Тоа можеби им е организирано да одат по апартмани да прашуваат. Којзнае дали одат по собите. Да одеа, ќе се пожалеа пациентки за ова и ќе сменеа нешто. И јас не сум против посети, но не е во ред да трае тоа цел ден, можеби е пофино да се има одредено време кога може да се дојде. Не знам ни на родилките како не им пречи цел ден тука мајката, свекрвата, мажот да им дремат. Можеби јас сум некој чурук, но не сакав никого да видам освен бебето. И мм ми фалеше многу, но и да можеше да дојде, тоа на кратко ќе беше. И покрај тоа што немаше посети пред 3 години, зедов апартман за да не пречам никому и мене да не ми пречи никој. Дали сум хркала, сум зборела на телефон, што сакам правам без да ми е незгодно дали некого замарам. А и јас сакав мир, не сакав да ми се погоди некоја цимерка која уста не затвора и да ми збори или пред мене цел ден да зборува на телефон. Ич не ми беше досадно сама да сум, мозок си одморив пред да се прибереме дома и да се фатиме со новите предизвици. Мм го видов само од прозор. Да можеше посети, сигурно на кратко ќе дојдеше и ќе си заминеше иако бев сама. А на посетителите во Систина им прават тестови за ковид?
Najdobro e da nema poseti tamu kaj so se bebinjata, sto znaci vo sobite, poseta neka ima nadv На ова само ќе кажам, дека се стискав саат време за во тоалет зошто таткото на цимерката седеше буквално во вотеља пред тоалетот свртен на кај телевизорот како на кино, мене прв ден после царски само што ми го извадија катетарот шансите кога ќе станам да офнам се огромни, на никој не му посакувам таква ситуација да се устручава ради туѓа простоќа и на крај кога им реков дека се без осет добив одговор дека ако сум сакала приватност јас сум била таа што треба да ди плати приватен апартман, што да кажам освен тоа е прост менталитет кога сељак ќе се покондури. Нека ви биде се јасно кога цимерката стасала да се пораѓа и направила чек ин во Систина, како божем во хотел оди на одмор...
Тоа за тој дел, инаку во однос на другиот персонал нема што да се коментира, да не беа сестрите од педијатрија толку упорни и трпеливи не знам дали ќе научев како да го ставам бебе да се дои и да стимулира, пак да треба да се пораѓам пак би го избрала истиот доктор, само не знам дали би одела на лото за цимерка или би си доплатила за приватен.
Идејата ми беше само на некој начин да смирам, бидејќи сигурно има некоја што сега ќе се пораѓа, да не чувствува стрес. Искрено и јас не сум за посети, ама затоа и напоменав, дека многу зависи од цимерката. Јас тоа од 10:00 до 20:00 часот го гледам, кога може сопругот да помине да те види. Значи голем дел работат на смени, па да има можност и тие што работат на смена да дојдат. Го кажав примерот со Чаир, чисто да се види дека и да нема посети, ние некогаш сме безобразни и немаме усул. На крај се поаѓа од нас. Да бидеме реални, ако нема посети ќе викаме зошто нема, ако има, зошто има, зашто тоа некој го искориствува до крај. Инаку кај мене цимерката во Систина, како што кажав имаше мм, мајка и татко, ама толку беа коректни, ептен тивко збореа, заведата одма ја повлекоа, така што не ми пречеше. А цимерката од Чаир, беше ептен до мене, не делеше оноа за ставање ствари, и верувај ептен, ама ептен замара, некој да ти збори на уво. Јас пак одам од ставот, освен мм, и тоа на кратко, нема потреба никој да дојде. Мајки, татковци, баби, дедовци, ќе дојдат дома
Страшно, немам зборови… Јас имам деуго искуство, па затоа не ми сметало. Иначе, и јас би се скарала, ако имало ваков однос од нивна страна. Сепак е болница. Јас би да се дозволи посета само на мм. Па што бараат сите таму? Да не бидам сфатена погрешно, ама стварно не разбирам.
