Кај мене асистираше на операцијата, инаку добар доктор, опуштен, прави муабет. А на првиот пораѓај тој ме прими со болки и беше цела ноќ со мене, ептен ме опушти и смири што дури после 8 саати побарав епидурална Сепак за царски секогаш би го препорачала Ефремовски.
Што ми треба за мене и за бебе во Систина ? Дали пуштаат посета ? и Дали треба да си донесам сокови и течности ? и Колку време после царски таму те стануваат со првото во Чаир после 6 саати ме станаа
За тебе нешто за лична хигиена, крема, лабело, чешел, полнач за телефон и облека за излегување од болница. За бебе ништо, само облека за кога ќе ве пуштат. За после царски не знам, веројатно после 12ч, немам искуство.
За бебе не ти треба ништо, ќе ти донесат или ќе си земеш алишта само за излегување. За тебе работи за лична хигиена, полнач за телефон, и секако облека за излегување Пуштаат посета. Мислам од 10:00 до 20:00 секој ден. Течности не ти требаат, се ти даваат. Ако испиеш, ќе побараш и ќе ти донесат. Мене ме станаа другиот ден рано утрото. Се породив накај 13:00 часот претходниот ден.
Да, ми кажа докторката дека почнале од минатата недела. Само останува тоа деца дека не може да доаѓаат. И важи не само за апартманите туку и за собите.
А баш ми се свиѓаше тоа што нема посети.Не разбирам како во соба еден до друг кревет, да влегуваат и други луѓе и сите да те гледаат во таква состојба, посебно со царски, со катетер.Супер беше пред две години,кога немаше посети, баш се одморив тие 5 дена колку што бев таму.
Се согласувам за ова, и мене повеќе ми одговара да нема посети. Баш истово си го замислив дека не сакам да ме гледаат во таква состојба. Не знам какви се собите, дали меѓу креветите има завеса барем за да си поскриена?
Во собата во која бев со цимерка немаше завеса и баш беа блиску креветите, затоа ми е чудно каде ќе бидат тие посети.Баш тој ден после царскиот, се сеќавам многу време беше потребно за да пушти анестезијата, лежиш со пиџама без гаќи, со кататер, доаѓаат сестри за доење, прво одење во вц- најстрашно нешто и баш тогаш не сакаш никој да има во собаа не пак непознати луѓе на посета.Стварно не знам како би изгледало сето тоа.
Има завеса ама не е тоа тоа. Јас потпишувам со две раце дека без посета е подобро. Лежиш без гаќи или само со улошка, цицките на мегдан, крварење... Ич не е пријатно. @0ли јас имав 2 цимерки дури. Едната првиот ден, 1 ден бев сама и втората претпоследниот ден
Можно ли е до толку да сум заборавенаМоже да имало, а јас да не се сеќавам и тоа не беше толку оддамнаЕптен ми се погоди цимерката, а и дека немало посети, па може и затоа не сме ја пуштиле воопшто завесата.