Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Сите други доаѓаат на повик, а искрено од сите во Систина и јас не би го избрала Димчев баш зошто е презафатен.. Иако кај него одев и сега одам на скрининзи.

    @kjofti4 корнелија е надвор од МКД на одмор, затоа ти дала број од замена. Да е тука, доаѓа во секое време.
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    392
    I jas se plasam od poragjajot od prethodnoto iskustvo vo Cair, zatoa sega odam vo Sistina, ni pod razno ne stapnuvam vo Cair ili pak Gak. Jas ne bi go izbrala Dimcev za poragjaj od pricina sto bi izbrala doktor koj sekojdnevno poragja kako na primer Palcevski ili neznam nekoj drug. Dimcev go izbrav za skrininzi, pregledi zosto on toa sekojdnevno go pravi, ne deka nema iskustvo so poragjai taman rabota ama postrucen e za skrininzi. Sekoj doktor si ima pole vo koe e najdobar, ne znaci deka ako e izvikan za skrininzi deka e i za poragjaj na primer. Jas taka mislam i iako mi e uste rano zdravje Boze koga ke dojde vreme bi odela ili kaj Palcevski ili kaj Ivanovski za carski, mozebi do togas ke smenam mislenje neznam ama sigurno bi odbrala doktor sto toa mu e rutina.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Devojkaz

    Devojkaz Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2022
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Што ти се има случено во Чаир и кај кој доктор и дали првиот пат беше царски?
     
  4. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Здраво :$,ќе може некоја што скоро се пораѓала во Ремедика на договорен царски да сподели како одат работите....цтг,прием цена....
    @0ли како што разбрав ти пак си со намера за таму на договорено ќе одиш?
     
  5. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Да, пак сум таму со договорен царски.
    За две недели ќе почнеме со припреми: брис за стрептокока, инфективен, ќе носам крвна слика и урина, картонче со крвна група треба, ќе почнеме и со цтг.
    Мислам дека ми кажаа 7000 се плаќа и во тоа спаѓа сè до породувањето, само мислам дека брисевите не спаѓаат.
    Потсети ме за две недели подетално да пишам ако сакаш.
     
    На Bebence29 и KonstantinaM им се допаѓа ова.
  6. KonstantinaM

    KonstantinaM Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2019
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    9.598
    Пол:
    Женски
    Фала ти,важии ќе те потсетам :$ јас кај матичен ќе правам брисеви,па здравје да влезам во 9ти па да видам како е редот,пошто моиве доктори доаѓаат само за пораѓај а не се дел од болницата...а цената за царски имаш инфо која е?
     
  7. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    Не прашав тоа, следниот пат кога ќе одам и ќе ти кажам.
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  8. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    СИСТИНА ТАЗЕ ПОРОДЕНИ никоја не ми одговори што има во торбицата
    и што носевте со вас што ми треба ???
     
  9. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Jas pocnuvam na 3ti maj vo 34ta nedela so podgotovkaa ,ne se 6000?
     
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.615
    Допаѓања:
    35.531
    Пол:
    Женски
    И јас почнувам првата недела од мај :inlove:
    Не се, поскапено е, ми спомнаа околу 7000, но не препрашав колку точно. И тие не влегуваат сега во вкупната цена за породување како што беше пред 3 години, не се одбиваат од сумата.
     
  11. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Da znam deka ne vleguvaat,jas ne ni prasav kolku e
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  12. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    944
    За која торбица прашуваш, таа што ја даваат? Искрено не се сеќавам што имаше во неа, пред четири месеци сум породена. Имаше знам ќебенце, перниче, и може уште нешто, не ми текнува. Торбицата е добра. Баш на контроли имаше мајки што ја носеа. Јас имам нова со количката па уште не сум ја ставила во функција :) Иначе даваат и капки за грчеби, ланолин крема, и не знам друго. Сега сфаќам колку не памтам :(
    Јас си носев работи за лична хигиена, иско таму се има. Полнач, лабело, дезадоранс, влажни… такви работи. И облека за бебе и мене.
    Ако нешто пропуштам, друг нека дополни :)
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    За мене полнач за телефон,чешел и козметика носев.

    Во торбицата од нив имав:
    Перниче и тенко ќебенце/чаршавче, Бекутан пелени 2ка мало пакување, Бекутан козметика-витаминска крема,крема со цинк,пенливо за бањање, крема со рибино масли, влажни марамици, Уриаж крем за бањање, Биогаја капки, Д3+К1 капсули.
     
    На *malenavolena*87 и Brpbrp им се допаѓа ова.
  14. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.035
    Допаѓања:
    40.372
    Пол:
    Женски
    Ау многу го збогатиле од пред три месеци :D. Тогаш само перниче, ќебенце, биогаја, мислам камистад беше маст за жлебинки и мало бекутан ранче со пенливо, масло и крема за пеленска регија и ваучери за попуст за филипс авент и медела пумпи
     
    На Freckles. и Chanell* им се допаѓа ова.
  15. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    6.675
    Пол:
    Женски
    Јас правев подготовка пред една недела, во 35та недела, точно 7000 денари платив.
     
    На Bebence29 и 0ли им се допаѓа ова.
  16. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.144
    Допаѓања:
    6.675
    Пол:
    Женски
    Мила јас почнав со подготовка пред една недела, платив 7000 денари.Во тоа влегуваат инфективен скрининг, цтг и ехо прегледи до породување.Царски е околу 130000 и нешто (не можам да се сетам точно колку), ако се пораѓаш кај било кој доктор, а ако си кај Петаноски, 7-8000 денари плус.
     
    На KonstantinaM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    кај кој/а докторка си ти?
     
  18. Dreamer

    Dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    109
    :o
    Кај нас исто пред 3 месеци немаше биогаја, ниту масло и крема за пеленска регија. Да знаев ќе си се пожалев. Немавме ни сертификат со прва фотографија а на флаерот пишуваше дека даваат.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    5.390
    Сертификатот го даваат подоцна, треба сами да си го барате. Јас го зедов после неколку месеци.
     
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.820
    Пол:
    Женски
    138 e царски во Ремедика последно што прашав. Природно 103. Можно е цената да зависи и од доктор. 7000 е подготовка - цтг, инфективен скрининг.
     
    На KonstantinaM, Bebence29 и 0ли им се допаѓа ова.