Сакам да ви кажам дека не секогаш има правило стажот на докторот, до некаде Да, но дедо ми стално ја кажуваше неговата случка, имаше бај пас на срцето во Белград во операциона сала докторот дете, го прашал колку има искуство и овој му рекол чичко ти си ми Број 10. Со неговата дијагноза имаше 10 години гаранција он живееше преку 30 години
Факт е дека нема да работи ако не е на Палчевски ќерка меѓутоа сите школи го практикуваат ова. Дали е медицина, угостителско, хемиско, хумана генетика, лабалаториски техничари итн да не набројувам сите исто функционираат и во приватна кчиника ете за нифти тњстови може да има некој што учи, а ти не ни знаеш дали е специјализант даваш пари 700 евра, а може погрешно да ги прочита резултатите, а не бил тој над него тука или го оставил сам на себе. Сегде е исто го*но само што реално кај нас нај утепано е на гинекологија. Ете ти си била на пластика имало докторка да следи арно ама не на секој оддел е така. Негде кај што се издераваат и третираат луѓе како стока да се се на пораѓај државно.
Освен на Палчевски ќерката од таа генерација има уште 4-5 млади доктори кои се таму вработани, а родителите не им се ни доктори. Од нив две се од Охрид. Сите јаки студенти. Може имале врски ама сепак мислам дека барем Систина бираат кого ќе вработат. Сите тие завршиле со просек над 9. Не секој доктор има можност на државно да се вработи (знаеме како одат вработувањата тука за жал), се вработуваат и по приватни болници и ординации како општи доктори, таму уз работа учат. Кога ќе одат на специјализација секако ќе учат и на клиника, таму го поминуваат стажот.
Тие веќе што одат на специјализација не ни остануваат тука гледаат патот да си го фатат во странство ама битно ќе имаат они дека биле во Систина на специјализација макар и да гледале само. Тука можат доатанат како што викаш ти ќерки, синови и др роднини, а некој рандом да се вработи ќе си избега зошто притисокот нема да го поднесе.
Исто. Нас не испишаа после Божиќ, во неделата беше толку празно дека и поголем дел од бебињата си отидоа дома и едвај чекав да си одиме. Девојката што работи со Гордана, Јована мислам дека се вика. Била специјализант на клиника значи е вработена како општ доктор. Кога дознав дека најчесто таа е асистент на Гордана бев спремна да си сменам доктор. Девојчето се гледа дека знае, баш ми остави добар впечаток ама една причина зошто отидов таму е баш дека не сакав да ме пораѓа специјализант.
Не е и она на специјализација уште. Генерација се со Ева. Тие две се општи докторки на гинекологија одделот работаат. Има уште една од нивна генерација, на анестезиологија мислм дека е. @eli25 aко асистирала на докторот не значи дека она оперирала, може само гледала и подавала инструменти, придржувала нешто и сл. Сепак докторот е тој што ја води операцијата, сѐ е под негова контрола. Обично секаде сите на операции што асистираат се помлади и понеискусни доктори, тазе специјалисти или општи доктори и специјализанти.
Ве следам на форумов подолго време додека бев трудна и откако се породив пред скоро, но се досега немав потреба да направам и свој профил. Еве може сега ќе бидам и поактивна Јас се породив на средина на февруари кај доктор Дракулевски. Двете докторки кои ги спомнавте се специјализантки со сигурност кои паралелно трчаат на клиника и исполнуваат работни обврски во Систина. Не знам од која сум позадоволна, двете ги запознав на визита, ме опуштија и многу одговорни беа кон мене и кон цимерката како пациентки. Едната спомна дека почнале да работат во короната и после ги задржале, така да верувам дека не залудно ги избрале нив.
И кај мене на операција беше заедно со Гордана и искрено мене не ми пречеше. Не верувам дека Гордана на таа репутација би дозволила да припари до пациент, ако нема доверба. Секако Гордана си го водеше царскиот, оваа само асистираше.
Девојката беше многу ок, донесе ехо,стоеше покрај мене и ми кажуваше да дишам, беше една од 10 луѓе што беа таму. Главниот збор го имаше докторот другите сите помагаат, бабици, сестри што е нормално инаку се пораѓав природно
Не знам што има врска тоа што била првенец на генерација кога таа не е гинеколог. Јас не ни знаев дека не е (сега дознав од форумов), мислев дека е гинеколог, а ми земаше брис. Давав толку пари, а плус докторот не ја ни претстави, си легнав на столот и оп таа ми зема Тогаш премолчев, а сега си викам дека не требало. Многу непрофесионално. Јас бев задоволна од Палчевски, но за ова има голем минус.Едноставно не сакам друг да ги слуша моите интимни проблеми.
Мене искрено сеедно би ми било. Сепак доктор таму вработен е. Ништо страшно во брис земање нема. Да ме прегледува и пораѓа не би дозволила секако без надзор на гинеколог, ама за брис земање и за слушање на интимните проблеми не би се бунела.
Општ лекар да си прегледува грло и да прави диши диши, а не да врши гинеколошки прегледи. Арно пиша Ели, што ако не го земе како што треба и излезе негативен, а ти бактерија, ќе си чукаш глава после.
Исто е и на ГАК во соба 36. Јас во претходната бременост кога бев на преглед имав извештај и печат од Јосиф Ѓоревски,а нити го видов јас него,ниту он мене. Веројатно треба да е на смена таму но прегледуваат специјализанти под негов печат.
Здраво, дали некој во скоро време се пораѓал во Санте Плус да сподели искуство - доктори, персонал, собите, дали си сам или со повеќе особи ... Ви благодарам
Така е затоа што докторите се најчесто или во родилни сали или горе на оддел. Инаку, печатот го даваат обично на специјализанти на кои им веруваат дека ќе ја завршат работата ко што треба. Јас ко се пораѓав беше огромен хаос, не знам колку пораѓаи имаше, и царски и природни, докторите здив не зедоа цела ноќ, трчаа нонстоп од в сала па на патолошка како што доаѓаа нови пациентки, хаос. Читам за општите лекари во Систина. Еве некои ја осудуваат ситуацијата затоа што одат таму баш заради фактот дека нема специјализанти, всушност нема специјализанти туку општи лекари кои играат улога на гинеколози, не е во ред, па ако сакаат и да се најдобрите студенти во цел свет. А другите членки пак ја оправдуваат ситуацијата, фини биле, посветени и под надзор на специјалист. Сериозни сте? Ова е голем пропуст за така реномирана болница, куп пари се плаќаат за општ лекар да врши гинеколошки прегледи, да беше оваа ситуација на државно со дрвја и камења ќе фрлавте ама вака има оправдување. Кај мене на царскиот на ГАК исто имаше специјализанти, докторката им објаснуваше во текот на царскиот, а на крај само им даде кожата да ја сошијат. Задоволна сум како пројдов.
Ако е така тогаш океј. Горе членка пишуваше дека се дипломирани 2020-2021, а оттогаш немало конкурс за специјализанти, па помислив дека не се на специјализација. Едит: Сега видов, запишале специјализација во октомври 2022.