На блиска моја, се породи снашката пред 2 мес скоро, еднаш го пуштија таткото само. Таман јас мислев за мене за второ ќе биде поминато све, корони ова она, ете почнаа пак да воведуваат маски во здр установи нели, па којзнае дали сега ќе биди дозволено. За првото одма го пуштија мажотми внатре, сакам и второто да си го запознај одма. Ти планираш Плодност да се пораѓаш?
Да планирам во плодност терминот ми е крај на октомври и навистина би било убаво да можит и таткото да си го видит и запознает детето
Другарка ми се породи пред 45 дена и никој не пуштија на посета. На таткото само му го покажаа бебето ко се роди. На познаничка (истовремено породена со другарка ми) цела фамилија и ја пуштија на посета, со врски.
Devojki skoro sto ste se porodile vo Remedika. Dali davaat nekoi podaroci kako vo Sistina so torbata ili ne? I kako e sega so poseti tamu?
Дали некоја има што земала од породилниот кредит во Систина, а била на определено време вработена во фирма?
Какви се спори и тромави со во стб битола, не верувам дека ќе ти одобрат. Кај мене на чисто се, чекав 2 недели, се породив, па дента на пораѓај се утепаа од ѕвонење да ми кажат дека е одобрен, меѓу себе се скарале која филијала да го земе кредитот. Јас морав да идам на нотар за да го исплатат, а не можев зошо бев породена веќе. На крај си платив со заштеда. Така да, почни си порано процедура.
Овие тука во Скопје ми одобрија минатиот пат ама бевме на неопределено и тоа брзо одобрија за 3-4 дена ама сега нешто имаат услов и да си на неопределено требало 6 месеци да си, а посебно даваат кредит до 200 000 за луѓе што се на определено време. Малце ми е ноу сенс ама ќе отидам до систина таму ваљда се по ажурни.
Здраво . Дали е дозволено присуство на сопругот додека ве подготвуваат, и цел процес додека ве внесат во сала? И дали било дозволено присутво во сала за време на пораѓајот?
4 дена се вклучени во пакетот, ден пред царски е приемот, после 18г, за дс те средат, стокмат, денот на царски се рачуна прв, така ми кажаа