на твое место би ја избрала државна. Пиши санте во пребарувач, ќе прочиташ искуства. Има и позитивни ама ретки се.
За Санте има многу мислења на форумот, пребарај и одлучи. Последно да е, таму не би се породила. Ако сакаш приватно бирај меѓу Систина и Ремедика.
Гледам веќе ти одговориле ама ајде и јас . Ако можеш приватно Систина или Ремедика или Плодност не знам од каде си . Ако овие опции ти го надминуват буџетот и ако бираш помеѓу Санте и ГАК јас на твое место би го избрала дефинитивно ГАК , во Санте искрено не би се чувствувала сигурно . Како што ти кажа и членката има и добри искуства од Санте ама ретки и сега во последно време на сите им ставаат некакви дополнителни трошоци за “терапија на бебето” и на крај им нсплаќаат малтене како во Систина да се породиле а нивото небо земја разлика. Вчера разговарав со една пријстелка царски во Санте 1950 евра и наплатиле оти наводно на детето терапија давале . Гак оди според мене .
Sega e smeneto ima druga opcija 850 evra prirodno poroduvanje bez dopolnitelni trosoci ni za majkata ni za bebeto super e santeplus jas sum mnogu zadovolna
Зависи од кај си и како ти одговара. Можеш и Органџиски. Почнаа со работа веќе во болницата. 85 илјади природно, 127 илјади царски. Види на веб, имаш и бројче. Нема скриени трошоци.
Важно е ти што сакаш, не они. Ако бираш меѓу Санте и Државна, Државна ти е подобар избор. Има многу мислења на претходните страници за Санте, прочитај ги.
Државна кога веќе имаш некој, и во приватна е различно со познаник. Санте мене би ми било на последно место. Кога веќе сакаат да ти платат приватно нека ти платат Систина, не најевтино, промоција.. не ти купуваат парфем. Плус со ограничен буџет зезнато е, никој не може да ти каже цена, не дај боже плодова вода да голтне на пример, ти испадна поскапо од Систина за иста ситуација
Чисто и јас да кажам дека сигурно е. Јас се пораѓав втор пат таму само апрармтанот беше зафатен па ме ставија во единечна соба а првиот пат бев со уште една мајка. И да имаш свечена вечера .
Ме примија сега систина закажан царски, само да ви кажам дека за второ раѓање ми дадоа апартман ако се прашувавте ова денес. Тоа не е битно, се нека биде како што треба
Sante nikako, privatno samo Sistina ili Remedika, mada jas za Sistina bi se odlucila. Za Gak ako nemas jaki vrski ama bas jaki ne nekoj specijalizant sto vikas podobro odi vo Cair.