Секаде даваат само тестери, на клиника ни тоа нема. Секогаш сами за се треба да се снабдиме. Во Ремедика даваат тестери Веледа и толку.
Мила на клиника нема памук за да ми ја извадат инфузијата, а не тестери. Ми бараа влажна марамица за да ја извадат, абе катастрофа. Ама за Систина се изненадив што ете членката кажа дека не фермале, не покажувале ништо.
од уље на веледа од лосион на веледа и од купка на веледа. толку! ама за доење се профи. помагаат настојуваат имаат трпение еден куп. Блек грл и други знам што се жалеле за индиферентноста нивна околу доењето..
@LiliBoz Тоа во пакетот за излегување? А додека беше во болница не ти даваа да мачкаш ланолин на градите?
не. си носев од дома, си имав земено од претходно по совет од другарки. ама сега кога ќе се сетам таа што лежеше со мене во соба побара и и дадоа тестер.. Инаку да, во пакетот за излагање само тоа имаше
санте плус најново гледам и штотуку родени бебиња сликаат и објавуваат. имаат ли некоја етика? и најбитно од се, ја прашуваат ли мајката дали смеат и дали некоја воопшто би се согласила? едит-на никоја не ни е до тестер, прашок и сл. едвај чекаме домче. ама коа веќе лупаш толку пари , спреми нешто та приватна болница си. јас од ремедика добив силан омекнувач , персил течен прашок и пурелан во шприц. некои освен тоа добиле несесер бекутан и мустела тестери
Да јас добив тестери од мустела, подарок од памперс, подарок од фирмата што го произведува био гаиа таблети за лактација и нормално пакување персил сензитив и силан. Сепак побитно е што ако умаш потреба носат чај за лактација(иако ова може да им буде пракса), а за помошта за доење нема потреба да се повторувам, професионални се. Ми покажуваа, ми даваа да се молзам, ми носеа дете сред ноќ. Дома си заминавме со фатено цице и од тогаш ниту еднаш немам дадено ад.
Јас не зборам за подароците за дома што ги даваат, тоа тек ќе видиме, утре си одам. Муабетот ми е додека сум тука, од многу цицање почнаа брадавиците да ме болат и као ми донесоа едно тестерче, што го потрошив за ден ипол и потоа побарав да ми донесат уште еден и тука настана хаосот. Мислам не е во ред, општо не сум задоволна од персоналот, чест на исклучоци кои беа коректни и спремни да помогнат.
Во систина нема чај, има сок од јаболко... Ма боже сачувај, какви силиконски. Не се ни синхронизирани меѓусебе. Еден вика ќе даваш ад, еден вика нема потреба.. еден вика нека цица кога сака, друг нека цица по 10мин од града и после ад. И тоа ова јас што прапувам, никој сам не дојде да каже. Денес пола ден ги барав да ни покажат бањање и вежби за колкови. Тоа е ...
знaчи ништo не се сменилo oд лaни ццц , пoтпoлнo истo и јaс пoминaв имaм пишувaнo пo темaвa жими штo две тестерчињa ми дaдoa нa мене
Јас се решив за Систина, постручни се докторите, имаат повеќе раѓања од Ремедика и некако се специјализирани за таа област.
Па работат доктори уште од Мала богородица пред 16-17 години, кога се занимаваа со гинеколошко акушерска дејност. Мене Боби Лазаревски, Слободан Дракулевски, Митко Ивановски, Гордана Петровска, Павле Димчев ми се имиња што ги поврзувам со гинекологија и акушерство...
Во Ремедика речиси сите доктори беа порано во Чаир. Дел од овие што ги наброја што сега се во Систина - порано беа во ГАК. Имаат повеќе породувања затоа што имаат инкубатори и се подобро опремени во овој поглед. Според мене ова е разликата меѓу двеве болници и воопшто не сметам дека се постручни во Систина.
А сите овие имиња плус останатите што работат на приватно по другите приватни болници, што мислиш од каде почнале? Нивната кариера не започнала со отварањето на приватната болница. Сите се собрани од државниве гинеколошки болници и сите го стекнувале искуството таму.
Не си целосно во право, во Систина има неонатална интензивна што ја нема во Ремедика. А мислам дека секоја родилка треба да мисли и на тоа. Сите сакаме се да е во ред со бебето кога ќе се роди, ама никогаш не се знае. Ова го зборам од искуство, на сопруот сестра му се породи во Ремедика... Како и да е секој има право на свое мислење и избор. Се сложувам, секој има право на мислење и избор, мојот гинеколог не би го менувала и ќе одам кај што ќе оди и тој