Имам пишувано, јас имам искуство со неа. За првото ми водеше бременост и ме породи, а сега и вторава ми ја води и ќе ме породи.
Читам по темите, многу ја форсираат, а најмногу искуства има дека е презафатена и арогантна. Па има и други доктори таму, јас ич не сакам извикани.
Јас неколку доктори поминав во Систина, следна бременост дефинитивно кај Бобан Систина. Иако изгледа на прв поглед строг, многу е посветен, и не те пушта да си одиш додека не види се што треба. Петровска, едно големо фуујј, никаква емпатија ни што е жена, со оглед на ситуацијата во која се наогав, катастрофа, дрско понашање, за 2 мин само да ме откачи, нервозно одговара. Уште имам за неа да кажам ама одма си враќам филмот и се нервирам. Големо дно од жена за мене!
Јас се водам кај Бобан во Систина, но и двата скрининзи ги правев кај Гордана зошто така ми кажа тој. Навистина брзо прегледуваат и двајцата, но не сум имала лошо искуство. Маж ми вели на вас жените само такви доктори што не зборуваат многу оти после дома само филмови си правите
Од тие неколку минути на визита што поминуваа разни доктори, Бобан Сарџовски баш ок впечаток ми остави. Он колку што знам е ептен стручен за операции и потешки дијагнози, ама и за водење бременост е добар. Инаку повеќето за скрининзи препраќаат кај Димчев или Гордана. Мене тоа ми е ок. Најмамлаз ми се виде Јорданчо Иванов, промумља нешто си се сврте си отиде...исто ко да не поминал.
Од повеќе луѓе имам слушнато дека се презадоволни. Можеби не му беше денот, ама баш како изгубен влезе
Многу сум задоволна од Симонида, достапна е цело време и многу е смирена. Двете бремености таа ми ги водеше и таа ме породи.
Поради паничење некој ден после доаѓање дома Корнелија не беше на работа, па ме прати да идам на дежурен да ми ја видат раната - се погоди Петровска. Уште не легната ми рече станувај, добро е. А светлото не беше запалено, претходно на ехо што гледале и така останало темно. Не може никој да ме убеди дека ја виде раната.
Kaj bi izbrale poragjaj carski Remedika ili Sistina i zosto? Uste sum vo nedoumica. Vo Redika bi odela samo za Simonida..vo Sistina neznam kaj koj nekako ne mi se dostapni za konsultacija koga i da mi zatreba...
Јас од 16та недела некаде почнав да одам кај Петровска, и е доста директна и концизна во комуникацијата, не го шири муабетот ако нема потреба. Мислам заради тоа ја сметаат за препотентна. И за скрининг бев кај неа, секој орган детално го опиша, мереше ни објаснуваше како да сме ученици. Неколку пати имав потреба да и се јавам на мобилен за консултација, ме ислуша и ми даде совет. Тој што очекува доктор да го гали со зборови , таа не е за него. Тоа е мојот впечаток за неа, а слушам од други дека највеќе го фалат Палчевски, Бојаџиев, Корнелија и Петровска во Систина. Се зависи кој што очекува од докторот.
Другарка ми исто имаше прелошо искуство кај неа Заради комплицирана бременост и тоа што и ја фалеа почна да оди кај неа негде од средина на бременоста. Воопшто не беше задоволна од односот ама толерираше нели заради стручноста иако подоцна излезе дека со закаснување и даде клексани па плодот заостануваше многу. На крај како јагода на шлагот, ја извиси и за пораѓај иако беше договорен царски. Стресови невидени доживеа заради неа ама битно на крај си се породи кај друг доктор и сè се заврши ко што треба.
Не бранам никого ама и јас сега да отидам кај било кој друг доктор на средина на бременост нема да знаат што да ми прават. Еве јас сум кај Петровска 2ра бременост ради нејзе родив здраво право дете. Еве сега и оваа бременост гледањето на ехо е многу кратко и кажува само дека се е океј си расте. Што повеќе да ја прашувам. Ако останев кај матичните јас дете во животов мој немаше да родам. Едини човек што се ангажирал е она.
Како бе на средина на бременост нема да знаат што да ти прават??? Значи ако итно одлучиш да одиш кај нив нема да знаат што да ти прават... Браво бе, баш стручњаци.
Таман работа ако е така. Значи ако му се случи нешто на твојот гинеколог и одиш кај друг нема да знае што да ти прави па ќе си останеш така Не знам зошто лично ги сфаќаат некои искуства. Секој со своето искуство, некок добро, некој лошо. За докторката на долго и широко е пишувано на форумот плус никој не и ја оспори стручноста туку невниманието, препотентноста, недостапноста...