Документи само лична карта имај си, што и да треба, ако треба нека си носи маж Има време на претек и е досадно. Бебето го носат 3 пати на половина час. Итекако мајката треба да се одмори и ќе сака да се одмори, може да и го донесат бебето кога ќе сака таа. Башка на бебето му прават и испитувања, капат итн. Тоа нема врска со едвај чекањето да се роди. Јас не гледам телевизија, па затоа предложив книга.
Мое искуство од Декември, бебето беше скоро цело време со мене, освен за јадење бидејќи немав млеко и навечер некој саат.
И моето искуство е како твоето, со тоа што ни за јадење не го зимаа, одма фати да цица. Го зимаа само визита кога поминуваше и навечер за да поспијам
Да ете можеби друга пракса почнале или моево бебе дека беше 36 родено па го набљудуваа повеќе и блуцкаше доста ама тоа беше моето искуств, а и имаше и жолтица па го сунчаа, можe и тоа.
Е големо чудо ако гледала филм или читала книга.Одма набивање вина на жените ако одморат, а уште и не излезени од болница. @Slonce91 одмарав и јас.Со царски родив,раната болеше,сила ми требаше да соберам за се што ме чекаше после тоа.Се наспав,соземав и дома свежа се вратив со бебо
Еве и јас сум од мајките што одмори во Систина, плус имав симптоми на депресија, па многу ми значеше тоа што го земаа бебуш. А не ко во државна, сама цело време, ќе паднев сосе бебе. Не сме помалку мајки ако сме одмориле по пораѓај.
Ма стварно се осетив како да треба да се правдам додуша јас си и мислев дека така е со сите уствари ама ете сватив дека не било така ама океј е која како може и сака нека прави не сме помалку мајки валда ако сме читале или гледале филм
Според тоа што го знам Младен тогаш стигнал на работа не ни требал тој да ја пораѓа, туку самоинцијативно и влетал во соба и ја породил. А за стручност не знам што да кажам, јас го споделив само моето досегашно искуство и искуство од прва рака на жени што се породиле кај него, но тоа не значи дека не им верувам во тие што пишувале тука против него, само овие се лични искуства од жени што лично ги познавам
И јас дигам прсти дека одморив во Систина . На Нетфликс цела сезона Emily in Paris ја изгледав . Сепак бебето не е со вас цело време. Го зимаат на визита, ги бањаат, ги хранат, им менуваат пелена итн. Плус лежиш цело време што ќе правиш ако не пуштиш телевизија или читаш книга? Не знам што има чудно во тоа.
Здраво, да ми препорачате доктор за скрининг од кој сте задоволни во Систина, освен Павле Димчев бидејќи е на одмор?
Preopraka za 3 ti Carski rez vo koja Bolnica i kolku e cena sto se e vkluceno vo cenata i dali rezot vi e so laser lepen ili konci ? Blagodaram
Јас во Систина се породив и само една линија и сега неприметна е имав како две копчиња од едната странана резот и другата и само тој еден конец беше кога го вадеа. Сега е 145 000 4 болнички денови, се има таму буквално во цената за тебе ништо не треба да носиш освен пуњач, чешел, стегач, ланолин такви работи
Во Ремедика се породив, само од двете страни на резот имав како копчиња. Втор царски сум породена пред 2 месеци и кај мене е топ. Уште на визита сите доктори коментираа дека одлично изгледа како да немам рана. И првиот пат резот беше добар, но на допир малку го осеќав. Овојпат Котларова како ме спастрила, секоја чест.