Wow kolku poskapelo se, znaci ja preteraa… Pred 14 meseci vo Remedika plativme total 91 za priroden poragaj, 85 poragajot i 6 podgotovkata. A koga ke vidis 14 meseci ne se taka mnogu
Изгледа што имаат во моментот тоа ставаат во торбата. Искрено не ми спотребале, ама ако ги пишува во пакетот треба да си исполнуваат. Сами си се сликавме за наш спомен.
Треба за сите исто да биде, на тие пари несмее да нема, тоа покажува колку се професионални. Инаку и ние се сликавме и беа многу фини ни ја најдоа во фиока датата зошто излагавме 12 дена покасно
Мене ми рекоа дека се наплаќа дека тоа било порано сега веќе не. А сертификат не добивме, ти кога зема? А списанието што е нивно
Не се наплаќа фризерката. Нас не пуштија во петок на Бајрам, исто беше дежурство со минимум персонал. Фризерката не работи за викенд и празници. Мене дојде и ме праша дали ќе сакам да ме среди во четврток, ден пред одење. Фотограф немаше, ама сестрата не сликна со мобилен. Од сите тракатанци во торбата, кај нас фалеа само биогаја капките, друго се имаше. Искрено не ни знаев дека треба да има. Сертификат колку што знам веќе нема, нас ни го дадоа тоа картончето што беше на транспортното креветче, за спомен демек да си го имаме. Инаку ептен сум задоволна како помина се, особено со оглед на тоа што не примија и не испишаа на дежурство и пола од времето персоналот беше преполовен. Во ниту еден момент не се осети. Задоволна од болничар, до сестри за мене и за бебето, хигиеничари, доктори, буквално сите. Прескапо е направено стварно, ама искрено денар не жалам, цело време душава ми беше мирна и имав на достап цело време луѓе да прашувам се што треба. Иако прв пат мајка и дома не ме чека друга помош освен маж ми некако излегов скроз со самодоверба во себе дека ќе се снајдеме. Ќе видиме до кога ќе трае И да, цимерка немав иако во двокреветна. Искрено преубаво ми беше сама, да се опушти и одмори човек на раат.
Фала ти многу Не го дочекав, бебето побрза да излезе. Бојаџиев беше дежурен, а Ева Палчевска му асистираше. Супер е и она, ми личи дека за некоја година ќе е една од подобрите млади доктори таму. Златко дојде да ме ѕирне дента на испис. Се појави во кежуал тренерка издание, не беше на работа. Сакал да ме поздрави пред да ме пуштат.
На специјализација е? Јас знам дека е доста млада, 27 години има. Генерација на братучетка моја, многу добра студентка била.
Да млада е, но е доста посветена ја запознав кога лежев таму два пати ми остави многу добар впечаток.
Изгледа како имаат. И кај мене беше полна торба. @Dreamer сертификатот го даваат на 1 контрола. Тие додуша врска немаат, не го ни нудат сестрите, сами си прашавме и тоа после 2,3 одења и излезе дека е таму си стоеше.