Зависи од каде си. Почнаа и Органџиски со работа, болницата е одлична и со опрема и со кадар и со пристап на доктори. Бев на преглед јас, цените им се исти како и во ординацијата, не се покачени. За раѓање-природно 85 илјади, царски 127 илјади. Нема скриени трошоци, снаа ми од 37 недела оди на цтг, бесплатно е, задоволна е ептен од сите и таму ќе се пораѓа.
Фала @Anika55 Знаете кои останаа да пораѓаат? Стомнароска, Котларова, Јовановски, само тие се? Какви ви се искуствата од таму? За скрининзи одев кај Петрова, од неа сум ептен задоволна. Е сега се двоумам кај кој би продолжила до пораѓај...
Органџиски сите- Верица, Стојан, а мислам и Ванчо е таму, основачот. Има еден Нисо, мислам од Куманово, Љупка и Бочваров од штипската болница. Види на фб, има за сите напишано.
Да, целосната сума на крајот. За аванс јас кога прашував ми кажаа тоа било ако сакам да ги користам тие поволностите масажи, јога шо ти знам што имаше и требаше да се праша долу во администрација, ама затоа што немав намера да ги користам не дадов аванс, туку си платив на крај на испис цела сума.