Јас пред 6 месеци кај Котларова. Прекрасно поминав, докторката е феноменална. Задоволна сум и од сестрите и цел персонал. И акушерката ми беше злато. Се на се преубаво искуство имав.
Me interesira mene, doktorkata e kralica toa e jasno. Me interesira celokupnata griza za bebinjata i tvojot prestoj tamu voopsto. Prvo bev za Sistina i ke odev tamu sekako ama posle doznav za doktorkava pa od eden edinstven pregled me osvoi
Јас сум премногу задоволна од болницата, сестрите беа одлични во секој момент доаѓаа кога и да беа повикани и покажуваа се што ги прашувавме, донасаа се што фалеше(секој ден чисти спавачи, нови влошки, чисти крпи, мрежести гаки , подлога одоздола, влечки си имаш). Педијатрите исто љубезни убаво детално се објаснуваа дури и ми запишуваат нешто ако не запомнував, грижата за бебиња беше одлична пресоблечени, наранети, заспани , те оставаат и повеќе да одмараш само последниот ден бебето е повеќе со тебе. Хигиената е секогаш чисто и ако треба нешто да се загисте доаѓаат и хигиеничарките, мене јадењето ми беше многу убаво секој ден си бираш ти што сакаш од мени, вода имаш цело време колку сакаш и сокчиња плус. Ако нешто испуштив прашај пак.
Ќе се надоврзам и ова. Сестрите мене ми беа супер. Јас имав преполни гради, пумпа ништо не ми вадеше па една од сестрите 2 саати со мене седеше и рачно ме молзеше да не фатам мастит, зошто бебка не цицаше убаво. Многу убав третман добив од сите и сум многу задоволна.
Fala na iskustvo. Kazi mi samo sto nosese za tamu, ti trebase nesto ili se imase? Znam vo Sistina osven polnac duri ni cetka za zabi ne sum nosela. Kako e vamu? Citam deka licna higena samo treba... Planiram i nekoj peskir za tusiranje da zemam ili ima? Sepak mi e nekako sube so tugji ama takva sum jas...
Дали на денот на прием после 18 часот се прави нешто, или процедурата започнува следно утро (станува збор за природен пораѓај со провокација)?
Има да обичен и за коса и тело, секако и не треба со секаков додека оздрави раната. Заборавив јас си носев и бикче и чупалица (не дека ги користив).
@0ли ќе те тагнам тебе за Ремедика. Немаше некој бесплатен дерматолошки преглед за породени таму? Или некој скоро породен таму да не има повеќе инфо или да искористил нешто вакво
Така на нивниот сајт пишува, што не и' кажа да си се информира таа на пулт. Дополнителни услуги за идните мајки: Бесплатна консултација со специјалист хирург за естетска и платична хирургија со претходно закажување Бесплатна консултација со специјалист дерматолог со претходно закажување Специјален попуст за Фотона ласерски третман на стрии кај специјалист дерматолог