Здравоо, искрено не отидов во Санте. Отидов на неколку прегледи на државна кај кој се погодеше на смена.. Уште ништо немам одлучено
@Kalija.P Пошо и двете сте иделе кај Петрова и ви значи нејзиното мислење, мене ми рече гак или чаир се милион пати подобар избор од Санте. Ми рече ако треба она ќе се јави на доктор од Чаир да ме прими по нејзина препорака само да не одам во Санте. Тогаш се мислев меѓу Чаир и Ремедика, на крај отидов во Ремедика. Во последно време слушам и презадоволни мајки од Гак.
Дали некоја од вас се породила во Систина и има приватно осигурување да ми каже нешто повеќе за процедурата низ која што поминала?
Би сакала јас да го споделам моето не толку позитивно искуство со болницата Органџиски. Породена сум меѓу првите нивни пациентки. Катастрофа и жив хаос. Не сакам да имам второ дете поради нив. Се каам што воопшто моите нози стапнаа таму. Лош однос на докторо Ванчо, заборавија да ни донесат храна, постојано каснеше јадењето или беше пресолено и зачинето или чистачките забораваа да ни го донесат (Да напоменам бевме 2 породилки), требаше да ми се мери притисок на секои 3 часа а сестрите ќе го направеа тоа непосредно пред визитата, ноќите имаше само една сестра, моето малечко беше на АД нит ми се кажа како се прави нит која формула ја користат, буквално се молев за вода да ми донесат, не е за маана една сестра не може да постигне све ... оф би имала толку многу за кажување, цела се ежам од самата помисла, ако на некоја и треба дополнителна информација слободмо прашајте. Додека јас бев беа толку неорганизирани буквална лудница, како во државна болница да се наогаш ...
Здраво, јас се породив спонтано кај Др Палчевски. Презадоволна сум. Иако бременоста ми ја водеше друг доктор и друг требаше да ме пораѓа но бидејќи се се одвиваше мн брзо он се погоди дежурен и он ме породи. Како цел живот да сум го знаела ептен пријателски настроен,смирен и позитивен. Цел пораѓај ми е како сон се беше толку брзо. Епидурална ми ставија но бадијала само 20сетина минути течеше. Со лесно каде и да се одлучиш.
Овој ценовник го има постирано членка во темата за плодност, во март месец. Ама не ме чуди да имаат поскапувања.
Некоја да ги знае цените у Ремедика? Јас царски ќе сум башка ќе подврзувам туби, ама не знам зашто не ставаат цени јавно да знае човек да си планира однапред што како...
Спонтано - 102 000 Царски - 133 000 пакетите се достапни со уплатување на аванс од 7.000 денари *Само во Систина многу ме изнервираа зошто ми рекоа дека ЦТГ (CTG) прегледите не се вклучени во пакетите ако бременоста не се води кај нив од почеток -.- Ова е од членка постирано од предходната страна може и да не наплаќаат за подврзување зошто секако си отворена.
@Dpokahontas Мислам дека се тие цени од ливчето. Зедов ценовник пред некоја недела, го имаат поправено и веќе не е со коректор, и ако добро се сеќавам овие беа. Кога ќе плаќате по преглед има ценовници да си земете на пултот. @LadyC имаш веќе разговарано со докторот за тубите? Колку плус од прилика би се доплатило? Јас се' заборавам да прашам од што се мислам што да правам.
Да, обавезно рече ќе ги подврзе дека ми е трет царски. Го прашав колку трае постапката и дали ќе ме успива целосно, рече 5 минути е и дека пак ќе одиме со спинал. Не прашав за цена, можам у Ремедика да прашам да знам, ама не сум стигнала...