Здраво девојки) 25н+6 сум со прво детенце и размислувам за породување да одам во Систина. Таму имам одено на преглед кај Др Димчев, ама се немам повеќе распрашано за породувањето… Ако некој има да споделе искуство или веќе кога идам приватно да прашам и на друго место? Сакам да се породам природно, ама дали може во текот на самиот процес да одлучам за епидурална или мора тоа однапред да се каже? Исто така, ме интересира дали дозволуваат сопругот да е со вас во соба за време на контракции? (породување претпоставувам дека не?) и како оде после за посети, дали бебенцето ви го даваат одма и дали си е со вас?
Во Систина смее да присуствува на пораѓај мажот во државните не може. За епидурална не ти ставаат одма туку ќе те прашаат во процесот дали сакаш. Нон стоп има луѓе
хеј женски, јас скоро влегувам во 29та болница и знам дека сакам да се породам во систина. имаат опција да платиш одредена сума како капар претходно, за да добиеш одредени бенефити, па сакав да прашам кога решивте вие да ја платите? (јас планирав веднаш чим влезам во 9ти). исто така, до сега само кај димчев одев на прегледи, како се пристапува кон лекарот што сакате да ве породи а пример ве нема никогаш видено/запознаено? на шалтер кажувате 'закажувам' породување кај тој и тој или претходно закажувате во која недела преглед па се запознавате и слично?
Јас се породив сега крај на Мај, маж ми не му дозволија на пораѓај, меѓутоа нон стоп може во соба да седи додека те спремаат и откако ке дојдеш. За природно со епидурална не знам, јас со царски се породив. Бебињата ги носат истиот ден и одма на града. Секој нареден ден ти ги носат рано наутро да цицаат и само за хранење ги земаат.
Не кажуваш на шалтер ништо. Значи кога ќе влезеш во 36та недела се јавуваш да закажеш преглед кај докторот што сакаш да те породи и ќе му кажеш на него .
Пред 4 месеци се породив кај Палчевски, ок е, професионален, на мое инсистирање ми даде шанса да пробам природно и покрај тоа што имав прв царски.
Zdravo sakam da mi ja vodat cela bremenost vo sistina pa me interesira mislenje I iskustva od Dr. Nikola Pancevski. Vi blagodarime
Јас се имам оперирано кај него, презадоволна бев, тоа е број еден за лапараскопски операции таму и одев секоја година на контроли кај него после тоа Супер доктор е, професионален, не збори премногу ама е темелен и одговара на прашања Се шегува со пациентите, ок е навистина, јас планирам и кај него да се породам сега во август.
Сакав да прашам дали некоја со РХ негативе крвна група се породила во Систина, дали инекцијата ја ставаат после пораѓајот бесплатно (спаѓа во пакетот) или си ја плаќаш во целост?
Јас сум рх негатив и ја примив во 25/6 недела ми се чини. Иначе моментално 32+4 идам во систина кај др Елизабета Матевска. Инекцијата мораш да си ја купиш ти од аптека и ќе ти ја стават ама не после пораѓај. Прашај убаво кога треба да ја примиш
Инекцијата ја ставаат само ако детето ти де роди РХ+, значи него треба да го испитаат. Си ја купуваш сама (сопругот или некој друг од аптека) они само ти ја аплицираат.
Ejj,mozebi ne si procitala jas izvestiv haha se porodiv na 29.06 vo Crtvrtokot.Zavrsivme so carski rez no se pomina super
Не може во сала да влезе сопруг, затоа не му дале. Со природен пораѓај може да седи во предродилна сала.
Src aj pisi mi na viber primer ako sakas se ubavo da ti objasnam tuka probav da ti pisam vo privatna poraka no ne mi dozvoluva mnogu tekst