Мене ме породи 2021, сега планирам пак кај него.И покрај тоа што планирав да одберам друг доктор сега, некако се чувствувам како да го изневерувамПа пак ќе бидам кај него.Во секој случај предобар доктор и прекрасен човек.
Јас 2020 и 2022, баш мислев сега за вториот пат дека веќе ќе биде во пензија ама уште си работи. Мислам веќе накај 70год има.
Се сеќавам дека некаде низ форумов имав прочитано дека некаја не беше задоволна од линијата при царскиот рез, и само тоа ме стави на мисла. Инаку он ми ја водеше првата бременост и ги имав сите услови за спонтано породување, но Јана ме породи затоа што итно морав да се породам царски а он беше надвор од Скопје и немаше доволно време да се врати. Здравје за наредното се мислам сепак меѓу него и Котларова
Затоа што нема пракса да го повторува резот, прави нов рез одма под претходниот. Кај мене е од прилика 3мм и тоа после 2-3 месеци забележав кога почна да бледее. Искрено мене никаква разлика не ми прави, линиите не ми сметаат, а и освен маж или швалер никој не ги гледа
Да прашам дали некоја мама што е скоро породена во Систина има можност доколку би избрала апартман дали може маж ми да биде со мене постојано..значи зборувам и да спие првите два дена?
Покрај полнач планирам еден мал несесер со најосновни козметики за мене (лабело, штипка за коса, крем за лице, мала пена за миење лице) четка и паста знам дека ќе има и таму, ама на крај можеби и тоа ќе спакувам. Исто се мислам да ставам и еден коректор, да освежам подочњак кога ќе излегувам
Нели фризер имаше едно време, си викам ќе ме средат Шала на страна, мислев има таму онакво хотелско па да не влечам за 3 дена, ама изгледа најубаво да го земам тоа малото на расклопување што го влечкам по ташни.
Има фризер таму, јас да си кажам како напатена од Ремедика каде што нема фризер Ти спомнав бидејќи тргнувам од себе што не можам со каков било чешел да ја исчешлам косава. Густа ми е и кога ќе се заплетка после бањање, само четката моја ја оправа