Се согласувам ! Нека има посета ама една дневно или ајде две посети по пола саат максимум - сосема доволно да видат бебе . Кој сака фамилијата до трето колено да му се проврви и да си тераат целодневна нека си уплати апартман - мизерија . Ејј колку среќа сум имала првиот пораѓај . Бев само 5 часа со цимерка кога ме вратија од интензивна потоа ме преместија во соба сама . Цимерката неколку часовна моја си платила за апартман ама немале слободен па и дале двокреветна соба ама да си биде сама . Кога мене итно ме примија претоставувам по грешка нивна или пак немале соба чекале да се ослободи ме сместија тие 5 ч кај неа , потоа ме преместија во друга исто двокреветна соба ама од влегување таму до испис бев сама немав цимерка исто како да сум си платила апсртман , некоја случајност и по ова што читам моја голема среќа . Е сега ,иако бев сама дневно имав по една посета еднаш се случи две ама тоа по пола саат максимум . Стварно не ги разбирам што мајка бараат во болнца до часови да дремат - каков прост менталитет сме страшно ! Она ќе користам максимум сум платил - ауффф милиони си оставил абе бегај таму на клоци од соба безобразни луѓе без осет ! Секој што е таму плаќа и цимерката платила а тоа е сепак БОЛНИЦА и да е приватна е болница ! Ако сакаш да раздаваш тутри по телефон цел ден плати си апартман па залепи си го со секундарен лепак тел на уше и не го тргај . Леле само што читав се испонервирав што се сте претрпеле жени .. Не знам сега кој имал повеќе среќа кога се пораѓав - јас или персонслот што немав цимерка ваква како вашите , немаше никој да помине добро ќе ја изреновирав болницата
Ме расплака жено Дефинитивно треба да внимаваат во такви сензитивни случаеви како твојот што и како прават да не си дозволуваат такви пропусти ..
Тоа е… Треба малку повеќе осет во и така чувствителните околности, ама ете јас ја немав таа ‘среќа’. Јас плачам до ден денес секогаш кога ќе се сетам, тоа се слики што не се забораваат. Само се надевам дека наскоро ќе створам поубави слики од таму, и тоа искуство ќе избледи барем малку.
Ајде уште малку и ќе имаш полни раце среќа и убави спомени што ќе ги потиснат овие првите . Не се заборава тоа секако,ама еве убавото што следи да го подизбледи ова прво искуство.Да ни се пофалиш колку убаво сте поминале со бебо
Се породив во Систина пред 1 месец, имав одлично искуство. 5 да ги родам таму ке ги раѓам. Персоналот е одличен, од влез на пораѓај па се до испуштање од болница имав психичка поддршка. Ме чекаа цели 11 часа за да се породам природно по моја желба. Пораѓајот беше многу лесен, бев со епидурал на мое барање. Секојдневно прегледи за мене, за малото, ме известуваа константно, одговараа на сите прашања. Сестрите за нега на бебињата и за мајките се исто супер, доста ми помогнаа околу доење за бебе убаво да си фати. Од срце ви ја препорачувам Д-р Гордана Петровска
Да се надоврзам, јас бев во соба сместена со цимерка, и кај мене дојде менаџер да праша дали имам забелешки и како сум задоволна, нема врска дали си во апартман за да дојде или не. Дур лежев таму тие 4 дена апартманите им беа слободни. Собите се големи, пространи, со цимерката сте одвоени со завеса и секој си има своја приватност. Мене лично ми се погоди цимерката, имаше осет жената во однос на посети. Посети има од 10 до 20 часот секој ден, кај мене доаѓаа моите, и маж ми и неговите, седеа не повеќе од 10 минути, и се тоа беше културно. Инаку прават брз антиген ковид тест, не се доплаќа. Јас си го платив регуларниот пакет за природно породување, и плус ми наплатија уште 1500 денари за бебушот за некои анализи на крвта.
