Дали некој има искуство со природен пораѓај со Младен Ристески во Систина? Досега во Систина ме прегледуваа тој, Димчев и Поповиќ, па од тројцата се мислам за него. Би сакала природно, ама ако има некој искуство за овие тројца доктори и за царски, споделете, јас би сакала природно ама ако мора царски тоа е... Исто така, ме интересира, вие што веќе сте се породиле таму, подароците се добиваат само доколку се плати авансно или ако платиш кога ќе се пораѓаш? За беби-торбата ми е
На сите ја даваат торбата. Димчев не е баш за пораѓај зошо секад е многу зафатен. За Младен има поделени искуства. Јас би бирала некој друг за пораѓај. Инаку секако природно ги пораѓаат жените ако нема индикација за царски.
Јас би ти предложила Гордана(мене ме пораѓаше), Палчевски, Сарџовски. За Младен поделени се мислењата јас не би за кај него Поповиќ не го знам сум немала искуство со него.
Јас се водам кај Сарџовски, до сега не ми спомнал воопшто за царски ми кажа ако треба царски јас ќе кажев до сега. Ќе тераме вака додека бебето не си покаже само, па ќе видам до крај ќе кажам искуство
Сарџовски е професионалец малце е намќорест ама премногу реален и претпазлив особено ситниците ги гледа и воочува. Он ме стави на мирување кога мојата беше на одмор и тоа бев 3ти месец и првиот пат кога имав миссед он го виде отокот во 6та недела околу срцето
Не збори многу многу да објаснува и ред други работи како Палчевски пример. Ама за знаење и обрнување внимание на проблем му нема рамен. Доколку нема проблем не ти ни кажува ништо ќе ти каже само добро е се и толку. Како што и реков намќорест
За Сарџовски и јас се согласувам, на изглед намќор ама додека не види се нема излегување. Кај мене тој прв виде дека не е вонматерична. Детално те прегледува, мислев дека матка ќе ми отиде
Ич не сум во тек, што се збори за Младен? Јас знам за 2 кои се породиле кај него, една природно двапати кај него во Чаир, а друга со царски и двете беа ептен задоволни, затоа немав сомнеж. И вака на преглед се било досега во ред, ептен е претпазлив и темелен кога објаснува... Ама сакам да знам какви се поделените искуства, ве молаам споделете
За тој Младен се зборува дека бил дрзок додека бил во Чаир. И јас не би кај него. Плус огромни пропусти правел, на членка од форумов и починало бебето поради негова грешка. Сега во Систина може е поинаков дека приватно.
Многу ми е чудно дека со мене лично е толку претпазлив, одам кај него од 26та недела, се е во ред, дрзок-никогаш, напротив ми даде до знаење дека во секое време што и да треба можам да му пишам на вибер, немам никакви лоши искуства, еве веќе 37ма недела сум, следен преглед кај него ми е на 1 август. Инаку колешка што се пораѓала кај него, царски, завршила на царски ради негрижа од медицинските сестри на државно, па он се појавил и ги искарал сестрите, ја цитирам: „Младен го спаси животот на моето бебе, си го враќав бебето оти за малку сама ќе се породев, модра бев, се немав напиено вода со саати, да не беше он не знам што ќе се случеше“. Исто и со др. пријателка која се пораѓала во Чаир, рече дека одлично искуство имала со него па затоа и за втората бременост се одлучила кај него... Многу ме зачуди ова оти досега не сум била активна во темиве, баш ќе пребарам што се пишувало
Споделив што е пишувано по темиве додека бил во Чаир. Секако има врска тоа што во Систина сите се генерално фини. На крај на ден, битно е ти да му веруваш на докторот што те пораѓа. Ако си задоволна од него, нема зошто да менуваш сега пред крај
Здраво 30н+ тука. За породување бев на консултација со Др Јорданчо Иванов во Систина и ми остави многу добар впечаток. Има ли некој да споделе искуство?
Јас ќе го кажам поето искуство. Младен ме породи со првото во Чаир, мораше царски. Многу беше внимателен на прегледи и супер впечаток ми остави. Јас сум презадоволна од него. Во однос на доктори, сите имаме позитивни и негативни искуства со некои доктори. Затоа мој совет, ти прочитај си за докторот, ама на крај одлучи си според твојот инстинкт и колку ти му веруваш на докторот. Со лесно
Јас и претходната бременост и сега ја водам кај него. Се породив природно, дојде од дома докторот во сабота, задоволна сум. Некогаш прегледите се многу кратки ама битно е да види дали е се во ред.
Zdravo kako si da ne se porodi veke ti ? Jas pocnav odam na ctg ednas nedelno mi kazaa drugata nedela da se dogovoram za carski koj den sakam ….
Извини ама со саати вода да не се напие и да биде таква значи докторот каде бил, не знаел дека некоја се пораѓа? Јас кога се пораѓав докторката беше горе со 3 нејзини пациентки и плус доле во амбуланта работеше и беше растрчана сегде, а таму каде бил докторот со саати? Тоа се пропусти на докторите, а не на сестрите. Пребарај за него ама искрено имаше доста лоши искуства тука со него, не зборам за дрскост туку стручност знаење, за сељачко однесување знаеме дека има и каде живееме особено на гинекологија доле на итна амбуланта сестрите мислат дека се богињи таму и ги мрзи што постојат и што се на работа.