Значи и јас не разбрав! Ана е прекрасна во секпј поглед и стручност и кпмпетентност и по начин на пристап!
Kolku i da e prekrasna kaj mene ne vide strukturna anomalija kaj bebeto! Koe za zal mi pocina na poroduvanje
Па како си задоволна од докторот и неговиот тим ? Дали си задоволна како те третираа после пораѓајот? И дали користеше анастезија...некако што читам на сите епидуралната или не им фаќа или им фатила до пола, све нешто така. И другарка ми лани исто само на една страна и фатила.
Јас сега прашував , вака ми кажаа; Систина: * Спонтано породување 115 000 ден. во кое влегува : - Спинална или епидурална анестезија - 3 дена во двокревтена соба - предоперативен ден ( во случај да ве примат навечер за подготовка за раѓање) - самото породување - ортопедско таруматолошки преглед на новороденото - Вадење на крв и биолошки материјал т.е комплет крвна слика што се прави за потребите на пораѓајот. * Царски рез 145 000 ден. во кое влегува : - Спинална или епидурална анестезија - 4 дена во двокреветна соба - предоперативен ден - операцијата - царски рез - ортопедско преглед на новороденото - Вадење на крв и биолошки материјал т.е комплет крвна слика што се прави за потребите на пораѓајот. Дополнително сите бебиња родени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ добиваат ексклузивен попуст од 10 проценти за користење на сите здравствени услуги од болницата доживотно. Новина е што за мајките во пакетот следува специјален попуст од 30 отсто за постпородилни пакети за обликување на телото во Центарот за перфекција, а дополнително и специјален попуст од 20 отсто за користење на услугите во „Премиум центарот за здрав живот“, кој функционира во рамки на болницата и е еден најмодерен центар од ваков тип во регионот. Мајките добиваат специјален попуст од 20 отсто за медицински козметички услуги во Центарот за перфекција. И поради тоа што за здравјето на детето грижата почнува веднаш, секое новороденче добива бесплатен аудиолошки и кардиолошки скрининг и подароци. На мајките претходно им следуваат и бесплатни часови по јога во бременост, еднаш неделно, масажи за трудници, книга со совети за водење бременост. Сите поволности и услугите во пакетите се достапни со уплатување на аванс од 12.000 денари. За нив се добиваат сите услуги и комплетната грижа и пред и по породувањето. РеМедика Спонтано - 102 000 Царски - 133 000 пакетите се достапни со уплатување на аванс од 7.000 денари *Само во Систина многу ме изнервираа зошто ми рекоа дека ЦТГ (CTG) прегледите не се вклучени во пакетите ако бременоста не се води кај нив од почеток -.-
Јас си отидов во недела и ги замоливме тие од пулт да не сликаат со наш телефон. А дека имаше нешто од нив сликање или нешто такво не.
Од докторот бев задоволна. По пораѓајот исто ок беше, со исклучок на една, две сестри кај бебињата што се, имаше и незаинтересирани. Во глобала задоволна бев. Анестезијата исто ми фати на една страна, им кажав, но како да направија дека не е точно, во превод измислувам.
Фала ти. Јас уште се мислам, но ќе одлучам. Инаку ова со анастезијата стварно не ми се свиѓа , а и многу често има вакви случаеви. Но, и сите викаат дека најубав пораѓај е природно без анастезија. Ќе видиме
Јас немам платено за ЦТГ во систина а само на скрининг одев таму, бременоста ми ја водеше матичен гинеколог. Е сега дали и скрининг рачунаат како водење не знам.
Мислам дека да..се важи како водење на бременост. Јас моите ги правев во Ре Медика. Ти кај доктор ќе се породуваш во Систина?
Мислам не. Како водење бременост сметаат редовни прегледи на 4-5 недели. Абе ајде, значи треба да имам 50000 за водење бременост (2x скрининзи по 6500 и плус секој месец 4000 за редовен преглед) и уште 2-2500 за пораѓај. Wow
Jas se porodiv vo Sante pred tri nedeli me porodi dr Elma i asistirase Nenad… Jas i so prvoto tamu se porodiv no togas bese mnogu porazlicno… sega nemaat personal nekoi sestri koga se na smena moras da im zvonis da dojdat ako ti treba nesto…
И јас сакав да знам за санте,пишав пред некое време немам одговор. Јас поради болки и миоми се префрлив кај Адамова ,и планираме тамо и пораѓај баш фина се покажа и ми помогна,читам др.Елма ја фалат,но јас ниту еден доктор не сретнав на контроливе секогаш е празно,дури и чудно ми падна .
Ме сликаа во сала одма откако бебето ми го ставиа на гради.Сестрата сликаше со нејзин моб и ми ја пушти на вибер сликата. После 2 дена бебето го сликаа ,средено облечено во нивна облека.На излегување сама си ја сликав ,не сакав слика со докторката се брзав за дома.
Zdravo. Nekoj sto skoro se porodil vo Remedika ako saka da mi kaze sto tocno spagja vo podgotovki za poragjaj (doktorkata rece sledniot pregled pocnuvame so podgotovki) i sto tocno mi treba da nosam za zakazan carski? Kako ide celata procedura? Kakov e prestojot tamu, grizata za bebe i slicno?
Здраво, прашањата ми се повеќе околу бебето после породување во приватниве, ако не сакам да дојам дали треба да носам формула од дома? Или они имаат таму? Дали инсистираат на доење или не прават проблем ако одлучиш дека не сакаш? Исто и за памперс дали имаат нивни за бебето или треба да им однесам?
Имаат се за бебе и за тебе, ништо не треба да носиш. Ако ти дојде одма млеко ќе ти го оставаат почесто за да цица, ако немаш ќе ти го носат прво за доење, па ќе го земат за формула да му дадат. А ако сакаш може и цел ден во соба да биде, ќе ти донесат и шише ти да му дадеш. Мене така ми беше полесно зашто не сакав да ми висат над глава додека дојам, ги викав само за шише. За доење секако форсираат ама ако не сакаш тогаш само на формула ќе си биде, твоја одлука.
Здраво, ние се движиме горе-долу исто, јас сум веќе од вторник 36-та недела, сите скрининзи и побитни прегледи ми ги водеше доктор Петрова од Ремедика додека не ја испративме во пензија и исто размислувам за породување во Санте Плус. Дали случајно беше на преглед кај некој доктор, дали закажа, мислење, искуство, совет?