Па и реално Систина е хаос сега. Многу има сменето од пред шест години и сега. Пред шест години бев позадоволна.
Да да јасно, ама не сите лекари идат па некој и се лути. Сакам да кажам не му е обврска, туку принцип личен на работа дали ќе дојде вон работно време или не. Затоа си се договараш во старт ако ти е важно тоа, барем да си одбереш доктор со таква пракса. Ама ете може да ти се погоди и како мене, баш на терминот да е на одмор и тогаш немаш што многу да направиш. Уште тројца различни доктори ме гледаа на цтг и на ехо во таа недела откако надминав термин, на крај кај Бојаџиев испадна да завршам. Прв пат во живот го видов човекот, ама ете ни за момент немав сомнеж за исходот како ќе биде. За твојот случај сме согласни. Стварно не е во ред пред се што не ти ја претставил. Во таков случај барем ќе си била на чисто дали ќе дозволиш преглед или не. Јас лично не знам дали би дала брис да ми земат затоа што ептен сум осетлива, ретко кај кој не ме боли. Ама за други прегледи под надзор стварно немам проблем.
Ако забележа погоре напишав дека не се сложувам дека треба да се без надзор специјализантите. За претставувањето, на патолошка кога ме примија докторката на визита ми се претстави и ми ги претстави и специјализантите што беа со неа, ми кажа и дека тие се дежурниот тим и ако дојде до ситуација да треба да се породам таа вечер ќе ги гледам нив. На оддел горе ми се претстави докторката првиот ден и цела недела беа истиот тим за визита. Сестрите не се претставуваа. Кажав дека го немам видено преку ден хаосот и затоа не знам како е во 36ка, јас имам отидено на договорено таму. Обично прегледи закажував кај докторката што ме породи, а кога ме прегледуваа за патолошка секогаш кога ќе стигнев и кога ја оставав книшката прашував кој доктор е во амбуланта. Пак ќе кажам, не оправдувам специјализант да е сам без доктор ама и на прегледи и на комисија секогаш специјализантите пишувале извештаи и не прегледувале и пак ќе ви нагласам дека тоа е мое искуство.
Apsolutno se soglasuvam so ova, i treba da e pravilo ama kaj nas nazalost ne e. Spored mene kvalitetot proizveduva kvalitet, sekako zavisi i od ucenikot ama ucitelot e i tek kako biten
Mi treba preporaka za dkktor vo Sistina koj ke mi vodi bremenost do kraj i ke me porodi carski. Se mislam megju Palcevski i Mitko Ivanovski? Ili nekoj drug? Do sega sum.bila kaj Drakulevski, Dimcev no za poragjaj ne bi sakala kaj niv, Dimcev za pregledi da. Jordanco ne mi ostavi vpecatok ic totalno nezainteresiran, Bojadziev isto nekako, Palcevski sum bila ednas porano pred da sum bremena pa nemam nekoe mislenje... Ve molam kazete go vaseto iskustvo na misla sum tamu da prodolzam so pregledi i onaka tamu ke se poragjam zdravje Boze. I kako e so pregledi vo smisla zakazuvanje sleden pregled, na kolku vreme, moze li porano od toa da otides, doktorot dali e dostapen na tel i sl.? Ova momentalno mi e prednost sega kaj sto sum pisav i vo trudnicki bas. No me interesira za Sistina striktno
Na kolku vreme pregledite se, na 4 nedeli li? Dali e dostapen i na tel da mu se javis ili pises za nesto ako ima i slicno?
Па претежно на 4 но може и по потреба, достапен беше на тел, јас имав ризична бременост додека лежев таму доаѓаше да ме види и на празник во цивилка а дента кога се породив остана по работно време
Jas sum bas hipohondrik i sekako za se nesto bi mu dosagjala... On li te porodi? Jas sum za carski zosto so prvoto sum carski, i imav tezok i rizicem poragjaj zatoa sega sakam na sigurno da odam.
И јас исто вака се двоумев, прво породување кај друг доктпр бев, втор го одбрав палчевски, препрезадоволна сум, пиши ми порака ако те интересира нешто плус
И јас би ти го препорачала него, премногу е посветен. На вибер веднаш одговара, во посети доаѓа од дома. едит : на Ивановски мислев
Toa mi e vazno zosto jas i onaka sum malku preplasena za se prasuvam nesto i se nesto mi e.... Me interesira za carski dali e dobar? Dali on poragja ili ko sto citam pogore na specijalizanti ostava? Zosto prviot carski mi bese rizicen i so komplikacii posle toa ne bi rizikuvala pak zatoa i vo Sistina ke odam za poragjaj....
Јас сум задоволна од Бојаџиев. Тој ми ја водеше цела бременост и ми се допаѓа што е достапен. Имав и лоша ситуација, надвор од Мк, и тој надвор од Мк, ама ми одговори, ме советуваше. После ми пиша да ме праше како сум… И Палчевски е добар, сум била кај него неколку пати во првата бременост. Димчев е супер исто за прегледи ама е и презафатен со скрининзи. Петровска не би ја коментирала, има задоволни од неа, јас лично не сум.
Верувам дека е стручна. Ама искрено односот ич не ми се допадна кога завршив кај неа. А во тој момент бев ептен ранлива, и нејзините коментари не беа на место. Затоа кажав, многу луѓе се задоволни од неа, ама јас би ја прескокнала.
Сега гледам дека имаш прашања, не сум дочитала.. Конкретно за Бојаџиев… одговара на вибер, пораки. Достапен е. Ти кажува кога да одиш. Знае сам да пише или се јави ако има потреба. На прегледи супер, смирен. За ваков паничар ко мене, одличен хаха. Ако имаш некое друго прашање, кажи.