Јас скоро лежев на клиника, цимерката ми се погоди културна. Доаѓаше дечко и на посета секој ден по два часа, и тивко збореа, не беа гласни. Ама сепак ми беше ептен шубе верувајте. Имав многу гасови од интервенција, катетер, дрен, инфузија, рани... гола бев на спавача без прслук. Се стискав додека беше таму да не ми се испушти... па и од стискањето ептен болки добив. Едвај чекав да си отиде од собата. Ајде 20- 30минути е океј, ама два часа дремење и дрндање за секојдневни муабети додека јас изнемоштена лежам до нив не. Е затоа што си видов мака од таму, баш планирав Систина мислејќи дека има некој ред. Ама после вашите приказни дефинитивно ќе сменам. Од друга страна сум била и јас на посета во Систина, сме седеле двајца 30минути колку да ја охрабриме, дека ќе се среди, и ми беше многу незгодно самата на себе затоа што до нас преку завеса лежи друга жена и ни го слуша муабетот. Знам дека и нејзе и сметавме па гледавме да останеме само пола час. Се зависи од културата на луѓето каква цимерка ќе се погоди. Ама толку пари 2200 евра да плеснеш и да одиш на среќа, дали ќе ти се погоди или не - НЕ
Ова на Систина не им чини. На што личи тоа кај родилки чопор луѓе. Да се жалите кај персоналот. Па не знам и персоналот зошто не ги избрка ваквите безосетни.
@juice_ те разбрав, ама сепак ете мене ми е подобро да знам во што влегувам, особено толку пари кога плаќам. Да се побунат повеќето сигурна сум дека ќе сменат, на многу луѓе ова не им е сеедно, а фала богу се уште имаат конкуренција кога станува збор за оддел гинекологија и акушерство. Инаку за две недели влегувам во девети, ни мене не ми е далеку моментов. Јасно ми е и зошто ја направиле флексибилноста на времето за посета за да не трча некој од работа, ама поголема беља прават вака со одење во крајност. Многу лесно се менаџира тоа, треба само да сакаат. Сум одела и во државни болници на посета, имало ред и се почитувал. Ме пуштале и вон време за посета имале разбирање, ама се знаело дека тоа треба да е кратко и да не замараме други. Ако допуштиш на луѓе и нивната совест, си го обрал бостанот. @pilence23 на твое место директ кај сестрите ќе одев да се бунам, па они нека се оправаат или нека ми бараат друга соба. Со некултурни ако влезеш во расправија само ќе се вознемириш, како што било и кај тебе за жал.
https://acibademsistina.mk/spetsija...uvane-i-kompletna-grizha-za-majkata-i-deteto/ Ова ли се последните цени? Од Август 2021 се, некако чудно ми е, нели во 2022ра ги менуваа? Што се однесува до посетите во Систина, многу непрофесионално. Во тој ранлив период сигурна сум дека никој не би сакал толкава галама околу него. Од многу аспекти е некоректно и мора да се промени. Ама си имаат Систина такви пропусти. Иако се приватна болница и се плаќаат енормни суми, да не заборавиме во која држава се наоѓаме за жал. Кај нас во секоја прилика се гледа ако може да се фати кривина. До менталитетот си е, тој ни за 100 години од сега нема да се промени мислам. Мене здравје би ми било второ породување таму, иако првото не беше со добар исход. Првиот пат бев таму само 24ч, ме породија и утредента имав испис. Бебе за прегледи немав, не лежев 3 вечери, не користев голем дел од работите во пакетот, а сепак платив целосна цена. Сум зборела за ова и претходно. Сигурна сум дека за жал не сум единствена трудница што поминала низ такво искуство, и мораат да си ги прилагодат цените. Во тој момент не бевме во состојба да размислуваме за цената, ама воопшто не е коректно. Каде треба да нагласам дека ми е второ породување таму за да добијам апартман и што ако во моментот нема слободен?
Може посета да има наутро и попладне, за да може да посетат и тие што се прва и тие што се втора смена. Тие веројатно сакаат да се флексибилни и да удоволат, нели цел ден да може кога сака да дојде некој, но ете тоа се злоупотребува и некој си мисли дека може да седи цело едно работно време таму.
Не е проблемот во тоа кога да се посетите во текот на денот. Туку да биде ограничено времето за посета, на пр. 30-60минути. А да си остане тој период од 10 до 18h за посети, ама не и да им се дозволува да квачаат јајца таму. Се знае пристојно време за посета е да трае 30мин до 1час.
