Епа Ева мене во јули 2022 ми земаше брис, значи, била општ лекар тогаш. Абе и специјализант не треба во приватна клиника да го прави тоа, треба пациентот да биде и прашан, сепак, многу пари се оставаат.
Јас вчера бев кај др. Гордана Петровска и имаше специјализантка со неа. Не и го прочитав името но ми остави многу убав впечаток. Се надополнуваа со докторката и за се што разговараа меѓу себе околу мојата состојба докторката ми објасни на крај. Што не е случај со доктор и специјализант на ГАК,од искуство. Докторката ме гледа,кажува нешто,јас прашувам ми вели не ти се обраќам на тебе туку на колегите. Вториов пат кога ме гледаше и пак виде нешто не се ни осудив да ја прашам да не ме прекори. Затоа отидов во Систина каде што јасно ми беше кажана мојата состојба,а секое прашање одговорено како што треба.
Извини, ама морав да реплицирам. Иако, може не треба тука. Ама искрено ме дирнаа речениците, “Така е затоа што докторите се најчесто или во родилни сали или горе на оддел. Инаку, печатот го даваат обично на специјализанти на кои им веруваат дека ќе ја завршат работата ко што треба”. Јас не знам кој побогу ќе остави специјализант да прегледува, затоа што му верува дека ќе ја заврши работата како што треба. Ова ваљда во Мк и никаде во светот. Нема на долго да пишувам, само ќе кажам, абе мене саат време не можеа главче на бебе да ми измерат минатата бременост! Се собираа и специјализанти ваљда, пошо секако никој нит се претстави ни ништо…тројца…а ако ги покажам мерките што е измерено, ќе ме прашате како сум си отишла! Е така, се вратив да прашам дали треба да сменам терапија, дали треба поише клексани, на што одговор од некој таму добив, ок е… И јас стварно сеуште се чудам на муабетот, па добро државно е, на приватно плаќаме и не е оправдано! Се слагам! А на државно, оправдано е? Онака да не прегледа специјализант? И да не се ни претстави? Па и да не шие? Па и терапија за клексани да ни дава? И кој до сега се претставил кој е и што е? И не, и на државно не оправдано! Чисто за потсетување, не е бесплатно! Секој месец си го плаќаме!
Се сложувам за ова. Јас лани на дежурно отидов, сељанката неписмена 2 саати ме измалтретира, за на крај да ми каже не знам од што ти е крварењето, не можам да утврдам ама со детето се е во ред (крварењето беше абортус али добро) пишала во извештајот SA+ , димензии што одговараат за 8гн а јас 12гн,па уште и ми вика ок е се, ставај утрогестан 2х на ден.Печат од доктор маж, значи она оставена на дежурно доле да се учи, без надзор. Следниот ден на приватно установија декa нема SA. За неполни 24 часа од прегледот на ГАК јас абортирав. И одев на клиника и маилови пишав до гак и све, за да превземат нешто и фала богу бев ставена на игнор, не знам како се воздржав да не одам да не ја задавам гуската неписмена и идиотот што и дал печат.
Не ми е јасно само дали дискутираме лични очекувања за третман во приватна или што е етички и легално? Затоа што ако е првото еве јас поназад неколку страни зборував за моето незадоволство околу тоа како ги организираат посетите во Систина. Некој очекува дека докторот мора за тие пари да дојде и во сред ноќ да ги пораѓа. Имам прочитано дека докторот требал и одморот да го организира според терминот за пораѓање на пациентките што ги следи. Ова се очекувања, а не обврски на болницата што мора да ги оствари. Ако се навратиме на специјализантиве не знам зошто е чудно дека приватна болница има студенти. Во светот концептот на teaching hospital може да го преземе и државна и приватна болница, па зошто тоа да не е случај и тука. Обично болници со најдобри лекари се токму вакви установи. Систина уште во ковидот имаше студенти од Гоце Делчев универзитетот на пракса, а најавија и изградба и пуштање во функција на приватен медицински факултет на местото кај што беше Хубо, така што се поизвесно е дека студенти и специјализанти ќе има во иднина и тоа многу повеќе од сега. Можам само да се согласам со делот за претставување на лицето што е присутно на прегледот и најава/прашање дали може истиот да го изведе. Не е во ред ако се прескокне овој дел па каде сака нека е, Систина или Гак. И не е никаква споредба со третманот во државна, каде што специјализантот е сам на себе оставен да се справува со тебе, од преглед, терапија па се до пораѓај. Овдека ни секунда не е без надзор или оставен да те воведе во било каква опасност. А за таков третман што не е во ред, не само приватно туку и државно би ги кренала во воздух. Кога нешто не е во ред, не е ни важно колку пари си платил, едноставно прашањето е дали е во ред или не. А да не правиме муабет што за државното здравство месечно давам премногу пари, многу повеќе од тоа што дадов еднократно во Систина, па во мои очи дури и прескапо плаќам за специјализантот што ќе ме пречека на ГАК.