По муабетот што " тивко" го правеа, се пофалија дека го частеле докторот, носеа ќеси и за другиот персонал за посебен третман... што да кажам, кажано е се
Е од вакви цел живот ќе си патиме .. Мизерии од луѓе ! Фуј ! А место да даваат мито колку по фино би било со тие пари како годпода да си платат апартман ама не … сељачизмот пуштен на најјако (не се однаса на луѓе што живеат во село )
Пред година и пол не беше вака во Систина.Само 2 часа беше дозволена посета.И знам кога цимерката имаше посета,болничарката идеше кај мене да ми повлече завесите за да дојам бебето на раат. А и поклони горе неможеше да се носат.Ако сакаш да частиш лекар,доле има посебен пулт каде го оставаш поклонот и пишуваш за кого е и од кој пациент.Толку.
Кај цимерката не доаѓаа на посети , маж и по 15мин. , маж ми смееше 2 часа (ова јуни м.) ама цимеркава затоа на телефонннн Ме утепа. Со мајка и беше буквално нонстоп. На спикер стаена, се си раскажуваа од а до ш. Сестра ми кога се породи , имаше Албанка цимерка , кај неа пуштија и дете мало од чопор од 10 души. Седеа со саати. И се плачеше Утредента одам со мајка ми и таа ми вика (тоа беше сега октомври) само една смее да влезе И викам молам? Вчера 10 луѓе и дете , а сега неможе? ќутеше и незнаеше шо да каже.
Здраво, да препорачате доктор за спонтано породување во систина? И која недела е најубаво да се почне со прегледи таму зошто до сега одевме во друга приватна болница зошто таму ни беше инвитрото правено но сакам да се пораѓам во Систина.
Затоа во Ремедика нема посети воопшто и е сосема исправно. Никогаш не ми бил јасен тој дел, да пуштаат посети кај мајка и бебе од неколку дена. И двајцата во најранлив период. Супер ми беше од тој аспект тие неколку дена. Имав мир и рат нешто што ми најмногу требаше. Не можам да замислам да ми доаѓаат луѓе тие денови, па уште и на цимерката...Хаос. Многу се изненадив кога ми кажаа дека во Систина било хотел промаја, кој кога сака и колку сака да седи. Голем пропуст.
34та сум моментално, али уште се мислам кај кој доктор да закажам термин зошто не сум одела никогаш таму на прегледи
Иако пред да останам бремена одев претежно кај Панчевски на редовни контроли, ја одбрав Гордана баш поради тоа што слушав многу позитивни искуства во однос на тоа дека навистина дава шанса природно да се породиш. Е сега колку е жената во хаос и презафатена тоа е др приказна
Исто и јас за ова ќе кажам, дека толку голема болница за да не води сметка за ваквите случаи. На едно место киретажа и порагај, абе ајде, па нека мислат имаат и капацитет и финансии. Јас во лифт во количка од киретажа, до мене родилката со бебето си оди дома. Ова и е многууу голем пропуст. Или претходно додека чекаат бремени за преглед, тие жена од киретажа со количка ја носат низ ходник, нормално жената се расплача. Ова им е катастрофа. На тие пари што ги оставаме, ужас. А не дека ретко се случува, барем со киретажа тој ден колку бевме ама битно дебело си наплатат.
Истово ќе го пишев за Ремедика. Убаво ќе беше само сопругот да можеше да дојде на кратко, сепак е родител и он. Друг никој не ни сакам да ми доаѓа во посета. Ни мајка ни сестра, ама баш никој. Ќе дојдат дома секако кога ќе се вратам од болница, нема потреба и таму да доаѓаат. Мене ми се погоди сама бев во двокревента соба, немав цимерка и преубаво ми беше, мирно, тивко. Баш се одморив тие денови и си се фокусирав само на бебето А претходно кога абортирав ме имаа сместено сама во соба еднокреветна. Кога правев хистероскопија бев во соба со цимерка што исто имаше некоја операција правено, интервенција. Собите за родилки се на крај на ходникот, а за други гинеколошки интервенции на почеток, одделени се со пулт и не ги мешаат.
Од Ремедика сум презадоволна во секој поглед. Од прегледите, породувањето, еве сега и од педијатарот. Кога би раѓала втор пат, пак би ишла таму.