Мислам дека се овие цените, мене пред нг за царски ми наплатија 137000. Е сега за втор пораѓај и апартман немав ни јас, а со претходниот царски исто бев Систина, и истата ситуација бев. Ама и цимерката беше со втор пораѓај, па може немало место, што знам. Си имаат пропусти, мене пример ми донесоа за доручек и вечера ист оброк хаха, и баш тоа што не јадам. Ај за доручек каснав. Ама кога видов истото за вечера, само место сирење, јогурт, се шлогирав хахаха. Одма викнав сестра, кажав, и дојдоа од кујна ме прашаа што сакам… и си јадев друго. Се извинија, и кажаа дека е грешка… дали било, или не, не навлегувам. Иначе јас пак на сето лошо што ме снајде минатиот пат, морам да ги пофалам дека ме ставија во апартман, сами, без да ми наплатат. Да ме ставеа со цимерка, и да и донесеа бебе, мислам дека ќе умрев на лице место…За ова сум им благодарна ептен, бидејќи ептен се плашев како ќе биде… На крај, за се што не ви се допаѓа, реагирајте. Плаќате, па мора да пазат. А и доаѓаат да прашаат за престојот каков бил, па ете можност да се пожалат пациентите и тоа да се смени.
Ееее тогаш ќе треба да запишуваат кој кога дошол, па цајкани да изигруваат и да бркаат, комплицирано е со неотесан народ. Сестрите уште со тоа да се занимаваат им фали, и онака имаат многу обврски на пример ако имаат помалку персонал од тоа што реално е потребно. Тие што имаат осет, нема потреба некој да ги потсетува дека веќе 30-60 минути се таму. За другите е проблем, за нив само време од-до е некое решение можеби. Иако секакви има, и тогаш не би почитувале тие што се такви као плаќам толку и ќе седам колку што сакам.
Јас не бев во апартман ама не ми донесоа цимерка и мислам дека тоа беше плански. Да бев со цимерка дефинитивно ќе умрев. Јадење не ни памтам што имав, мислам некои посни манџи, зошто на Велики Четврток се породив, посно беше. Ме примија во 2 попладне и не јадев ништо да не случајно завршам на царски. Се породив дури вечерта пред 12, во соба ме симнаа во 2 и нешто и толку бев гладна што бев во состојба да јадам било што. Не ме понудија, си побарав и прописно ми се извинија што единствено можат кифла и јогурт да ми донесат зошто е многу касно. Имаше други пропусти, пример уште дур чекав да се отворам дојде ортопед да ми објаснува за нега на новороденчето, викам нема да имам новороденче. Се закопа во земја жената, ама треба да си водат евиденција, сигурно немало 10 како мене тој ден. Друга утка беше што дур се пораѓав во салата до мене се пораѓаше друга жена и баш сѐ се слушаше зошто вратите беа отворени. Се породи, јас слушав како бебето плаче, како се јавува на фамилијата дур лежиме горе, буквално сѐ. Чим тогаш не умрев, ќе живеам долго. Ама тие слики тешко се бришат од глава. Приватна болница не смее да има такви пропусти.
Да, тие се најбитни работи во тие моменти. Јас потполно те разбирам… Јас немав никаков пропуст тогаш, дури и додека имав епидурална и чекаа да се отворам, сестрите ме тешеа… за цела грижа тогаш сум благодарна, зашто јас не знаев каде се наоѓам. Искрено, јас и овој пат поминав супер. И освен јадењето што го утнаа хахаха друго немаше јас и не сум човек што премногу очекува. Пример побарав сок, и жената што носеше немаше во моментот, и ми се извини и ме праша дали може да однесе јадење на другите па да ми донесе или мора одма. Ја секако и кажав дека не е итно. Жената 100 пати ми се заблагодари. Верувам затоа што има некој кој мисли дека се треба во истата минута, зашто плаќа, па сигурно била во ситуација одма да носи сок, пред да однесе јадење на другите. Затоа јас одам од тоа, дека се многу зависи и од нас луѓето… што очекуваме и каков однос имаме… Да не ја полнам темава, моето искуство со трет царски е од декември, така да ако има некој некое прашање слободно нека пише. Ви посакувам на сите најлесен пораѓај, и најубаво искуство.