Фала ти баш си другар ...Јас кај матичен почнав со цтг...кај нив би одела директ за пораѓај ќе зборнам со докториве што како ќе треба....ајде тука негде ни се термините можда и ќе се начекаме
i jas sum so vas pocnav denes so ctg vo remedika od 34ta nedela,sledno odam za 1 nedela se nadevam ke isteram do 38-39ta
Брисеви ти зедоа, крв, сè помина? И јас се надевам дека ќе истерам толку, нека си поседи да порасне. Така ми кажаа денес, освен ако не сум сфатила како што треба. Ми нагласија дека не е променета цената за царски, останува иста, само цената на припремата не е веќе 7000 туку 7400.
ми земаа крв,платив 7400,брисот последен го направив кај матичен на државно не ми се даваше пари кај нив. 133000 е целодната сума за царски,со 4 болнички дена освен ако не испадне и некое друго испитување
многу е,јас кај матичниот направив 1 брис,а на приватно беше 700 денари кај него.значи и ти се помина денес не ги прашав за ковид тест
Два ми зедоа мене, со две стапчиња. Не можев да се маткам кај матичен за ова, попрактично ми беше со едно одење да завршам. Инаку за првото на ГАК правев и не платив ништо. И јас за ковид не прашав, не ми ни спомнаа ништо. Тоа веројатно на крај таму пред прием го прават. И за посети заборавив да прашам дали се во одреден период од денот или кога било.
И јас сум тука некаде со вас, денес бев само да измери цервикс и исто се држи две недели, ми рече докторката до 36та ќе оди сигурно мене на подготовка ми рече од 36та, а јас некако бев занесена и за природно не ни прашав која е цената во ремедика. Да не знаете вие
Ajde devojki so lesno da pominete i da guskate bebinja pa cekam impresii od remedika, se poveke sum sigurna za tamu
33+6, целта беше до 34 да истераме за да не треба зреење или слично. Мислам дека сега полесно ќе дишам
Не е страшно, океј е штом не се скратил повеќе. И јас само посакував да помине 34-та недела, па сега ќе ја бркам 36-та за да влезам во деветти. Ќе успееме Ти се допадна Симонида штом вака се мислиш?
uste ne sum bila, doprva ke odam ke kazam impresii...me vlece toa sto e podostapna od bilo koj vo sistina...
Не прават веќе ковид тест во Ремедика да знаете Природно е околу 100 или 110 мислам. Зависи кој доктор те пораѓа. Со лесно женски. Супер ќе пројдете, јас бев презадоволна, од доктори, до акушерка, сестри, педијатри