Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Сите жени кои одат на државно да раѓаат се 8 месеци кај еден доктор, и со тој што ги пораѓа го запознаваат во 9ти. Здрави прави деца раѓаат.

    Следење бременост е едно, пораѓај друго.

    Јас на скрининзи одев кај Петрова во Ремедика. Истото го виде и таа истото и мојот доктор. На крај и докторот што ме пораѓаше истото го кажа.
     
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Тоа и кажав и јас дда отидам на сред бременост кај друг доктор нема да знае што да прави со мене. Едно е да те води еден.

    Не споредувај државна со приватна светлосни години се разлика. Тука праиме муабет за приватно.
     
  3. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Извини ама за дете да ти биде уназад со развој треба да те следи гинекологот кај што идеш за да утврди. Еве на државна цела недела уназад ми го водат бебето. Да не бев за извештај и да ме прегледаа и да им отидев во 5ти месец ќе ме извадеа од памет. Сигурна сум да имала лакуни другарка ти Петровска би и ги видела што касни со развој.
     
  4. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Да, имаше лакуни ама не кога првично отиде кај докторката туку подоцна се појавија и кога се појавија докторката и рече нема потреба од клексани иако имаше и лоша хемостаза. После бебето наеднаш почна да е 3-4 недели назад, па малце паника ја фати. И даде клексани ама бебето и со клексани до крај беше 2 недели поназад, значи ненавремена реакција.
    Јас никој не бранам, само споделив искуство од многу блиска другарка ама гледам дека не можете да прифатите туѓо искуство и мислење.

    Во условите има светлосни години разлила ама се лажеш ако мислиш дека во државните нежа квалитетни доктори. Плус, речиси сите доктори во приватните се излезени од државна болница/клиника.
     
    На LiquidLuna, teddy85 и Starchild им се допаѓа ова.
  5. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Има и во државните но да ја отвориме и темата за породување во државна болница сите добри доктори се потплатени. Кога ќе видиш исто ти е. Ако си платиш ќе имаш соодветен третман освен некои што им се погодиле кец на десетка што имале соодветен третман во државна без да платат. И тие доктори што се во Систина биле на државна клиника некогаш своевремено.
     
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.827
    Допаѓања:
    11.745
    Пол:
    Женски
    Ама да не го извртуваме муабетот, не зборувавме за породувања, туку за прегледи и дијагностика.

    Инаку да, има доктори што бараат пари за породувања ама воопшто не е точно дека СИТЕ бараат да ги потплатиш, од лично искуство го кажувам тоа.
    Плус, да не заборавиме дека пациентите сами нудат и потпикнуваат пари во пликце заедно со цвеќе или чоколатца.
     
    На Starchild му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Како нема да знае што да прави со тебе, не си ми јасна.
    Доктор ако е стручен, кога и да отидеш ке знае што да прави со тебе. Лакуни се лакуни, мерки се мерки, плодова вода се знае што е.
    Мислиш во приватни докторот те памти која си, ти памти историја? Не, кога ке влезеш гледа ехо и кажува што гледа.
    Кажи кој доктор ке се извади од памет ако бебе е една недела назад? Варијации од 2 недели се ок и цел форум го знае тоа, не па доктор.
    Гарантирам ниту еден доктор нема да се извади од памет.
    Јас кај Елена бев на прв скрининг па на втор. На втор беше 2 недели понапред. Не се извади од памет, само праша за скриен шеќер и толку. Не виде со маж колкави сме и јасно и беше дека е генетика.

    Признај си дека преувеличи со муабетот и тоа е тоа. Жени доктор менуваат во сред бременост, држава а не пак за водење бременост.
     
    На LiquidLuna, Lavender13, Autumn Love и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    18.314
    Еве јас ќе ти кажам од моето тазе искуство.
    Отидов кај докторката за второ мислење и да ми појасни што виде докторката на гак а не образложи да си ја знам состојбата.
    Докторката виде што виде,детално и јасно ми објасни. Но бидејќи не ми следела бременост,не знаеме од кога се појавил фанелингот и колкав бил претходно ме повика на контрола за една недела за да знаеме на што сме. Таа точно знаеше каква терапија да ми даде, за тоа што во моментот го гледа. Провери се што е поврзано со сотојбата.

    Можеби за вакво нешто сакаше да каже членката.

    Инаку, историјата во Систина ти стои електронски, и уште на првиот преглед во Февруари ми ја отвори и виде што се случувало во првата бременост,бидејќи од 20та недела одев кај неа на секои 2 недели. Тогаш, кога и да отидев (веројатно отвараше и читаше пред да влезам) точно знаеше колку било мерката на цервиксот претходниот пат и заедно се радувавме на поголемата бројка во мм.
     
    На Brpbrp и *malenavolena*87 им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.666
    Допаѓања:
    18.305
    Пол:
    Женски
    Затоа и постои водење на бременост. Термин кој подразбира следење на целосна состојба на мајката и бебето. Стои како факт дека треба да се води бременост кај еден доктор.

    Ама, ама, гарантирам дека стручен доктор нема да се шокира ако отидеш во 5ти месец. Членката кажа немало докторот да знае што да прави. Јас тврдам дека ке знае.
    Пример, кога отидов на втор скрининг кај Елена бев со лакуни, крупен плод, скриен шеќер два пати проверував, следев притисок, димери и фактори, докторката не испаничи, само ме праша за детали. Да продолжев кај неа не би била во ситуација да не знае што да прави со мене.

    Се подразбира и дека жени бремени не одат кај рандом доктори кога ке им текне. Не ги менуваат на секој преглед.
     
  10. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Дали почнаа Ремедика посети да пуштаат?
     
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Да.
     
  12. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Има во одреден период од денот или кога сакаш може?
     
    На Bebence29 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    За тоа немам информација. :)
     
    На Bebence29 и Lovebug01 им се допаѓа ова.
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Фала богу некој разбра што зборам :)
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ines24

    Ines24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2020
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Женички здраво.
    Дали имате некое инфо за која е цената на спонтан пораѓај во клиниката на Др. Органџиски?
     
  16. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Систина Царски породени може ли некоја да ми каже во пднос на јадење ден пред прием дали некој ве советуваше нешто и дали ви дадоа клизма ???? и како оди временски од извршен царски до дппуштена посета ?
     
  17. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    3.582
    Ден пред прием јадеш што сакаш и онака клизма добиваш пред породување.
    Те качувате во сала те породуваат седиш 2 часа во соба за будење да пушти анестезија,да почнеш да ги чувствуваш нозете и де слегват послем на оделение.
    Од самиот момент кога ќе те слезат може да дојде мм и бебето ти го дават веднаш.. посета може кога сакаш и кој сакаш да дојде
     
    На *malenavolena*87 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    8.014
    Пол:
    Женски
    85 iljadi. Se doplakja samo ako ima potreba od krv, inaku nema skrieni trosoci.
     
    На Ines24 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Ти не ме потсети, ама прашав, среќа не заборавив :D
    Царскиот е 120.800, а плус се некои испитувања за бебето, од 3000 до 5000 од прилика. Така ми кажаа.
    Припремата, ЦТГ, сите прегледи до крај и инфективниот, за тоа 7400 се плаќа и не влегува во цената за царски.
     
    На Bebence29 и KonstantinaM им се допаѓа ова.
  20. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    4 прегледи се за бебето. Ортопед, кардиолог, за слух и интолеранција на лактоза. Не се задолжителни, те прашуваат дали сакаш да ги направат. Мислам дека сите 4 прегледи беа 5200.
     
    На Bebence29 и 0ли им се допаѓа ова.