Ti ponesi samo dobra misla, za se ostanato ke se pogrizat tie.. Moze da zemes nesto licen pribor ako si osetliva zatoa, cetka za zabi,pasta, cesel.. se ostanato imaat!
За лична хигиена, четка, паста, чешел и нешто што немаше пред една година сега незнам, а мене многу ми требаше улошки за гради. Мн млеко ми надојде и лом се правев.
Здраво, бремена сум со близнаци и сега сум 12та недела. Знам дека е многу рано ама не можам да престанам да читам се што е поврзано со бременоста. Ме интересира никаде не можев да најдам колку чини ден во инкубатор во приватна болница. Ме исповадија од памет дека во систина 1 ден во инкубатор е 500 евра , што ако навистина е така е премногу, тогаш сигурно ќе се предомислам за приватна болница. Ви благодарам, доколку некој знае нека ми одговори ❤️
Можеш да се јавиш во Систина и ќе ти дадат информации за цени. Ти секако можеш да се породиш таму па да се транспортираат на ГАК и таму има доста што преживуваат од 25та гестациска родени. Само гледај да не размислуваш дека треба во инкубатор да седат можеби ќе си истераш до безбедна недела и се ќе биде добро па да нема потреба.
Благодарам на одговорот А какви беа вашите искуства со пораѓај во Систина? Како доаѓа времето многу сум уплашена, па секое искуство кое ќе е позитивно за вака уплашени мајки како мене, ќе ми значи
Јас втор пат се пораѓам во Систина. Доктори одлични, сестри повеќето се добри, на нео кај бебињата повеќето сестри се во ред, ама Наташа ми е омилена. Она ме научи со првото да дојам, и сега баш време посветуваше на секое бебе посебно. Педијатар го гледа бебето секој ден и ви кажува после визита како е. Негативни страни, болничари... и тоа што буквално никој не носи маска а со бебиња се по цел ден
Добро утро Пред 6 години породена во Систина немам замерка за ништо лекари , болничари , сестри, хигиена , буквално ништо не ти е потребно да си мислиш и да си носиш, само алишта за излегување за тебе и за бебе Моментално бремена 37+0 и за оваа бременост ја избрав Систина за прегледи и ќе ја изберам и за породување па ако не си пред мене ќе споделам како е после короната.... Со лесно
Какво породување беше? Ме интересира за цената немам прашано колку би било комплет? 2017 платив некој скоро 110 000 спонтано со сите дополнителни трошоци......
Јас се породив спонтано во август. Сите се плашиме но кога ќе дојде моментот само сакаш да си го видиш бебето и имаш храброст за се. Ако сакаш спонтано ти препорачувам да прифатиш епидурална или каква ќе ти предложат. Општо условите се супер за хигиена и услуга. Кога бев јас имаше многу гужва и сестрите беа мн зафатени но јас искрено мн ретко ги викав за помош. Ја има мојата породилна приказна во насловот Породилни приказни.
115000 е породувањето и сите испитувања. Ние за жал моравме да останеме уште 2 ноќи поради жолтица кај бебето и плативме уште 40 000 плус за двата дена
Епа многу да ама дека бев хоспитализирана со пукнат водењак еден ден претходно и утредента откако се породив фактички после породување три дена те задржуваат и така некако останав 5 дена 4 ноќи , и платив за да бидам сама во еднокреветна соба мислам се доплаќаше 40-50 еур од вечер. А тогаш беше 88.000 ден. спонтаното со се епидурална анестезија мислам и прегледи некој , па затоа ме интересираше.....