Јас кога бев, воопшто немаше гужва, па ме прашаа дали сакам сама во соба, ама дека бев толку исплашена, им реков дека не сакам да сум сама, па ме ставија со цимерка, ама не згрешив.Добив едно ново убаво пријателство.Сега не би сметало да бидам сама
Дифтар сум Бебенце, нема да ти е убаво со мене. За твое добро ти кажувам Баш да видам дали и мене ќе ме прашаат. Со првото бев сама и многу убаво ми беше, ич не ми фалеше друштво
Што дека има завеса, ако креветот ти е прв поминуваат кога доаѓаат кај цимерката и те погледнуваат и поздравуваат прво тебе па одат кај неа Кој е во можност само сам во соба да си доплати.
Уште да ме поздравуваат Треба незгодно да им е и да тргнат поглед, ич не би се налутила ако не ме ни погледнат
тоа е, јас памет за друг пат, два пати се зезнав, кога правев опреција ( исто систина, оддел гинекологија) исто имав цимерка на која доаѓаше свекрва и плачеше мислела умрела на операција затоа не и се јавила, а јас утредента требаше да се оперирам, и реков никад више со цимерка во соба. Да, не зборам за роднини до трето колено што и дојдоа. Среќа бар тогаш мојов кревет беше втор па само ги слушав
Си требала да им изрегираш ако до 8 вечер е посета значи ти не наспана ќе бидеш од опинци безосетни. Какви луѓе бе па пред се пациентот треба да се одмори бочница не е за секој да доаѓа. Што е нај трагично истиве овие до 16то колено што доаѓаат во болница после дома не ги примаат до 40 дена бебето да го гледаат.
Мене супер ми беше со цимерката.Кафе си пиевме и муабет си теравме.Да бев сама ке цркнев од досада 4 дена како ут меѓу 4 ѕида Освен маж и никој не и дојде на посета.
Истото ме интересира, ако има некоја мајка породена во декември да сподели. Во ноември знам дека им беше на флаер во пакетот, а јас на почеток на декември не добив. Сега веќе гледам дека им е тргнато и од флаер.
Јас бев ут меѓу 4 ѕида и баш ми беше супер, ич не ми беше досадно Тие денови ми дојде убаво да сум сама со себе, ниту муабет ми фалеше ниту кафе, мозок си одмарав. Секој различно, тоа е @Giovanna Не ја отворај темава, не си создавај немир сега пред породување. Како биде, така. Најважно е да сте добро двајцата, па ќе пишеш како си поминала. Дотогаш не читај тука, батали нè.
А бе не е до толку, повеќе си се смеам сама на себе си викам колку време посветив да размислувам за цимерки и посети, да ми кажуваше некој немаше да му верувам Инаку ми текна и слушалки да си додадам на листата, ќе се најдат ако гледам нешто со звук.
па ова пред скоро 6 години беше во Ремедика, ама не верувам дека ги тргнале. Не ти дошло до нив изгледа.
СигурноНема ни две години од тогаш, ама како што бев изгубена тогаш, добро е што се сеќавам и дека бев таму
Лелее па мене воопшто не ми пречи среќа што ја имав цимерката иначе како што све ми беше непознато многу ми примаше со нека муабетот 3дена има друштво два бев сама.. и тие два дена кога бев сама рикав до рикање многу плачев без причина хормони Али и посета не ми смета нека и доаѓа маж нормално и тој сака да има прв допир со бебенцето.. како што јас сакам да доаѓа мојот немам проблем да доаѓа и нејзиниот. Значи за цицки има видено и кај жена му, катетар кеса да виси исто и кај неговата висеше двете бевме царски и ред други работи.. така да не ми пречи, а и маж ми е човече што се повлекува веднаш и му е непријатно.. затоа баш прашував дали може да бирам апартман само за да е со мене постојано да спие таму.. мене ми е голема поддршка психички поготово
Јас сама бев во соба и 300 000 пати ми влегоа во соба хигеничарка, сестри, тие сокови што носат, доктори, едино тие со сестрите од неонаталогија за доење. Можам да замислам уште една да имала до мене и се тоа пута два раат за спиење и одмарање само навечер после 12 особено ако цимерката имала по 30 души посета во ден. Среќа беше корона време па немаше посети. Втор момент за систина ме нервира што делот за породени и киретажа и тие што чекаат се на исти кат малтене и се гледаш коа движиш. Да не си им во кожа на тие.
Нема да било по два пати, зашто сестри, болничарки, тие што носат сокови, доктори, поминуваат кај двете паралелно… јас имав цимерка, и поминуваа кај неа, и кај мене… со едно влагање да кажам… е сега за носење бебе секако различно доаѓаат…добро може мене не ми сметаше па не дадов значење на тие што влегуваа Иначе не знам како иде со катовите, и собите, јас кога бев со претходната бременост, најстрашно ми беше ако ме стават во соба со цимерка, викам ако видам бебе како и носат толку од мене, живците едноставно ми беа на крај.. немав сила веќе да поднесам повеќе… ама среќа сами ме ставија во апартман. За тоа сум им благодарна… да ме ставеа со цимерка во тој момент мислам дека толку ќе беше од мене :/