Затоа што немам таму доктор кој ми води бременост,тие што ќе ме пораѓаат се надворешни соработници(доаѓаат во договор со пациенти за пораѓај)....кај матичниот почнав со цтг па здравје кога ќе дојде време за пораѓај ќе договориме па ќе видам што,како треба....
Јас би ти ја препорачала Корнелија. Нема кај неа гужва и ќе ти посвети внимание. Ивановски има премногу пациенти и не верувам дека би ти одговарал на се како што викаш дека сакаш да прашуваш често и да ти се посвети внимание. Плус закажување кај него по тел иде тешко затоа ко ќе си таму закажуваш за нареден термин. Јас сум му пишувала ама ќе одговори со еден два збора и ако треба ќе пренесе на сестрата да се слушнеш со неа. Инаку за стручност немам коментар за мене е најдобриот. Ама по тоа што прочитав што бараш би ти препорачала некој друг како Корнелија која би ти била подостапна.
Да да кај нив кај Никола одев за скрининзи,а Кате ме пораѓаше и со првото па здравје и сега .На закажан ќе одиш? Ајде бирај датум
не нема да бидам на закажен , ме водат како високоризична Афродита ќе одлучи кога. со првото кај се породи?
Јас се извинувам што ти упаѓам во муабетов, но гледам одиш кај Маџункови и ти, јас одам кај Никола. Е сега прашањето ми е, знаеш ли која е цената за царски во Ремедика, дали е исто дали е нивни доктор или се Маџункови
Мислам дека е исто...ќе проверам и ќе ти кажам ,уште не сум прашала(ако дознаеш пред мене извести ме) .
Сега се во Ремедика @KonstantinaM Ако дознаам цена ќе ти пишам, мада што имам уште многу време за пораѓај, тек сум 19 недела сега
Мислам дека и посети дозволуваат, ама нр сум сигурна....Јас се породив пред 6 месеци и сум препрезадоволна од Ремедика,посебно од Симонида..Благодарение на неа се гушкам со мојот борец, мојот Борис.
@0ли мислам дека со тебе збиревме во врска со престојот и посетите во Ремедика, па да ти пишам уште додека сум тукаКога дојдов минатата недела воопшто немаше гужва, бевме само јас и уште една жена.Сега има вкупно 6 бебиња, ама до сега сите сме сами во соба.Мене вчера касно ми донесоа цимерка во соба, ама денес веќе си одам, така што скоро цел престој бев сама.Се настојува да бидеме сами се додека има соби.Посетите се навистина кратки, максимум 15 мин во ограничено време од 16:30 до 18 часот преку недела.Бебињата ги повлекуваат во тој период на посета.Посетата е дозволена за само едно лице.За деца не знам дали би дозволиле со татко, ама мислам дека не би имало проблем.Се е супер, верувам дека ќе ти биде добро тука.Ако не грешам и ти планираше да бидеш во Ремедика? За било што ако ти треба инфо, тука сум
Не знам како е во Систина, ама тука е супер.15 минути не е ништо и тоа во точно определено време.Јас и така бев сама во соба, па супер ми беше со посетиве
Деца не даваат апсолутно никаде освен во Санте, таму не ги занима кој ќе дојде, сите влагаат, башибозук.
Еве чисто и јас да ти кажам, се породив во Ремедика кај Симонида бев и сум презадоволна од се, докторката прекрасна и кога не е на работа цело време ти се јавува или пишува како си додека си во болница ако сакаш некој детаљ повеќе пиши ми.
Да, планирам во Ремедика, фала ти за инфото Деца не пуштаат, тоа сум сигурна. Добро е што се кратки посетите и што се во одредено време, да не е врвулица кој како ќе стигне. Ајде вие домче сега, гушкање на купче