А извини да те прашам како специјализант ќе научи да работи ако не прегледува? Утре ќе специјализира и ќе биде специјалист и ако не фатил ни сонда ниту правел нешто во сала еднаш ќе мора да му е првпат а тогаш ќе биде специјалист и ќе има одврзани раце да прави сè што треба. Во разговор со една докторка од ГАК потенцираше дека многу од нејзините колеги не им дозволувале на специјализантите ништо да прават во сала од што се плашат и потоа се соочуваат со големи проблеми бидејќи специјализираат без вистинска пракса. Инаку, колку што гледам ни на приватно не се претставиле општите лекарки кои асистирале на царски резови, значи пази, општ лекар, тоа не е ниту специјализант, тоа исто е ко општиот матичен да ти влегол во сала да асистира или да ти земе брис ко на членката погоре. Никој не рече дека јавното здравство е во ред, далеку од во ред е ама па и не претерувајте за сè да ги правдате приватните.
Јас од Палчевски бев задоволна, но веќе не би одела кај него. Да остави општ лекар да ми зема брис за стрептокока, а знаеме брисевите колку се битни.
И утре ќе специјализира со гледање и оп ќе остане сам кај што ќе треба и да прегледува без надзор и да води операции и??? Мене не ми се случило на ГАК да ме прегледа специјализант, не велам дека тоа не се случило на други. Секогаш при ехо специјализантот бил на столче до докторот, докторот му објаснуваше што гледа, што мери а потоа специјализантот го пишуваше извештајот. На царскиот кај мене докторката ми објасна дека специјализант ќе ја сошие кожата строго под нејзин надзор и да не се плашам. Тоа е мое искуство, а се сложувам дека не треба да се без надзор.
Сум била еднаш навечер по договор со докторката што требаше да ме породи и ми нагласи дека ехото е полошо таму ама дека во моментот не можеме да одиме во другите амбуланти. Не начекав хаос сигурно заради тоа што беше навечер, имаше една специјализантка која ми го пишуваше извештајот. Инаку сите прегледи ми беа или во амбуланта 37 или во 28. И не скокајте, погоре убаво кажав дека јавното здравство ни е далеку од тоа што треба да биде и дека ако не ми се случило мене да имам непријатна ситуација, не значи дека друга жена немала.
Епа ја стварно не знам како ќе научи, ако прегледува и притоа тука нема никој да му каже дали тоа што го гледа е точно или не. Дали добро мери, или не. Еве не знам. Пошо доктор од кој може да учи, никаде немаше! Друго, јас не го правдам приватното, за кое патем пишува дека се слагам. Ама дека ти го оправдуваш државното и твојот пост збори. А ако е за претставување, мене сите буквално ми се претставија во Систина. И сите пет дена кој како влегуваше кажуваше што доктор е. А кажи ми дека на гак дека се претставуваат кој те прегледува нели?
Тогаш немаш доживеано целосно доживување на гак Таму преку ден е тотален хаос,еден влегува друг излегува. Не зборувам за ехото,сите знаеме дека апаратот им е катастрофа,што не смее да се дозволи од таму препраќаат за пораѓај. Зборувам за тоа дека нема никаков ред,не знаеш кој е доктор,кој специјализант,кој сестра. Легитимации не носат,не се претставуваат, ако имаш среќа некој да ги именува пред тебе па да слушнеш. И не,не треба специјализант сам без надзор на специјалист да прегледува пациентки.
Види они сами нудат. Ако ти почнат болки ќе дојдам од дома, јави се. Па ти нормално ќе очекуваш Инаку и јас слушнав дека ќе отвараат медицински факултет така да систина ко клиника ќе ти стане .
Мене сељанките на дежурно во државна ме вратија дома при крварење, ми рекоа утре да си купам некоја инекција и да сум одела кај матичната, а требало они веднаш да ми дадат. Цело време беа со понашање дека ги замарам со моето доаѓање. Гуски бе гуски. Претходно ЧИСТАЧКАТА ме прашуваше зошто сум доаѓала, дрска и одвратна и она ме спреми за преглед. Двете фуфи што ме прегледаа не ми пишале во извештајот ниту причина за крварење ниту што да купам. Да ми е сега да ги најдам би им ебала мамата на сите три.