Јас незнам како вакви цени се на приватно со вакви плати, дали они размислуваат дека некој стварно нема толку!! Е сега за цели 9 месеци колку од прилика плаќате за терање на целата бременост и ако треба брисеви, крв, клексани и прегледи на д-димери и временски,, тие неколку ми паднаа на памет обични прегледи, кога ние кај матичен плаќам 500 ден ехо и само ако е 1 мин на стомак,,
Овие прегледи на државно се бесплатни, а воедно се и најточни резултатите. За клексаните ако се препишани од гинеколог/трансфузиолог на државно се добива рефундација, ако се препишани на приватно не.
Само прегледи правам на приватно. За сѐ друго зимам упат од матичен. Крвна слика, клексани, димери и хемостаза, брисеви. Лудост е сето тоа да го правиш на приватно, прескапо е.
Значи стварно е прескапо. Јас повеќе пати кажувам, бременоста ич не е ефтина. Ајде да ги ставиме на страна прегледите, иако голем дел одиме на приватно… па и кај матичен еден преглед е 500 ден пример. Клексани рефундираат да, прво плати, па за некој месец добиваш рефундација. До летото се рефундираше 176 од клексан, потоа 151, а ги плаќаме 249. Уште не сфаќам зашто рефундираат скоро 100 ден помалку. Јас примав по два на ден, и плаќав само за нив 498 дневно. Добивав рефундација од 302 ден. Искрено, 200 ден разлика не се малку, на дневно ниво. А тука збориме за неполни девет месеци. Потоа се тоа си повлекува, метилирана фолна, метилиран б12, идеос… Да не ги набројувам и пренаталните и другите витамини кои е добро да се пијат. Ги заборавив утрогестан и дабростон… не беа ефтини, се аплицираа/пиеја некогаш и по три на ден…иако јас кога се породив од членка дознав дека можело со рецепта да се земат. Јас цело време викам цела среќа што финансиски сум ок да плаќам. Иначе, не е сето тоа сума за потценување. А целата терапија е потребна за бременоста. Да сме здрави и живи со нашите бебчиња, ама треба повеќе да се размислува на оваа тема во државава.
Утрогестанот нормално се земаат со рецепта ама розева т.е како препорака од лекар, но промена во цената нема така да ништо не си изгубила.
Така си е.. За жал... Да имаш нај ок бременост без ниеден проблем, 10.000 само за пренатални витамини ти требаат, може да ги субвенционираат или на рецепт...
Јас не пиев пренатални.Петровска ми ја водеше бременоста и по нејзина препорака пиев само обичен витамин ц и мгн по потреба.Супер поминав 9 месеци,ни се разболував а енергија максимално имав.
Ептен сме оф топик овие два дена, ама ај корисна дискусија е. Јас одамна престанав да бројам колку пари одат. Што викаш среќа ги има па можеме да си дозволиме, ама нереално скапо е. Јас ни еден преглед немам кај матичен. Ехото му е како тетрис и не знам што воопшто може да се види таму. Сите скрининзи и месечни прегледи ги плаќам на приватно, пренатален, витамини, клексани, утрогестан до пред некој ден. Што е многу, многу е. Јас стално викам за убава цел се дадени барем, ама дефинитивно не треба да е сѐ толку скапо.
Јаа не пиев пренатални. Само метилирана фолна и витамин Ц. Ни претходната бременост. Во Систина мислам дека не навиваат за такви витамини, што знам.
Да, овие два дена сме стварно офф топик. И јас цела бременост водев приватно. Ама одев и кај матичен. Одамна одам кај него, а и добар доктор е. Па ете некој преглед и таму Дај Боже само за убави работи да даваме пари
Абе види и јас кога имав нормална бременост и јас не пиев, а имав бремност како по книга, ама едноставно сега и јас и повеќето, не од што сакаме, него мора да пиеме. Јас и пред бременост морам да ги пијам а не се една и две да речам витамини, ама кога се мора тоа е. Само кај сите се убаво да излезе. А парите многу се, јас и клексани на приватно плаќав, и сега кога ќе решам за бременост пак така планирам затоа што не планирам и тој стрес таму да го јадам, да ме враќаат од една на друга врата. И така ќе имам контроли чести, па и за тоа ми фали да се стресирам а не сум од Ск.
Овде е поактивна тема за приватните болници, имавме преглед што е 4650 ден и консултација изгледа толку и плус магнетно на дел од тело сето тоа ставија во една цена од 35.000 ден А каде е операцијата од 5000 евра што треба и други понатаму испитувања И уште викаат во државно се чека и по 2 месеци термин И како да не пукнеш Гледаш како умираш од тоа колку е скапо лечењето, да свесни сме дека тоа е приватно друго те гледаат ама претеризам Верувајте јас кога некој ќе ме праша каде би сакала Нормално би сакала и да ја водам во приватно и да се породам се И плус имав спонтан нема уште месец И треба некој испитувања Ама кога немаш сето тоа ќутиш и толку, и не е решението, кредит, заем, што останува од платата, денес и работиш и немаш, и да денес баш во ова време многу немаат Оххх
За што е операција 5 000 еур Изгор, ова Систина сигурно е. Систина е изгор затоа што нема конкуренција. Ремедика не знам како е со операции, еве и Жан Митрев ќе ја затворат и затоа така си плаќаме. Да бевме во нормална држава немаше што да бараме по приватно. Овде човек буквално без пари да се остави, со давање толку пари, ама ептен кога се мора. Луда држава.
За каква операција се работи? Маж ми чека термин во државна година ипол и тоа со врски го ставија на листа, во Ремедика истата е 5000 евра, а сега како се префрли Ставридис во Систина се плашам да прашам колку ќе биде таму.
На мајка ми И тоа ми го рече докторката без осет и кога дознав паднав во несвест и имам болки од грлото лево до доле кај града и рака од шокот Без осет Мајка ми незнае