Не ама јас не ни прашав. Кога го земаа бебето и искочија поголем дел од персоналот го земаа и телефонот, ми рекоа во соба ќе ме чека. Побарав телефон од една сестра на интензивна само да се јавам на маж ми.
Мене во Октомври кога се породив ми дадоа нивен телефон да се јавам каде сакам, додека бев на интензивна.
Јас кога се породив пред 2 години, пред да влеземе во сала, ми го побараа мобилниот за да го сликаат бебето. Кога се разбудив на интензивна, тогаш сфатив дека телефонот е до мене.
Здраво, видов пред две години си пишувала, би сакала да те замолам да ми пишеш искуства со доктор Елма од Санте Плус, оти имам во предвид да одам кај неа. Благодарам на одговорот.
Здраво, јас имав навистина супер искуство со др Елма, ме породи мн брзо и лесно со епидурал, изглегов за 24 часа, не доплатив ништо.. Навистина супер искуство имав, трето ако раѓам само кај неа идам.
Ako moze malku poveke za epiduralot da mi kazes,dali sepak ima razlika sekoj ima neli razlicno iskustvo.Jas so dvete nemav moznost na drzavno ragav e sega 3to bi trebalo da e vo privatna klinka i nudat i epiduralna vo paketot.
Јас првото го родив без анестезија и навистина има голема разлика. Иако ми нудеа на почеток јас одбивав не сакав да примам но добив баш силни болки и дојдоа одма ме боцнаа. Е сега додуша мислам бека примив лајт спинал .. Болки после тоа немам никакви дури сама станав после се туширав дојде маж ми во посета.. Никакви последици немав од анестезијата што е најбитно
Муабет од блиска личност, породена пред 2 месеци. "Јас сум презадоволна од Органџиски. Бременоста ми ја водеше др. Верица, а ме породија др. Ванчо и др. Нисо. Кај мене се знаеше дека ќе бидам со царски рез, платив 127000. Додека ме спремаа за операција, сестрите и анестезиологот беа до мене, ме гушкаа и охрабруваа бидејќи бев исплашена. Во соба си сам, со тв и веце со туш. Има копче до кревет и сестрите доаѓаат одма, за секоја ситница. Ти носат мени и бираш што сакаш да јадеш. За бебето - ако имаш потреба било каква, да одмориш, да се истушираш го зимаат без никаков проблем. Ако немаш млеко, ти покажуваат како да подготвиш АД, во моментот кога ти надоаѓа млеко ти објаснуваат и покажуваат буквално се. Те гледаат како ти и бебето да сте единствени таму, во ниеден момент не бевме запоставени. Ти покажуваат како се бања, како се пресоблекува, ти даваат совети за како да го облекуваш во престојниот период. За таму ти требаат само алишта и за лична хигиена. Друго се даваат, влошки влажни марамици крпи бањарки шампони, се има. 4 ноќи со царски, 3 природно породени. Имаат стилист и фризер, те шминкаат те дотеруваат пред излегување" Се надевам дека убаво ви доловив искуство од блиска другарка Дополна: таткото може да присуствува на пораѓај, има контрола после 1 недела за бебе и 40 дена за мајка и бебе со тоа што ако има потреба може и порано
Глупо прашање ама од прееска ми се врти во глава па си викам да прашам отколку да нагаѓам Во Систина како се со храна, мени? Има можност да ти понудат нешто па сами да си избереме или? Гледав видео од една србинка породена во приватна болница и баш им беше богато менито па си викам дали и Систина се исто дарежливи
Нема избор ама јас кога се пораѓав дека царски едвај бисквити ми дадоа. Најубаво природно да си да се најадеш како човек. Барем сок од јаболко имаш константно.
Среќа млеко не даваат во Ремедика, ќе ми го зезнеа стомакот од прв ден, не јадам со млеко. Мислам дека првото јадење ми беше корнфлекс со јогурт. Тоа толку ми се слади таму, што дома едвај чекав да си одам за пак да каснам тоа.
леле и јас го памтам корнфлексот со јогурт следната ден ама и овок пат нема да биде поразлично имаме масажа